Не, коронавирусот не е азотен диоксид
Азотниот диоксид и коронавирусот се целосно различни – едното е загадувач, другото е вирус.
Азотниот диоксид е хемиски гас и загадувач на воздухот, потекнува од возила, фабрики и согорување. Може да ги иритира белите дробови но не може да зарази никого. Коронавирусот е вирус кој предизвикува ковид-19 и се пренесува меѓу луѓето. Заразен е, за разлика од хемискиот гас. Азотниот диоксид и коронавирусот се целосно различни – едното е загадувач, другото е вирус
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Што е Корона?
Корона ви е Азотен диоксид NO2 кој е гас со темно – црвена боја и со моларна маса 46,008.
Особено ја напаѓа слузокожата и органите за дишење и се смета дека долната граница на отровност кај овој гас е 0,00006%.
Корона ви е краткорочната изложеност на NO2 и истата има
негативни ефекти врз респираторниот систем, вклучувајќи воспаление на дишните патишта кај здрави лица и зголемени респираторни симптоми нај dioxide (NO2) луѓето со астма.Исто така можни се симптоми на бронхитис. При подолгорочна изложеност на NO2 се јавуваат проблеми кај астматичните деца.
Намалената функционалност на белите дробови е исто така поврзана со растот на концентрациите на NO2.
И сега ставај на респиратор корона е силен вирус , бегај на 10 метара од болни од корона ?
Многу лукаво дело од убијците ??
Владо Павлов, Ноември 2020.
И сега ?
Послем една година што заклучивте?
Не е точно наведеното во објавата дека коронавирусот е азотен диоксид. Во објавата се опишуваат точни својства на азотниот диоксид кои се преземени без атрибуција од магистерски труд достапен на интернет, но не е вистина наведеното дека азотниот диоксид „е корона“.
Азотниот диоксид е хемиски гас и загадувач на воздухот, потекнува од возила, фабрики и согорување. Може да ги иритира белите дробови но не може да зарази никого. Коронавирусот е вирус кој предизвикува ковид-19 и се пренесува меѓу луѓето. Заразен е, за разлика од хемискиот гас. Азотниот диоксид и коронавирусот се целосно различни – едното е загадувач, другото е вирус.
Во текот на пандемијата со коронавирусот се применуваше социјална дистанца (физичко дистанцирање) поточно, пракса на одржување дистанца, избегнување групирање, собири и толпи во затворени и отворени простори.
Ограничувањето на блискиот контакт меѓу луѓето беше еден од оптималните начини да се забави ширењето на ковид-19, иако луѓето можеа да се заразат со него и со допирање на носот и устата со раце кои биле изложени на вирусот преку површини и предмети, но се сметаше дека ова не беше примарен начин на ширење на вирусот. Коронавирусот се пренесуваше преку капки од кашлање и кивање, преку близок контакт, поретко преку површини, а симптомите беа треска, кашлица, замор, губење мирис или вкус, потешко дишење.
Социјалната дистанца не беше „лукаво дело на убијци“ туку мерка за заштита во фазата од коронавирусот кога тој беше актуелен. Центарот за контрола и превенција на болести препорачуваше одржување на растојание од најмалку 2 метри, базирано на фактот дека ковид-19 се ширеше главно меѓу луѓе кои се на растојание од околу 2 метри и се поранливи на контактот со капките. Други респираторни заболувања како грипот, исто така се шират на овој начин.
Коронавирусот наспроти тоа што е изнесено, беше третиран и со респиратор за луѓе коишто под медицински надзор имаа индикација за таков третман. Ниту тоа не беше „лукаво дело на убијци“. Самиот коронавирус предизвика над 7 милиони смртни случаи.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар