Не е вистина дека сладолед, кафе и кока-кола во Охрид чинат 500 денари

Фото: By Михал Орела - originally posted to Flickr as Самуилова крепост, Охрид, Македония, CC BY 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=10018515

Во конкретниот случај се работи за чиста манипулација. Ако се погледне фискалната сметка прикажана во текстот што се споделува на Фејсбук, ќе се види дека тоа е цена за  две кафиња (макијато) по 120 ден, една кока-кола 140 денари и две топки сладолед по 60 денари

Во конкретниот случај се работи за чиста манипулација. Ако се погледне фискалната сметка прикажана во текстот што се споделува на Фејсбук, ќе се види дека тоа е цена за две кафиња (макијато) по 120 ден, една кока-кола 140 денари и две топки сладолед по 60 денари

 

 

Рецензираме објава на Фејсбук со наслов „Битолчанец за сладолед, кафе и кока кола плати 500 денари во Охрид“, алудирајќи дека Охрид е прескап, а угостителите претеруваат со цените.

Во постот стои:

Охриѓани почнаја да го точат саторо

Споделен е и линк со наслов „Битолчанец за сладолед, кафе и кока кола плати 500 денари во Охрид“, каде е објавена фискална сметка од угостителски објект во Охрид.

Но, тоа тоа не е  баш така, во конкретниот случај се работи за чиста манипулација. Ако се погледне фискалната сметка прикажана во текстот ќе се види дека тоа е цена за две кафиња (макијато) по 120 ден, една кока-кола 140 денари и две топки сладолед по 60 денари. Значи, сметката не е за „сладолед, кафе и кока кола“, како што се вели во објавата.

Вистиномер нема намера да навлегува во дебата дали нешто е скапо или не. Во голем број случаи, тоа зависи и од финансиската состојба на секој граѓанин. Приложената фискална сметка е доволен доказ дека изнесеното тврдење во насловот на постот е неточно. Но, во продолжението на рецензијата сакаме да изнесеме неколку факти и информации.

Треба да се напомене дека ресторанот каде е направена сметката е на градското пристаниште во строгиот центар на градот, прва линија на самиот брег од езерото. Станува збор за виден ресторан во Охрид.

Во изминативе неколку месеци цените на сите производи пораснаа. Поскапено е и кафето, млекото, сладоледот, пијалоците, маслото и сите останати продукти. Очекувано е во услови на пораст на режиските трошоци, минималната плата, електричната енергија да пораснат и цените на угостителските услуги, но поскапувањето е забележително во сите градови во земјава, а тоа го потврди и официјалната статистика.

Индексот на цените на угостителските услуги во април 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 9.8 %, објави во мај годинава  Државниот завод за статистика.

„Вистиномер“ фотографираше дел од менито на ресторанот „Чун“ (од каде што е фискалната сметка), но и на еден друг ресторан во Охрид.

Дел од менито на ресторанот „Чун“ Охрид
Дел од менито на ресторан во Охрид

Разговаравме со повеќе угостители и може да се види дека има  различни цени. Цената на макијато во Охрид се движи од 70 до 120 денари, зависно од позицијата и луксузноста на локалот, еспресо од 70 до 100 денари. Газираните сокови се движат од 100 до 150 денари.

Поради фактот што приложената фискална сметка е контрадикторна со споделената содржина, оваа објава ја квалификуваме како манипулација.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција