Не е вистина дека со онлајн учење децата ќе добијат разни болести и ќе станат „зомби генерации“

Шпекулативна и сензационалистичка објава на Фејсбук преку непотврдени хорорни сценарија шири паника и страв дека онлјан учењето е опасно по здравјето и менталниот развој на децата. За изнесените податоци, коишто се прикажани во навидум точни проценти, нема никакви научни и точни докази добиени од релевантни институции. Не е јасно дали станува збор за податоци добиени од некои истражувања, и ако е така, од кои истражувања, кој ги правел, на каков примерок ги правел и како се добиени податоците. Нема податоци ни за која возраст на деца станува збор, за која земја се работи ниту логично објаснување зошто ова би се случило. Произволно нафрлените проценти се далеку од здравиот разум и логика, тие не личат на ништо друго освен на една голема измислица

Шпекулативна и сензационалистичка објава на Фејсбук преку непотврдени хорор сценарија шири паника и страв дека онлјан учењето е опасно по здравјето и менталниот развој на децата. За изнесените податоци, кои се прикажани во навидум точни проценти, нема никакви научни и точни докази добиени од релевантни институции. Не е јасно дали станува збор за податоци добиени од некои истражувања, и ако е така, од кои истражувања, кој ги правел, на каков примерок ги правел и како се добиени податоците. Нема податоци ни за која возраст на деца станува збор, за која земја се работи ниту логично објаснување зошто ова би се случило. Произволно нафрлените проценти се далеку од здравото резонирање и логика, тие не личат на ништо друго освен на една голема измислица

 

 

Фејбук објава лажно тврди дека со онлајн учењето децата ќе се здобијат со разни последици, меѓу кои и тешки болести и притоа неосновано влева страв и паника како кај родителите, така и кај децата.

Со онлајн учењето,

90% од децата ќе носат наочари,95% ќе добијат искривен ‘рбетен столб,

25% ќе добијат тумор во мозокот,80% ќе имаат несоница,

100% ќе бидат неуки и необразовани,

70% ќе бидат некреативни,

90% ќе бидат телесно закржлавени,без емоции,без чувства,без љубов

и

99% ќе бидат недружељубиви и антисоцијални.

Со онлајн учењето се создаваат Зомби генерации.

Овие изнесени тврдења се премногу тешки за вака лежерно да се споделуваат на социјални мрежи, без притоа да има каков било доказ што ќе биде поткрепа на барем една од овие бројки.

Да се тврди дека 25% од децата ќе добијат тумор на мозок само затоа што наставата се изведува онлајн, а не со физичко присуство во училиштата, е надвор од секоe рационално резонирање. Тоа би значело дека секое четврто дете ќе има тумор на мозок. Ова не само што е неточно, туку е недоветно да се тврди. И без он лајн наставата децата и денес и во изминатите години поминуваат значително време пред дигиталните онлајн уреди и такви последици заради ова досега не сме виделе. Да беше ова макар и приближно точно, досега неизбежно ќе имаше значително зголемување на појавата на тумори кај детската популација, што, пак, ќе беше топ тема на светските медиуми и ќе се преземаа мерки ширум светот децата да немаат пристап до такви опасни он лајн уреди. Но, такво нешто едноставно не постои. Исто, нелогично е да се тврди дека апсолутно сите деца (100%) ќе бидат неуки.

Сите овие набројани состојби, меѓу кои и болести, не се случуваат туку-така без разлика дали станува збор за деца или не. Ниту, пак, се предизвикани од една причина. А, процентите што се набројани се толку високи, што автоматски излегува дека речиси на секое дете ќе му се случи секоја од овие ситуации, што е невозможно и далеку од каква било логика.

За изнесените податоци, кои се прикажани во навидум точни проценти, нема никакви научни и цитирани докази добиени од релевантни институции. Не е јасно дали станува збор за податоци добиени од некои истражувања, и ако е така, од кои истражувања, кој ги правел, на каков примерок ги правел и како се добиени податоците. Нема податоци ни за која возраст на деца станува збор, за која земја се работи, ниту логично објаснување зошто ова би се случило. Многу прашања, а наместо одговори имаме шпекулативна и сензационалистичка објава која само шири паника и страв преку непотврдени хорор сценарија.

Вака произволно нафрланите проценти се далеку од здравото резонирање и логика, тие не личат на ништо друго освен на една голема измислица.

Важно е да се напомене дека онлајн наставата во училиштата се случува поради пандемијата од коронавирусот и токму заради заштита на здравјето, како на децата, така и на оние лица со коишто децата живеат.

Веќе е познато дека вирусот се шири во затворени простории, каде што се присутни повеќе лица кои не делат исто домаќинство. А, училиштата се токму такви средини каде што околу 30 дечиња делат една просторија повеќе часови, што е плодна почва вирусот да се рашири на повеќе лица истовремено. Децата дома живеат со своите родители, а дел од нив и со своите баби и дедовци кои се во поризична категорија – и можат да се здобијат со потешки последици од вирусот доколку се заразат.

Онлајн наставата, којашто е се воведе поради коронавирусот не само кај нас туку и во 186 земји и придонесе 1.2 милијарди деца да се надвор од училиштата, е единственото рационално решение додека не стивне пандемијата и не се имунизира светското население.

Да, учењето онлајн може да биде предизвик, како за учениците, така и за наставниците, за родителите и за целиот образовен систем. Има свои предности и доста недостатоци. Но, тие недостатоци никако не се сите овие набројани болести во постот на Фејсбук, од кои се крева косата.

Овој вид на објави само дополнително додаваат на стравот и неизвесноста, кои што многу луѓе ги чувствуваат во овој период на пандемија. А, особено вакви хорор сценарија за „зомби генерации“ ги вознемируваат корисниците на социјални мрежи, особено затоа што станува збор за деца.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција