Не наседнувајте на дипфејк видео во кое невистинито се тврди дека Жан Митрев измислил препарат за простатит

Дека се работи за дипфејк видео покажуваат и печатните грешки и грешките во изговорот на зборовите како на пример наместо триесетсекунден – во видеото се вели „тридесетсекунден“, а има и зборови кои се искористени во чуден неприкладен контекст како на пример „транслацијата“.

Дека се работи за дипфејк видео покажуваат и печатните грешки и грешките во изговорот на зборовите како на пример наместо триесетсекунден – во видеото се вели „тридесетсекунден“, а има и зборови кои се искористени во чуден неприкладен контекст, како на пример „транслацијата“

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал со невистинита содржина. Во видеото се злоупотребени видеоматеријали од Миленко Неделковски и кардиохирургот доктор Жан Митрев за да им се атрибуираат работи кои никогаш не ги кажале, ниту пак биле емитувани на било која платформа.

Дека се работи за дипфејк видео покажуваат и печатните грешки и грешките во изговорот на зборовите како на пример наместо триесетсекунден – во видеото се вели „тридесетсекунден“, а има и зборови кои се искористени во чуден неприкладен контекст, како на пример „трансaлацијата“. Во видеото врз снимка од Неделковски се слушаат зборови кои тој никогаш не ги кажал и на таков начин се презентира измислена содржина.

Европа беше потресена за време на викендот откако доктор Жан Митрев во живо покажа тридесетсекунден кујнски лајфхак кој ги отстранува симптомите на простатит побрзо од сè што денес нуди фармацијата. Многу гледачи изјавија дека веќе по 48 часа им исчезнало печењето при мокрење и им се подобрила ерекцијата. Транслацијата предизвика бура. Најголемите фармацевтски компании почнаа итно да го бришат видеото, обидувајќи се да ги задржат милијардните профити од продажбата на таблети против простатит, се вели во дипфејк видеоматеријалот во кој гласот на Миленко Неделковски е изманипулиран, додадени се зборови кои тој никогаш не ги кажал, сè со цел лажен и манипулативен маркетинг. 

После овој сегмент од материјалот, следува уште една невистина и измислица, дека Илон Маск чие видео се појавува на екранот „признал дека овој лајфхак го користат астронаутите на Спејс Екс за да не се соочат во вселената со проблеми на урогениталниот систем во услови на бестежинска состојба“ и дека „ова природно решение ѝ било познато на современата наука“.

Невистина е и делот кој лажно му се атрибуира на Неделковски „дека била сочувана копија од видеото и може сега да го погледнете“. Никогаш ова видео со оваа содржина не било емитувано, бришено од медиуми и немало потреба да се зачува никаква копија. Тоа е дипфејк видео во кое се злоупотребува и кредибилитетот, ликот и референците на кардиохирургот Жан Митрев. На Митрев исто така му се припишува невистинита изјава, на начин што врз видео во кое што тој зборувал за сосема друга тема, се додаваат монтирани измислени зборови за да се добие поинаква содржина.

Целосно е фабрикувана „изјавата“ која што му е атрибуирана на Митрев, а во која невистинито се тврди дека тој измислил некаков ритуал пред спиење против простатит. Не е точно ни наведеното дека „досега 85 илјади мажи ширум Европа го примениле едноставниот домашен рецепт“.

Оригиналното видео коешто е злоупотребено во објавата што ја  рецензираме е објавено првично на 26 март 2020 година, во време кога почна ковид пандемијата, со наслов: „Препораки на доктор Жан Митрев за борба против коронавирус: Чести инхалации и избегнување активности на ладно“. Во видеото доктор Митрев вели дека повеќе медиуми од него побарале мислење за коронавирусот и како тој да се победи. Потоа доктор Митрев го кажува неговото лично мислење и препораки кои вклучуваат изолација (станува збор за видео материјал објавен пред да постојат вакцини против ковид и кога изолацијата беше една од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот). Тој своето лично мислење го кажува на  на прашање на новинари кои од него побарале мислење за актуелната состојба со коронавирусот.

Доктор Жан Митрев е кардиохирург, не е уролог, не измислил никаков препарат ниту ритуал пред спиење за лекување простатит. Истиот препарат не бил продаван ни во Северна Македонија ни во Европа, ниту има клиенти – сите наводи се измислица со цел да се злоупотреби неговото име и довербата што граѓаните ја имаат во него за да поверуваат во манипулативен и неетички, невистинит маркетинг.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција