Не е вистина дека крводарителите во Србија мора да бидат невакцинирани против корона
Ниту здравствените власти, ниту српскиот претседател Александар Вучиќ барале крводарителите кои сакаат да даруваат крв за настраданите во белградскиот масакр да бидат лица невакцинирани против ковид-19, како што невистинито се тврди во постот. Но, не постои такво правило за дарување крв поврзано со вакцина против ковид-19. И оние кои ја примиле вакцината против коронавирусот и оние кои не го направиле тоа, подеднакво можат да даруваат крв – доколку се здрави и ги исполнуваат сите други неопходни критериуми. И од Институтот за трансфузија на крв во Србија демантираа дека е неопходно крводарителите да бидат невакцинирани
Ниту здравствените власти, ниту српскиот претседател Александар Вучиќ барале крводарителите кои сакаат да даруваат крв за настраданите во белградскиот масакр да бидат лица невакцинирани против ковид-19, како што невистинито се тврди во постот. Но, не постои такво правило за дарување крв поврзано со вакцина против ковид-19. И оние кои ја примиле вакцината против коронавирусот и оние кои не го направиле тоа, подеднакво можат да даруваат крв – доколку се здрави и ги исполнуваат сите други неопходни критериуми. И од Институтот за трансфузија на крв во Србија демантираа дека е неопходно крводарителите да бидат невакцинирани
Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека по масакрот во Белград се бара од граѓаните да донираат крв, но крвта да биде од лица кои не се вакцинирале против ковид-19. Ова е неточна информација, а здравствените институции во Србија ги демантираат ваквите невистини.
Прашање што ме мачи за добро утро како една од невакцинираните! ЗОШТО ВУЧИЧ БАРА ДАРИТЕЛИ НА КРВ ЗА РАНЕТИТЕ ДЕЦА СО НАГЛАСОК ДА СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ…..! ЗОООШТООО… ЧЕКАЈ МАЛЦЕ ПА НЕЛИ НИЕ БЕВМЕ ЦРНИТЕ ОВЦИ ТОЈ ПЕРИОД ВО ОПШТЕСТВОТО А СЕГА ЗЛАТО ВРЕДИМЕ!? ШТО ЛИ СЕ КРИЕ ВО ПОЗАДИНА ЗАД СЕТО ОВА М?!…, пишува во објавата, во којашто иако не е прецизно наведено, сепак е јасно дека се мисли на ковид вакцините.
Во повеќе наврати на социјалната мрежа Фејсбук се споделуваа апели со коишто се бараше граѓани од Србија да донираат крв за децата кои беа повредени, кога ученикот од седмо одделение К. К. (13) во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград уби осуммина свои другари, како и училишниот чувар, а рани уште шест ученици и наставничката по историја.
Но, на дел од апелите коишто беа споделувани на социјалните мрежи, пишуваше дека оние кои донираат крв треба да бидат невакцинирани. Ама ова не е точно, ниту здравствените власти, ниту српскиот претседател Александар Вучиќ барал крвта да биде од невакцинирани лица, како што невистинито се тврди во објавата што е предмет на оваа рецензија.
Не постои такво правило за крводарителство коешто е поврзано со вакцина против ковид-19. И оние кои ја примиле вакцината против коронавирусот и оние кои не го направиле тоа, подеднакво можат да даруваат крв – доколку се здрави и ги исполнуваат сите други неопходни критериуми.
И од Институтот за трансфузија на крв во Србија демантираа дека крводарителите неопходно е да бидат невакцинирани.
Изјавите дека е неопходно да се биде невакциниран против корона се неточни. Единствено важно е да се биде здрав. Дури и ако некој има блага настинка, треба да почека неколку дена, изјавија за српскиот медиум Н1 од Институтот за трансфузија на крв.
Наведените причини за одложување на доброволното дарување крв се:
- низок хемоглобин – седум дена
- хипотензија (вредности на крвниот притисок пониски од 100/60 mmHg) – до нормализирање
- бенигна хипертензија (вредности на крвниот притисок повеќе од 180/100 mmHg) – до нормализирање
- респираторна инфекција – во траење од 14 дена
- пневмонија – трае 90 дена
- акутно воспаление на жолчното кесе – трае 30 дена
- заразна жолтица тип А – во траење од 365 дена
- тиреотоксикоза – во траење од 180 дена
- акутно воспаление на бубрезите – во траење од 1800 дена
- уринарна инфекција – трае 21 ден
- менструација – за времетраење
- абортус – 180 дена
- породување – во траење од 180 дена
- акутен алкохолизам – трае еден ден
- остеомиелитис – трае 730 дена
- акутна алергија – трае 15 дена
- херпес симплекс – трае 14 дена
- помали заразни болести (настинки и сл.) – во траење од седум дена
- температура повисока од 38ºC, болести слични на грип – во траење од 21 ден
- трансфузија на крв или крвни компоненти – 180 дена
- амбулантски хируршки интервенции – во траење од седум дена
- големи хируршки интервенции – во траење од 180 дена
- вадење заб и помали стоматолошки интервенции – во траење од седум дена
- акупунктура – трае 180 дена
- тетовирање и пирсинг – 180 дена
- да зема лекови кои не дозволуваат дарување крв
- вакцини со живи атенуирани микроорганизми (MSG, рубеола, мали сипаници, заушки, полиомиелитис, орална, жолта треска, тифус, колера) – во траење од 28 дена
- вакцини против беснило – 365 дена
- вакцини против хепатитис тип А и Б дадени како резултат на изложеност на вируси – во траење од 180 дена
Институтот за трансфузија на крв на Србија на својот Инстаграм профил објави и известување во кое дополнително ја потврдува оваа информација и наведува дека во моментов има доволно крв за сите повредени.
Крв може да донираат сите здрави, возрасни лица од 18 до 65 години, кои ги исполнуваат неопходните здравствени критериуми, без оглед дали ја примиле вакцината против ковид или не, велат од Институтот за трансфузија.
Според горенаведените факти заклучуваме дека тврдењето дека крводарителите кои сакаат да даруваат крв за настраданите во белградскиот масакр мора да бидат невакцинирани, е неточно.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар