Не е вистина дека Oпштина Велес потплатува поединци со по 100 евра за да молчат за последици од вакцина

Од почетокот на пандемијата на ковид-19, на социјалните мрежи беа пласирани повеќе обвинувања за наводно потплаќање од страна на Светската здравствена организација за да се „запише дека некој починал од ковид-19“, но сите тие приказни немаат поткрепа во реалноста, туку претставуваат теорија на заговор. Вистиномер уште од почетокот на пандемијата се бори со демистифицирање на таквите измислици

Од почетокот на пандемијата на ковид-19, на социјалните мрежи беа пласирани повеќе обвинувања за наводно потплаќање од страна на Светската здравствена организација за да се „запише дека некој починал од ковид-19“, но сите тие приказни немаат поткрепа во реалноста, туку претставуваат теорија на заговор. Вистиномер уште од почетокот на пандемијата се бори со демистифицирање на таквите измислици

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека „во Велес, на човек после втората вакцина што ја примил, му отекла главата и добил рак на белите дробови“ и дека „општината ќе му плати 100 евра за да молчи“.

Вистиномер се обрати до сите релевантни медицински институции кои што би имале информации за евентуален ваков случај, како и во општинската администрација на Велес за да ги провери овие наводи и дојде до заклучок дека постот е дезинформација.

Од Општина Велес, односно од Кабинетот на градоначалникот на Општина Велес, за Вистиномер изјавија дека тврдењата за наводно исплаќање 100 евра од страна на Општина Велес за молчење за последици од вакцини е целосно невистинито.

Дополнително, Општина Велес не е одговорна за процесот на вакцинација, набавка, дистрибуција и имплементација, ниту за последиците од истата, а ниту, пак, била кога се исплатени средства по ваков основ. Оттука, целосно ги отфрламе тврдењата наведени во посочениот Фејсбук пост, изјавија оттаму за Вистиномер.

Доктор Дејан Докиќ, директор на Универзитетската Клиника за пулмологија и алергологија, исто така, беше контактиран од нашата редакција, со оглед на тоа што на оваа Клиника се дијагностицираат пациентите со рак на бели дробови, а во постот кој го рецензираме се вели дека пациент наводно добил рак на бели дробови после вакцината.

Ниту еден пациент од почетокот на вакцинацијата до денеска, не ми кажал дека добил канцер на бели дробови после вакцината, ни рече доктор Докиќ.

Директорот на Општата Болница Велес (градот на кој се однесува постот кој го рецензираме), доктор Божидар Бојаџиев, за Вистиномер рече дека иако е директор за целото времетраење на пандемијата со ковид-19, ниту еден пациент во оваа болница не бил хоспитализиран со симптомите кои што се наведени во постот, а да се пожалил дека му се од вакцината.

Од почетокот на пандемијата на ковид-19, на социјалните мрежи беа пласирани повеќе обвинувања за наводно потплаќање од страна на Светската здравствена организација за да се „запише дека некој починал од ковид-19“, но сите тие приказни немаат поткрепа во реалноста, туку претставуваат теорија на заговор. Вистиномер уште од почетокот на пандемијата се бори со демистифицирање на таквите измислици.

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче во интервју за Слободен печат запрашан дали Светската здравствена организација ѝ дава на С. Македонија пари според тоа колку починати пациенти од ковид-19 има, одговори негативно, односно дека смртноста не претставува критериум за доделување на финансиска помош. Сега, после година и пол од почетокот на вакцинацијата, се продолжува со истиот наратив, ама овојпат во контекст на последици од вакцините и дека граѓани биле потплатени за да молчат што, исто така, не е вистина. Сите несакани реакции од вакцините се прјавуваат во Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, но тие не отстапуваат од регуларните наведени во упатствата за користење на вакцините против ковид-19.

Поради сите горенаведени факти постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција