Не, Филипче не ја измисли пандемијата на ковид-19
Објавата ја манипулира јавноста и сака да се обиде неосновано да обвини еден човек – кој во тој период бил министер за здравство – за глобалната пандемија која имаше влијание врз целиот свет, односно да прикаже дека тој ја измислил пандемијата.
Објавата ја манипулира јавноста и сака да се обиде неосновано да обвини еден човек – кој во тој период бил министер за здравство – за глобалната пандемија која имаше влијание врз целиот свет, односно да прикаже дека тој ја измислил пандемијата
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која споделува фотографија од лидерот на СДСМ Венко Филипче со вакцина Фајзер и вели:
ЧЕКА ДА ДОЈДЕ НА ВЛАСТ ЗА ДА НИ БАПНЕ НОВА ПАНДЕМИЈА
Објавата ја манипулира јавноста и сака да се обиде неосновано да обвини еден човек – кој во тој период бил министер за здравство – за глобалната пандемија која имаше влијание врз целиот свет, односно да прикаже дека тој ја измислил пандемијата. Мерките кои беа усвоени за време на пандемијатa поврзани со изолација, избегнување на контакти меѓу луѓето и групни собири, беа глобални, а не нешто што Филипче го измислил и го правел на своја рака. Тие мерки беа во функција на јавниот интерес, односно заштитата на личното и на колективното здравје.
Објавата се обидува да манипулира дека пандемијата на ковид-19 била лажна. Теоретичарите на заговор кои тврдат дека пандемијата била лажна постојано го ширеа наративот за некаков план да се затворат граѓаните, да им се одземат слободите, да се контролираат, да се намали популацијата, но и да се измамат за да веруваат во „непостоечка пандемија“. Антиваксерите, пак, упорно тврдат и ден денес дека вакцините против ковид-19 биле измислени за да се спроведе геноцид врз човештвото.
Вистиномер досега во многу наврати има пишувано дека пандемијата и коронавирусот не беа измислени, туку реални. Рецензиравме голем број објави на социјалните мрежи кои пишуваа дека коронавирусот и пандемијата се измислени. За оваа теорија на заговор, за којашто нема никакви докази, не постојат ниту научни студии кои го потврдуваат тоа. Напротив, овој вирус во светски размери и во нашата земја, одзема многу животи и го промени начинот на функционирање во сите општествени сегменти.
Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година. Со оглед на брзиот раст на бројот на заразени и на починати во многу држави, Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март 2020 година прогласи пандемија.
Според СЗО, во С. Македонија, од 3 јануари 2020 година до 2 март 2025 година, до организацијата биле пријавени 352.093 потврдени случаи на ковид 19.
На глобално ниво, до 26 октомври 2025 година во СЗО се пријавени 778.900.250 потврдени случаи на ковид 19.
Поради сето погоре, објавата ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар