Не е вистина дека Трамп се вратил на Твитер и му заблагодарил на Маск

Во постот се вели дека Трамп се вратил на Твитер и за тоа му се заблагодарил на новиот сопственик на социјалната мрежа Илон Маск. Притоа, на самата објава прикачена е фотографија која преставува исечок од наводниот твит на Трамп во кој тој изразува благодарност до Маск. Ова не е вистина.  Твитот којшто е објавен на фотографијата не е навистина на Трамп, затоа што Твитер не му го врати профилот на Трамп, па следствено на тоа тој и не можел да му се заблагодари на Маск. Илон Маск во средата посочи дека Твитер профилот на поранешниот претседател Трамп нема да биде обновен пред изборите  за Сенатот и Преставничкиот дом во САД следната недела

Во постот се вели дека Трамп се вратил на Твитер и за тоа му се заблагодарил на новиот сопственик на социјалната мрежа Илон Маск. Притоа, на самата објава прикачена е фотографија која преставува исечок од наводниот твит на Трамп во кој тој изразува благодарност до Маск. Ова не е вистина.  Твитот којшто е објавен на фотографијата не е навистина на Трамп, затоа што Твитер не му го врати профилот на Трамп, па следствено на тоа тој и не можел да му се заблагодари на Маск. Илон Маск во средата посочи дека Твитер профилот на поранешниот претседател Трамп нема да биде обновен пред изборите  за Сенатот и Преставничкиот дом во САД следната недела

 

 

Преку објава на социјалната мрежа Фејсбук се тврди дека поранешниот претседател Доналд Трамп се вратил на Твитер откако од мрежата му го суспендираа профилот. Ова не е вистина.

 

Трамп се врати на ТВИТЕР ?

,,Благодарам Елон Маск,се вратив назад“

На објавата се вели дека Трамп се вратил на Твитер и за тоа му се заблагодарил на новиот сопственик на социјалната мрежа Илон Маск. Притоа, на самата објава прикачена е фотографија која преставува исечок од наводниот твит на Трамп во кој тој изразува благодарност до Маск. Ова не е вистина. Фотографијата којашто е прикачена е манипулативна. Твитот којшто е објавен на фотографијата не е навистина на Трамп, затоа што Твитер не му го врати профилот на Трамп па следствено на тоа тој и не можел да му се заблагодари на Маск.

Доколку го пребарате профилот кој што Трамп активно го користеше пред да му биде суспендиран, ќе видите дека тој профил @realDonaldTrump е сè уште суспендиран.

Она по што може да познаете дека сликата користи за манипулација, е тоа што во наводниот твит од Трамп е твитнат од профилот @realDonaldJtru_. Но ова не е Трамп, а тоа многу лесно може да се види со малиот број на следбеници и датумот на којшто е креиран профилот- пред шест месеци, односно во мај. Доколку тоа навистина беше Трамп бројот на следбеници немаше да му биде само 169 лица.

Илустрацијата прикачен на постот лажно го претставува бројот на интеракции коишто ги има овој твит – 8.649 ретвита, 1.452 цитирани твитови и 78.8 илјади лајкови, што не е вистина. Реалниот твит има 29 ретвита, 5 цитирани твитови и 126 лајкови, што е драстично помалку од она што се тврди во манипулативниот исечок. Дека фотографијата е преработена се забележува и по запирката што стои кај бројот на лајкови кога станува збор за повеќе од 1000 лајкови. Твитер бројките ги одделува со точка, а не со запирка како што стои тука после бројот 78.

Илон Маск во средата посочи дека Твитер профилот на поранешниот претседател Доналд Трамп нема да биде обновен пред изборите за Сенатот и Преставничкиот дом во САД следната недела.

Маск потврди дека „Твитер нема да дозволи некој кој бил деплатформиран поради кршење на правилата на Твитер да се врати на платформата додека не имаме јасен процес за тоа, што ќе потрае барем уште неколку недели“. Милијардерот сопственик на Твитер претходно изјави дека ќе започне „совет за модерација на содржината“ и дека нема да се носат значајни одлуки за содржината додека тој не биде воспоставен.

Трамп, изјави дека му е мило што Твитер сега е во „здрави раце“ по преземањето на Маск, но тврди дека нема да се врати на платформата. Наместо тоа, тој планира да остане на сопствената социјална мрежа, Truth Social. Трамп имаше десетици милиони повеќе следбеници на Твитер отколку на Truth Social.

На 8 јануари 2021 година, компанијата Твитер излезе со соопштение дека трајно му го суспендирала профилот на Трамп поради глорифицирање на насилство бидејќи процениле дека два твита на поранешниот американски претседател имале голема веројатност да ги охрабрат и инспирираат луѓето да ги реплицираат криминалните дејствија што се случиле во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Според сите наведени факти и бидејќи фотографијата на објавата е преработена, оваа објава ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција