Не, нападите со дронови не се услов за влез на Украина во ЕУ
Тврдењето е манипулативно зашто сугерира дека ЕУ бара или наградува воени напади како услов за членство. Но, воената инвазија врз Украина ја почна Русија во 2022 година и тоа неиспровоцирано.
Тврдењето е манипулативно зашто сугерира дека ЕУ бара или наградува воени напади како услов за членство. Но, воената инвазија врз Украина ја почна Русија во 2022 година и тоа неиспровоцирано. Ниту еден официјален документ на ЕУ не предвидува воени напади како услов за пристапување
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Украина го исполнила условот за во ЕУ. Пуштила 200 дрона на Москва, кој сака ЕУ истото мора да го стори.
Наведеното во објавата е невистина. Европската Унија реши да започне преговори за членство со Украина многу порано пред нападот врз рафинеријата и другите објекти во Москва. Европската Унија формално ги започна пристапните преговори со Украина во јуни 2024 година, кога се одржа првата Меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Украина во Луксембург.
На 28 февруари 2022 Украина поднесе барање за членство во ЕУ. Украина доби статус на земја кандидат на 23 јуни 2022. На 14 декември 2023 лидерите на ЕУ одлучија да се отворат пристапните преговори. На 25 јуни 2024 преговорите официјално започнаа со првата Меѓувладина конференција.
Украина во јуни 2026 изврши голем број напади со дронови врз цели во Русија, вклучително и во московскиот регион. Руски и меѓународни извори известуваа за стотици дронови, а московските власти соопштија дека биле соборени повеќе од 190 дронови во еден од најголемите напади од почетокот на војната. Делот за „околу 200 дрона кон Москва“ се темели на реални извештаи за украински напади. Но тоа не е услов за членство во ЕУ. Повеќе околу нападите со дронови може да се прочита на следниот линк.
Целата политика на ЕУ за пристапување кон Унијата може да се види овде.
Украина наведува неколку причини зошто изведува напади со дронови врз цели во Русија. Тоа се воени и стратешки цели поврзани со тековната војна, а не напади поврзани со процесот за членство во ЕУ. Претседателот на Русија Владимир Путин потврди дека дроновите „претставуваат проблем“ и дека предизвикуваат недостиг на гориво во Русија. Претседателот на Украина Володимир Зеленски, пак, вели дека преку ваква операција се ослабува способноста на Русија да ја води војната.
Условите за членство се дефинирани преку Копенхашките критериуми и преговарачките поглавја. Тие се однесуваат на владеење на правото, независно судство, борба против корупција, демократски институции, заштита на човекови права и усогласување со правото на ЕУ.
Тврдењето е манипулативно зашто сугерира дека ЕУ бара или наградува воени напади како услов за членство. Но, воената инвазија врз Украина ја почна Русија во 2022 година и тоа неиспровоцирано.
Ниту еден официјален документ на ЕУ не предвидува воени напади како услов за пристапување.
ЕУ ги започна пристапните преговори со Украина на 25 јуни 2024 врз основа на политички и правни критериуми, а не врз основа на воени операции со дронови.
Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар