Не е вистина дека Ковид 19 е начин за намалување на светската популација

Тврдењата дека ковид 19 има за цел да ја намали светската популација и дека масовната вакцинација е обид да се контролира светската популација, продолжуваат да продолжуваат да се шират на социјалните мрежи и во медиумите. Научните факти покажуваат една сосема поинаква реалност, а тоа е дека единствената цел на вакцинацијата е имунизацијата на населението, пишува Порталб.
Драматична фотографија, сензационален наслов и скандалозна содржина се елементите на текстот што го рецензираме. Текстот, откако беше објавен на неколку портали на албански јазик, беше споделен и на социјалните мрежи. Многу кратко време по споделувањето на „Фејсбук“ страница со над 100 илјади следбеници Лајме Диторе Шќип, постот доби над 120 допаѓања и е споделен 47 пати.
Содржината на текстот е базирана на коментарите на Алфред Чако кој тврди дека на вакцинираните им остануваат најмногу уште 7 години живот. Во текстот во продолжение се тврди дека ковид е начин за намалување на светската популација и дека тоа ќе се постигне преку вакцинацијата.
„Човештвото ќе биде ставено под контрола од дигиталната диктатура преку вакцините кои се полни со различни метали кои произведуваат електромагнетизам, како графен оксид“, се вели меѓу другото во содржината што ја рецензираме.
Вакцинацијата нема да го претвори вашето тело во магнет затоа што вакцините не содржат метали
Всушност, ова беше прилично честа тема на конспирациските теории. На социјалните мрежи се споделени десетици видеа во кои се тврди дека има метални супстанции во вакцината. Се лепат метални предмети на рамото на наводно вакцинирани луѓе (лажица, железна паричка, итн.) Ова е најпопуларната форма за манипулација дека вакцините наводно имаат магнетни својства.
Лекарите неколку пати изјавија дека во ниту една од вакцините нема состојки што предизвикуваат лепење на металните предмети на рамото, односно вакцините немаат магнетизирачко дејство. Вистиномер честопати се занимава со овие лаги и нивното разобличување.
Во консултации со експерти на тема магнетизација на телото од вакцинацијата доста е пишувано и во американските медиуми. Проверувачите на факти на Ју Ес Еј Тудеј теоријата за магнетизирачкиот ефект на вакцините ја нарекува чисто лудило.
“Тврдењето дека вакцините против Ковид можат да предизвикаат магнетна реакција е неосновано и лудо. Вакцините не го магнетизираат вашето рамо. Ова укажува дека лицето користи нешто друго за да го прикачи магнетот на рамото, веројатно потта од раката или нешто слично”, рече вирусологот Ангела Размусен, од Универзитетот во Џорџтаун, за едно слично видео кое беше објавено во САД.
Центарот за контрола и превенција на болестите во САД нагласува дека не е точно дека вакцинацијата ќе ве претвори во магнети, а тоа нема да се случи ниту со местото на вакцинација односно раката.
Вакцините против ковид не содржат состојки што можат да создадат електромагнетно поле на местото на ињектирањето.
На листата на состојки на вакцината против ковид нема графен оксид. Целосниот состав и сите состојки на вакцините се достапни на официјалната веб -страна за вакцинација во Северна Македонија.
Астра Зенека: Вид на вакцина: аденовирус како вектор кој носи гени за Ц протеинот на Сарс-Ков 2
Фајзер/Бионтек: мРНА вакцина која дава инструкции на организмот за создавање на протеин карактеристичен за вирусот САРС-Ков2
Синофарм/Синовак: Неактивиран вирус Сарс-Ков 2
Спутник В Вид на вакцина: аденовирус како вектор кој носи гени за Ц протеинот на Сарс-Ков 2
Повеќе информации за вакцините кои се аплицираат во Северна Македонија може да најдете на следниот линк.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција