Не наседнувајте на измамата – аеродромите не нудат изгубени куфери за 1 евро!

Лажната понуда е со цел финансиска измама, во која се злоупотребува брендот и името на ТАВ аеродромите. Со багажот на патниците не се тргува, туку тој им се враќа на патниците доколку го изгубат. 

Лажната понуда е со цел финансиска измама, во која се злоупотребува брендот и името на ТАВ аеродромите. Со багажот на патниците не се тргува, туку тој им се враќа на патниците доколку го изгубат

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од мноштво куфери на аеродром и пишува:

Го ослободуваме аеродромскиот магацин и продаваме изгубени куфери за 1,00 евро! Сите куфери се полни со разни работи и електроника. Достава низ цела држава. Понудата важи само онлајн до крајот на месецот. 60-дневна гаранција за враќање на парите. За да нарачате, кликнете на копчето во огласот и одете на веб-страницата!

Во рамки на објавата има и линк што води до надворешна страница, која што на ниеден начин не е поврзана со аеродромите во Скопје и Охрид (единствените во Северна Македонија) и каде невистинито преку неверодостоен маркетинг се прави обид да се изманипулираат корисниците на социјалните мрежи да ги остават своите лични и банкарски податоци и да станат жртва на финансиска измама.

Објавата не е вистинита и претставува обид да се измамат корисниците на социјалните мрежи да пристапат кон страницата и доброволно да ги остават своите лични и банкарски податоци, верувајќи дека плаќаат 1 евро за да добијат куфер, но ова е невистина и претставува само начин измамниците да добијат пристап до личните и банкарските податоци на граѓаните и да ги повлечат финансиските средства од нивните банкарски сметки!

За таа цел, во објавата во делот на коментарите се објавени невистинити лажно претставени „позитивни коментари од некои луѓе што ги добиле куферите за 1 евро“, но сите тие коментари се генерирани и не се веродостојни. Наградната игра не постои. Надворешната страница кон која што води линкот, претставува измислена страница на која е злоупотребено логото и името на ТАВ аеродромите кои што не организираат достава на изгубени куфери за 1 евро. Самата адреса на страницата не е ни приближно слична на оригиналната, вистинска страница на аеродромот а која што може да ја погледнете овде.

Финалната цел на измамата е да се натераат корисниците на социјалните мрежи да остават лични податоци мислејќи дека ќе добијат куфер за 1 евро, а кој наводно претходно бил изгубен. Аеродромите не организираат вакви „наградни игри“ со изгубени куфери кои што патниците ги бараат и тие се чуваат и им се враќаат на оние што ги изгубиле.

Не е првпат меѓународниот аеродром да биде мета на измамнички објави како во овој случај.

Почитувани патници и следбеници на Фејсбук-страницата на Меѓународниот аеродром Скопје. Би сакале да ве известиме, а во исто време и да ве предупредиме, дека, за жал, повторно се појавија нови лажни Фејсбук страници и профили, а преку нив и линкови на веб-страници, преку кои се шират невистинити информации за наводна продажба на изгубен багаж во име на Меѓународниот аеродром Скопје, односно аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Апелираме до сите вас да бидете внимателни, особено кога од вас се бара да внесете лични податоци и детали од трансакциски сметки, што може да бидат злоупотребени. ТАВ Македонија како сериозна и одговорна компанија која се грижи за своите клиенти, ги презема сите достапни правни мерки во врска со овие лажни објави. Сите официјални информации и вести во врска со и за Меѓународниот аеродром Скопје, можете да ги најдете на веб-страница на Меѓународниот Аеродром Скопје https://skp.airports.com.mk/mk-MK/, Фејсбук-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје https://www.facebook.com/SkopjeAirport, Инстаграм https://www.instagram.com/skopjeairport/ и Твитер (X) https://x.com/skopjeairport . Сите други страници на социјалните мрежи кои што можеби ќе ги сретнете лажно се претставуваат и немаат никаква врска со Меѓународниот Аеродром Скопје и нашата дејност, наведоа од ТАВ Македонија во јуни.

Аеродромот во Скопје не спроведува наградна игра за изгубени куфери, а со изгубениот багаж постапува според строго воспоставена процедура која не вклучува негова продажба.

Измамата се состои во злоупотребата на логото, брендот името и реномето на ТАВ, односно компанијата којашто е несомнено една од најреномираните во државата, а задолжена за аеродромот во Скопје. Лажната понуда е со цел финансиска измама, во која се злоупотребува брендот и името на ТАВ аеродромите. Со багажот на патниците не се тргува, туку тој им се враќа на патниците доколку го изгубат.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција