Не е вистина дека масло за јадење во Индонезија ќе добијат само вакцинираните

Џакарта, Индонезија Фото: en.wikipedia.org/

Маслото за јадење може да го купат и невакцинираните и вакцинираните во Индонезија, а апликацијата за следење на ковид статусот (не на вакциналниот статус) ќе се користи во оваа држава зашто во неа го има името на секој човек. Владата на Индонезија забранува да се купува повеќе од 12 литри масло за јадење во денот по човек

 

Маслото за јадење може да го купат и невакцинираните и вакцинираните во Индонезија, а апликацијата за следење на ковид статусот (не на вакциналниот статус) ќе се користи во оваа држава зашто во неа го има името на секој човек. Владата на Индонезија забранува да се купува повеќе од 12 литри масло за јадење во денот по човек

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека владата во Индонезија ќе продава масло за готвење со користење на дигитален пасош.

Додека ние се расправаме за маски, вакцини, полови, абортус и што уште не, сето тоа е за да го одземат нашето внимание додека глобалистите ја спроведуваат својата агенда, дигитален пасош. Владата во Индонезија сега ќе продава зејтин за готвење користејќи дигитален пасош. Значи ако си вакциниран, ќе добиеш зејтин. Зарем не гледаме како полека стануваме затвореници?, се вели во постот.

Не е точно тоа што се тврди во постот, дека само вакцинираните во Индонезија ќе може да купат масло за јадење. Како што е споделено во текстот на Блумберг, со скенирање на кју ар кодот на ПедулиЛиндунги, апликацијата за следење на ковид статусот на луѓето во Индонезија, ќе се верификуваат и личните документи (единствениот идентификациски број на секој човек) по што апликацијата ќе покаже дали секој човек има зелено светло (што значи дека може да купи масло за готвење) или има црвено светло (веќе купил масло и ја достигнал дозволената количина – 12 литри на ден по човек и не може да купува повеќе).

Вакцинацијата не е услов во Индонезија да се купи масло за јадење, туку условот е количината. Најголемиот производител на палмино масло во светот, Индонезија, ќе прави обид порамномерно да го дистрибуира маслото за да ги исконтролира домашните цени и да се спречи извоз на маслата за јадење. Претседателот Јоко Видодо во април забрани извоз на сите масла за јадење поради недостиг, а подоцна ја промени одлуката.

Освен тоа што вакцинацијата не е услов во Индонезија да се купи масло за јадење, исто така и самата апликација ПедулиЛиндунги којашто се користи во оваа земја, покажува дека во неа има опции и за вакцинираните и за невакцинираните. Како што може да се види од самата страница каде се објаснува начинот на користење на оваа апликација, во неа има повеќе опции.

Потпирајќи се на податоците коишто корисникот ќе ги сподели за својата локација, оваа мобилна апликација покажува информација со посебна боја, за ковид статусот на корисникот. Црна боја значи инфициран, црвена значи невакциниран, жолта значи вакциниран со прва доза и зелената боја симболизира целосно вакцинирано лице. Боите, исто така, помагаат корисникот да знае која боја односно ковид статус доминира во регионот на неговата локација.

ПедулиЛиндунги мобилната апликација може да ги зачува во себе и вакциналниот сертификат и тестот за ковид-19, но и не мора. Корисниците што ќе ја симнат апликацијата на нивните мобилни телефони ќе мора да ги комплетираат следните чекори:

  1. Да ја отворат апликацијата и да дадат дозвола да се видат нивната локација и камера.
  2. Да креираат сметка со нивното целосно име, телефонски број, имејл адреса и ај ди број.
  3. Пасворд за една употреба ќе им биде испратен по СМС на регистрираниот телефонски број, и него треба да го користат за да се регистрираат.

Откако ќе ги комплетираат овие чекори, апликацијата може да ја користат и вакцинираните и невакцинираните. Како што пишува „Џакарта Пост“, владата на Индонезија, ќе ја стави во функција односно употреба апликацијата ПедулиЛиндунги, за купување на масло за готвење на големо, со цел да ја мониторира дистрибуцијата на оваа состојка (маслото за готвење) по цена од 0,94 долари за литар. Апликацијата ќе се користи за да се лимитираат купувањата на големо до 10 килограми, или 12 литри на ден по човек. Дека еден човек купил само 12 литри во денот, а не повеќе, ќе се верификува со единствениот број на купувачот регистриран во апликацијата (НИК број).

Дури и тие конзументи што ја немаат апликацијата може да купуваат од маслото со покажување на електронска идентитетска карта во која ќе биде презентиран нивниот НИК број.

Значи, вакцинацијата не е услов за купување на масло во Индонезија, а НИК бројот не е поврзан со вакциналниот или ковид статусот, туку со личните податоци за секој корисник односно неговото име, презиме, локација.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека само ако си вакциниран ќе добиеш зејтин во Индонезија. Маслото за јадење може да го купат и невакцинираните и вакцинираните, но апликацијата за следење на ковид статусот (не на вакциналниот статус туку на ковид статусот) ќе се користи во Индонезија зашто во неа го има името на секој човек, бидејќи владата на Индонезија забранува да купува повеќе од 12 литри масло за јадење во текот на еден ден.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција