Не е вистина дека ковид е отров и дека се лекува со „атропин“

Болеста ковид-19 е предизвикана од вирус, таа е реална и постои, а за тоа говорат бројките за заболени и починати во изминативе две и пол години од пандемијата. Не постојат никакви запрашувања со отрови и надвор од секаков здрав разум е да се тврди дека ковид е отров со кој нè прскаат од авиони! „Атропинот“, пак, воопшто не е лек за ковид и ваквите неосновани тврдења можат да бидат опасни по здравјето на луѓето

Болеста ковид-19 е предизвикана од вирус, таа е реална и постои, а за тоа говорат бројките за заболени и починати во изминативе две и пол години од пандемијата. Не постојат никакви запрашувања со отрови и надвор од секаков здрав разум е да се тврди дека ковид е отров со кој нè прскаат од авиони! „Атропинот“, пак, воопшто не е лек за ковид и ваквите неосновани тврдења можат да бидат опасни по здравјето на луѓето

 

 

Пост на Фејсбук тврди дека лекот „атропин“ бил ефективен во лекување на ковид-19, кој всушност не бил вирус, туку отров кој се рапрскувал со авиони. Ваквите тврдења се неточни и неосновани.

Сите заболени од корона од првиот бран (хемтрејсот) кој го користеа лекот АТРОПИН лесно ја пеележаа болеста . Од проста причина што АТРОПИНОТ го користат сите армии за заштита од борци отрови, стои во објавата која ја анализираме.

Првата лага во постот е дека ковид-19 не е вирус, туку отров кој се распрскува со авиони (кемтрејлс). „Вистиномер“ досега во неколку наврати има пишувано за теоријата на заговор за кемтрејлс.

Во врска со оваа тема „Форбс“ објави студија, според која панел од 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и со цел да се влијае на атмосферата.

Оваа теорија на заговор е актуелна од појавата на интернетот. Уште може да пронајдете бројни интернет страници, кои го промовираат овој вид на псевдонаука. Нашето истражување покажа дека научната заедница не се согласува со тврдењата оти владата, армијата, авиокомпаниите и други субјекти се здружиле во широка мисија да ја отрујат планетата со прскање преку авиони, вели Стивен Дејвис, професор и научник од универзитетот Ирвин во Калифорнија.

Ковид-19 постои и е реален.Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран. Самата Светска здравствена организација (СЗО) потврдува дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година.

Ковид-19 или SARS- CoV-2, претставува дефиниран вирус. Tој според својата геномска структура припаѓа на родот бета-корона вируси. Сите хумани бета-корона вируси (SARS-CoV-2, SARS-CoV, и MERS-CoV) имаат слични карактеристики, но имаат разлики во нивната геномска и фенотипска структура, што ја менува патогенезата, односно симптомите и знаците на заболувањето, како и неговата сериозност.
Постојат повеќе извори и научни студии кои докажуваат дека вирусот SARS-CoV-2 e изолиран, но исто така е направено и комплетно секвенционирање на геномот на вирусот. Тоа значи дека комплетниот генетски материјал на вирусот причинител на ова заболување е изолиран од назофаринксот на пациент и е докажано неговото постоење, како и неговиот уникатен генетски материјал кој тој го содржи.

Втората дезинформација изнесена во постот е дека лекот „атропин“ е ефикасен во лекување на ковид-19. За ваквото тврдење на постојат никакви докази, а овој лек не е одобрен за лекување на коронавирусот. Атропинот е лек кој се користи за третман на труење со одредени видови на нервни агенси и пестициди, како и за одредени типови на брадикардија и за намалување на секрецијата на плунка за време на хируршки операции. Вообичаено се администрира интравенски или интрамускулно.

Третманите и лекарставата кои досега се одобрени за борба против коронавирусот, може да се видат на официјалната веб-страница на Американската агенција за храна и лекови (ФДА), а меѓу нив никаде не е спомнат атропинот.

Лекарствата кои досега се употребуваа за третирање на ковид-19 во Македонија, можете да ги погледнете тука. И кај нас досега не се употребувал атропин.

Од сето ова можеме да заклучиме дека болеста ковид-19 е предизвикана од вирус, таа е реална и постои, а за тоа говорат бројките за заболени и починати во изминативе две и пол години од пандемијата. Не постојат никакви запрашувања со отрови и надвор од секаков здрав разум е да се тврди дека ковид е отров со кој нè прскаат од авиони! „Атропинот“, пак, воопшто не е лек за ковид и ваквите неосновани тврдења можат да бидат опасни по здравјето на луѓето.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција