Не е вистина дека Фон дер Лајен дошла непоканета на средба со Макрон и Џинпинг

Фото: commission.europa.eu

Трилатералната средба на тројцата светски лидери била испланирана и најавена, а не случајна. Таа претставува продолжување на трилатералната средба којашто Урсула фон дер Лајен, Емануел Макрон и Си Џинпинг ја имаа минатата година во Пекинг. Средбата од страна на Европската комисија беше најавена во неделниот календар на активности на претставници на Комисијата и објавен на 3 мај. Средбата беше најавена и во објава на кинескиот весник South China Morning Post уште на 30 април 

Трилатералната средба на тројцата светски лидери била испланирана и најавена, а не случајна. Таа претставува продолжување на трилатералната средба којашто Урсула фон дер Лајен, Емануел Макрон и Си Џинпинг ја имаа минатата година во Пекинг. Средбата од страна на Европската комисија беше најавена во неделниот календар на активности на претставници на Комисијата и објавен на 3 мај. Средбата беше најавена и во објава на кинескиот весник South China Morning Post уште на 30 април 

 

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук невистинито тврди дека присуството на Урсула фон дер Лајен на средбата помеѓу Емануел Макрон и Kси Џинпинг било непланирано.

Клучна средба во Париз во Елисејската палата:

Емануел Макрон и Кси Џинпинг…

(со непоканет гостин Фон дер Лајен).

Односите меѓу ЕУ и Кина можат да ја променат играта, бидејќи САД се решени да ја гледаат Кина како непријател, пишува во објавата.

Кинескиот претседател Си Џинпинг изминатата недела имаше мини европска турнеја. За првпат после пет години тој дојде на европскиот континент со посети на три земји – Франција, Унгарија и Србија.

Џинпинг пристигна во Франција во неделата на 5 мај, а веќе следниот ден тој во Елисејската палата оствари средба со неговиот француски домаќин, претседател Емануел Макрон и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. По трилатералната средба, Макрон и Си одржаа билатерални разговори. Макрон во вторникот го однесе Си на Пиринеите, планински регион драг на францускиот претседател како родно место на неговата баба по мајка, пред кинескиот претседател да замине во Србија и Унгарија, пријателски земји на Русија.

Она што е невистина во оваа објава, на којашто се споделени и неколку фотографии од средбите, е дека Фон дер Лајен дошла непоканета на средбата.

Вака претставена средбата со нагласок на реченицата дека Фон дер Лајен била непоканета, остава впечаток како средбата да му била наметната на кинескиот лидер и дека тој бил  изненаден од нејзиното присуство што не е вистина. Но, тоа не е така, станува збор за трилатерална средба помеѓу тројцата челници којашто била планирана и предвидена.

Средбата од страна на Европската комисија беше најавена во неделниот календар на активности на претставници на Комисијата објавен на 3 мај.

Претседателката Урсула фон дер Лајен ќе учествува на трилатерална средба со г-дин Емануел Макрон, претседател на Франција и г-дин Си Џинпинг, претседател на Народна Република Кина, пишува во календарот.

Оваа средба беше најавена и од Кинеска глобална телевизиска мрежа (CGTV) која е државен медиум.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во понеделник ќе одржат трилатерална средба во Елисејската палата во Париз.

Средбата беше најавена и во објава на кинескиот весник South China Morning Post уште на 30 април односно цела недела пред да се одржи средбата.

На 3 мај, три дена пред средбата, EUNews објави текст со најава на трилатералната средба, којашто е претставена како продолжение на трилатералната средба што тројцата лидери ја имаа на 6 април минатата година во Пекинг, Кина.

Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник (6 мај) во Париз заедно со првиот човек на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, ќе биде домаќин на претседателот на Кина, Си Џинпинг, во продолжеток на трилатералните разговори одржани во Пекинг во април минатата година. Уште еднаш, кинескиот лидер ќе се обиде да ги искористи разликите меѓу 27-те земји-членки во однос на нивниот пристап кон Пекинг – особено Франција и Германија – за да ги поттикне нивните национални интереси, почнувајќи од двете најрелевантни прашања на масата во Елисејската палата: Руската војна во Украина и истрагата на ЕУ за државните субвенции за електрични возила.

Оваа трилатерална средба на тројцата светски лидери била испланирана и најавена, а не случајна. Не е вистина дека претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајен не била поканета. Затоа објавата ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција