Не е вистина дека придавката „македонски“ се заменува со уставното име

Претседателот и членовите на македонскиот тим во мешовитата Комисија категорично ги отфрлаат тврдењата дека придавката „македонски“ се заменува со уставното име Република Северна Македонија. Професорот  Драги Ѓорѓиев нагласува дека оваа придавка ќе се употребува во  историски контекст –  македонски народ, македонска нација..

Претседателот и членовите на македонскиот тим во мешовитата Комисија категорично ги отфрлаат тврдењата дека придавката „македонски“ се заменува со уставното име Република Северна Македонија. Професорот  Драги Ѓорѓиев нагласува дека оваа придавка ќе се употребува во историски контекст –  македонски народ, македонска нација…

 

Пост на социјалната мрежа Фејсбук шири невистини дека придавката „македонски“ се заменува со уставното име Република Северна Македонија. Во објавата се тврди:

Наместо “македонски” – “на Република Северна Македонија” или “на Северна Македонија”, од прирачникот на сдс за ГЕНОЦИД на сопствениот народ 101.

Ова не е точно.

Но, како дојде до ваквата дезинформација?

Објавата на Фејсбук се појави по состанокот на заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, на кој, како што беше соопштено, се дискутирало за усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба и бил постигнат напредок.

По оваа сребда која се одржа на 23 јануари,  дел од медиумите излегоа со написи во кои се тврди дека:

Се брише придавката „македонски“ од официјалните записници на комисиите, ќе се користи „на Република Cеверна Македонија“

Сите текстови како извор на веста ја посочија телевизијата „Сител“, која пак, се повикува на неименувани високи извори од македонскиот дел од Комисијата.

На ваквите информации, истиот ден имаше реакција на претседателот на македонскиот тим Драги Ѓеорѓиев:

Придавката македонски била и ќе биде дел од записниците од состаноците на Мешовитата комисија на македонските и бугарските експерти, изјави Ѓорѓиев за ТВ Канал 5 .

Тој појаснува дека напредокот што е постигнат, се однесува на техничко ниво, односно за да нема блокада во работата, договорено е во записниците дословно да се цитирааат дискусиите на двете страни, со оглед дека и двете страни остануваат на своите позиции околу придавката.

Дискусиите ќе се цитраат точно онака како што ги кажале дискутантите. Притоа мора да кажеме дека придавката македонски беше во употреба и пред тоа и сега е во употреба. Само во одредени ситуации тие инсистираат таа придавка согласно со Преспанскиот договор, согласно со договорот што го има меѓу Македонија и Бугарија за јазикот, тука да се применува тој договор. И не станува збор за апсолутно целосно неупотреба на придавката македонски . Во историски контекст таа придавка ќе се употребува, македонски народ, македонска нација,.., нагласува  професорот Ѓоргиев.

И во изјава за телевизија „Телма“,  Ѓорѓиев  исто така, беше категоричен дека „ придавката „македонски“ не се заменува со уставното име на земјата“.

Истиот ден информацијата беше демантирана и од македонскиот тим во мешовитата Комисија:

Членовите на македонскиот тим во Комисијата би сакале да ја информираат јавноста во однос на неточните и нецелосни информации кои се појавија во јавноста во врска со вчерашната виртуелна средба на која беше усогласен записникот од деветтата средба. Имено, категорично ги отфрламе невистините дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Северна Македонија и дека придавката македонски ќе се користи само во цитатите на членовите на Комисијата, истакнува македонскиот тим од Комисијата.

 Постот што е предмет на нашата рецензија е објавен еден ден по  демантите на претседателот и на членовите на македонскиот тим на мешовитата Комисија, односно на 24 јануари.

Така што, јасно е дека оваа објава намерно ја поткрева атмосферата во јавноста со дезинформации дека придавката „македонски“, наводно, се заменува со конструкции во кои ќе  на Република Северна Македонија” или на Северна Македонија”. А, дополнително, цитирајќи дефиниција од  Дигиталниот речник на македонски јазик, опасно се манипулира дека на тој начин ќе се напавело ГЕНОЦИД на сопствениот народ“!  Што е навистина претерано.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција