Не е вистина дека нема болни од Ковид-19

Објава на Фејсбук шири невистини дека нема заболени од коронавирус. Заклучно со 1 октомври 2020 година, има вкупно 18.138 заболени лица од Ковид-19 во земјава. Од нив, според официјалните статистики, кои ги објавува Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, со смртен исход завршиле 743 случаи

 

Објава на Фејсбук шири невистини дека нема заболени од коронавирус. Заклучно со 1 октомври 2020 година, има вкупно 18.138 заболени лица од Ковид-19 во земјава. Од нив, според официјалните статистики, кои ги објавува Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, со смртен исход завршиле 743 случаи. 

 

Во вирален пост на Фејсбук споделен над 30 пати само од еден корисник, објавено е невистинито тврдење дека нема болни од Ковид-19. Тонот на објавата е бунтовнички, односно воведувањето на заштитините мерки од страна на Владата се изедначува со тиранија и ропство, а спротиставувањето и непочитувањето на мерките е поистоветено со слобода и здраворазумност.
Освен тоа, во објавата се охрабруваат граѓаните да не се информираат од медиумите, да го исклучат телевизорот, и покрај тоа што медиумските објави кои се однесуваат на пандемијата се во согласност со државната стратегија за справување со кризата и прилично се темелат на официјални информации добиени од здравствените власти.
Имало бројки. Да, бројки има, но болни нема. Исклучи медиуми, вклучи мозок
Заклучно со 1 октомври 2020 година, има вкупно 18.138 заболени лица од Ковид-19 во земјава. Од нив, според официјалните статистики кои ги објавува Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, со смртен исход завршиле 743 случаи. Во државата активни се 2.327 случаи.

Во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 75…

Posted by Венко Филипче on Thursday, 1 October 2020

Меѓу починатите од почетокот на пандемијата и во земјава и во светот имаше и јавни личности, а дел од пациентите кои ја прележаа болеста јавно говореа за своите искуства со тешките симптоми, начинот на лекување, терапиите, хоспитализацијата и сериозноста на болеста Ковид-19, апелирајќи граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.
Теоријата на заговор што се пласира во овој пост е навреда за семејствата на заразените и починатите од вирусот.
Споделената објава во пресрет на есенскиот бран, кога експертите очекуваат зголемување на бројот на заразени, е опасна, зашто носењето маска, заедно со физичката раздалеченост од 2 метри и почитувањето на протоколите за одвивање на работата во компаниите и во сите сегменти од општествениот живот, се главниот адут на кој се надеваат здравствените власти.
Како што објави Мајо клиниката од САД, една од најпознатите светски клинички и истражувачки медицински институции, носењето маска го намалува ширењето на коронавирусот во комбинација со другите превентивни мерки како често миење на рацете и социјалната дистанца.
Во спорниот пост е наведена уште една дезинформација, а тоа е дека носењето маска ,,ве гуши” и тоа е доведено во корелација со религиозни доктрини, дека Господ ни го дал воздухот.
Медицинската наука има докажано дека употребата на заштитна маска не го намалува нивото на кислород во организмот, а со тоа ни во клетките. Сите највидни медицински институции во светот го поткрепуваат ваквото мислење, а сведоци сме и на медицински експерименти, чии екстензивни мерења не наоѓаат штетни последици од носењето заштитна маска. Поради тоа што молекулите на кислородот се толку мали, тие можат да продрат непречено низ било која маска. Емпириски доказ за ова се и хирурзите кои со години носат заштитни маски во болниците со часови секој ден и немаат последици од тоа.

Истиот став го има и Светската здравствена организација.

Долготрајното носење медицинска маска не предизвикува интоксикација со јаглерод диоксид, ниту, пак, дефицит на кислород, велат оттаму.

Сумирано, дезинформација е дака нема болни од Ковид-19 и дека маските ги гушат оние коишто ги носат.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција