Не е вистина дека политичкиот консултант Џон Подеста е егзекутиран

Џон Дејвид Подеста Џуниор, е роден на 8 јануари 1949 година и наспроти тврдењето во постот што го рецензираме дека бил убиен, тој е жив. Теоријата на заговор околу тоа дека Подеста наводно учествувал во трговија со луѓе и трговија со деца за сексуални услуги, потекнува од 2016 година и е позната под името Пица Гејт. Станува збор за теорија на заговор која стана вирална во текот на 2016 година, за време на претседателските избори. Овие обвинувања сè уште опстојуваат, иако беа демантирани дури и од полицијата во Вашингтон

Џон Дејвид Подеста Џуниор, е роден на 8 јануари 1949 година и наспроти тврдењето во постот што го рецензираме дека бил убиен, тој е жив. Теоријата на заговор околу тоа дека Подеста наводно учествувал во трговија со луѓе и трговија со деца за сексуални услуги, потекнува од 2016 година и е позната под името Пица Гејт. Станува збор за теорија на заговор која стана вирална во текот на 2016 година, за време на претседателските избори. Овие обвинувања сè уште опстојуваат, иако беа демантирани дури и од полицијата во Вашингтон

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој е споделена фотографија од американскиот политички консултант Џон Подеста и видео клип од популарната песна ‘Somebody that I used to know’ од Готје, во кој се вели:

2020. Џон Подеста. Пред да убие дете, го бои шарено. Поранешен шеф на персонал во Белата Куќа. Оваа песна е по тој повод. Егзекутиран во ГТМО.

Кои се фактите за Џон Подеста?

Џон Дејвид Подеста Џуниор, е роден на 8 јануари 1949 година и наспроти тврдењето во постот што го рецензираме дека бил убиен, тој е жив. Подеста е американски политички консултант кој служел во Белата Куќа како шеф на персоналот на претседателот Бил Клинтон од 1998 до 2001 година, а бил и советник на претседателот Барак Обама од 2014 до 2015 година. Претходно, работел во администрацијата на Клинтон во Белата Куќа од 1993 до 1995 година како и од 1997 до 1998 година.

Тој е поранешен претседател, а сега советник во Центарот за американски прогрес, тинк-тенк организација во Вашингтон, како и професор по право на Џорџтаун Универзитетот. Подеста беше претседател на претседателската кампања на Хилари Клинтон во 2016 година. Дополнително, бил и копретседател на проектот Обама Бајден Транзициски проект. Неговата богата политичка кариера е децениска и повеќе за неа може да се види на следниот линк.

Теоријата на заговор околу тоа дека Подеста наводно учествувал во трговија со луѓе и трговија со деца за сексуални услуги, потекнува од 2016 година и е позната под името Пица Гејт. Станува збор за теорија на заговор која што стана вирална во текот на 2016 година, за време на изборите. Овие обвинувања сè уште опстојуваат, иако беа демантирани дури и од полицијата во Вашингтон. Во март 2016 година, личната и-мејл адреса на Џон Подеста, тогашен претседател на кампањата на Хилари Клинтон, беше хакирана со фишинг напад. Викиликс потоа ги објави неговите лични мејлови, во ноември 2016 година. Поддржувачите на Пицагејт теоријата на заговор веруваат во тврдењата дека во овие мејлови, имало кодирани пораки кои докажувале поврзаност на неколку високорангирани службеници од Демократската партија и американски ресторани, за наводна трговија со деца за сексуални услуги и трговија со луѓе. Еден таков ресторан наводно поврзан со фабрикуваниот наратив беше Комет Пинг Понг ресторанот во Вашингтон. Теоријата на заговор се прошири брзо и резултираше со тоа човек од Северна Каролина да отиде во ресторанот Комет Пинг Понг за да ја „истражи конспирацијата” и испука куршум додека беше внатре за да ја отвори бравата за време на неговата „истрага”. Сопственикот на ресторанот и персоналот исто така добивале закани по живот од страна на теоретичарите на заговор.

На 7 октомври 2016, Викиликс почна да објавува илјадници мејлови наводно добиени од приватната џимејл сметка на Подеста. Експерти тврдеа дека руска хакерска група наречена Фенси Беар е одговорна за нападот со фишинг. Подеста тогаш изјави дека руски тајни служби во обид да влијаат на претседателските избори во полза на Доналд Трамп стојат зад неговиот хакиран мејл.

Целата теорија на заговор се состои во лажното тврдење, дека Подеста секогаш кога во своите мејлови во комуникацијата го користел зборот „пица” тоа било код за педофилија и дека ресторанот Комет Пинг Понг имал тајни соби каде Клинтон и нејзини блиски, киднапирале и затворале деца за да бидат наводно сексуално злоставувани, мачени или жртвувани за сатаната. Иако со години Пицагејт е добро познат збор, нема ниту еден доказ за да ја поткрепи теоријата дека Педеста учествувал во таков скандал.

Освен тоа, не е вистина дека песната која е споделена во состав на постот што го рецензираме има било каква врска со Џон Подеста или било каква теорија на заговор поврзана со убиство на деца и боење во шарени бои.

Готје за Ролинг Стоун Австралија, објасни дека песната е за негова поранешна девојка:

Се случи пред пет шест години. Не беше лошо раскинување но беше комплицирано во смисла дека се повредивме еден со друг повеќе отколку што требаше, зашто не беше јасно раскинување. Претпоставувам дека тоа е најблиското значење на она кое е во рефренот од песната. Двајцата сфативме дека мораме да продолжиме секој по својот пат и не сме се виделе оттогаш.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција