Не е вистина дека хиџама е единствен лек за тромбоза и дека пациентите треба да одбиваат апчиња и да пијат сода бикарбона

Не е точно дека единствениот лек за тромбоза е хиџамата. Националната алијанса против згрутчување на крвта на САД на својата веб страница за тромбоза наведува неколку лекови, но сепак, водството од лекар и неговата проценка, прегледите, медицинската историја и состојбата на пациентот се елементи кои треба да се земаат предвид при индивидуалното лекување во медицината. Да се тврди дека хиџамата е една единствена и ексклузивна терапија против тромбоза и да им се кажува на пациентите да одбиваат апчиња претставува потенцијално загрозување на нивното здравје

Не е точно дека единствениот лек за тромбоза е хиџамата. Националната алијанса против згрутчување на крвта на САД на својата веб страница за тромбоза наведува неколку лекови, но сепак, водството од лекар и неговата проценка, прегледите, медицинската историја и состојбата на пациентот се елементи кои треба да се земаат предвид при индивидуалното лекување во медицината. Да се тврди дека хиџамата е една единствена и ексклузивна терапија против тромбоза и да им се кажува на пациентите да одбиваат апчиња претставува потенцијално загрозување на нивното здравје

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук каде е прикажана фотографија од стапало за кое се тврди дека е афектирано од надворешна тромбоза по примени две дози вакцина.

Хиџама е единствениот лек за оваа состојба. Одбивајте ги сите апчиња. Пијте ракија за тромбозата или сода бикарбона. Уште еден спасен од ампутација, се вели во постот.

Што е хиџама?

Хиџамата претставува холистички третман кој потекнува од антички Египет, во кој се прават пунктури во кожата и со чашки се извлекува крв и така се третираат бројни состојби меѓу кои мигрени и треска. Како што објавува Би Би Си, во светот има бројни нелиценцирани практичари на хиџамата, односно поради недостаток на законска регулатива, секој може да се претставува како да е лиценцирано медицинско лице за спроведување на оваа терапија. На ваков начин во ризик се доведуваат голем број луѓе кои ќе прифатат да бидат дел од оваа терапија.

Таква е ситуацијата и во постот што го рецензираме. Авторот на постот дава медицински совети кои не се докажани и не би требало да се прифаќаат со оглед на тоа што не доаѓаат од медицински лица.

Прво, во постот што го рецензираме се тврди дека човекот чие стапало е претставено на фотографијата, тромбозата ја добило поради вакцинација со две дози против ковид-19. За ова тврдење нема докази и истото претставува манипулација. Тромбозата може да се појави кај пациенти и поради коморбидитети, како на пример дијабетес. Не е познато кој е пациентот на фотографијата, па така не е позната ниту неговата медицинска историја и дали претходно боледувал од некоја придружна болест која се искомплицирала. Всушност, нема ниту доказ дека лицето е воопшто вакцинирано. Дури и да станува збор за вакцинирано лице, сепак, да се тврди дека вакцината предизвикува тромбоза, и тоа паушално со фотографија од непознато лице, за кое не е познат медицинскиот историјат, не влева доверба и не говори за проверена информација.

Исто така, не е точно дека единствениот лек за тромбоза е хиџамата. Националната алијанса против згрутчување на крвта на САД на својата веб страница за тромбоза наведува неколку лекови, но сепак, водството од лекар и неговата проценка, прегледите, медицинската историја и состојбата на пациентот се елементи кои треба да се земаат предвид при индивидуалното лекување во медицината. Да се тврди дека хиџамата е една единствена и ексклузивна терапија против тромбоза и да им се кажува на пациентите да одбиваат апчиња претставува потенцијално загрозување на нивното здравје.

Тромбозата е медицински термин за невообичаен тромб во артерија или во вена. Способноста на телото да формира тромбови е негова природна одбрана против крварење.

Хепаринот е силен, антикоагулант кој во болница се дава интравенцски или поткожно. Друг третман наведен од Националната алијанса против згрутчување на крвта на САД, е ниско молекуларен хепарин, сличен на коагулантот, но полесен за користење. На веб страницата на Националната алијанса се наведени и видовите на медикаменти со нивните брендирани имиња. Потоа, се споменува уште една терапија против венска тромбоза, варфарин, кое претставува антикоагулантно апче.

Пен Стејт Универзитетот од Пенсилванија наведува неколку начини на кои се третира тромбозата. 

Наспроти изнесеното во постот кој го рецензираме сода бикарбоната не е признаен метод за лекување тромбоза. Опасно е да се сугерира бегство од конвенционалната медицина, особено кога станува збор за сериозни медицински состојби.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека хиџамата е единствениот третман за тромбоза и дека пациентите со тромбоза треба да ги напуштат конвенционалните лекувања со доктор и да пијат ракија. Исто така, нема докази дека лицето кое што е на фотографијата се спасило од ампутација, дотолку повеќе што на прикажаната фотографија има стапало кое што е сериозно зафатено од тромбоза.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција