Не наседнувајте, „Сетек“ не дава мобилни телефони преку „внатрешна програма“

Станува збор за невистинита објава која го користи методот „фишинг“. Фишинг нападите се обидуваат да ги измамат наивните корисници да откријат лични или финансиски информации, честопати со имитирање на содржина од добро познати, доверливи компании. Вештачката интелигенција веќе ги прави фишинг нападите пософистицирани, персонализирани и вообичаени

Станува збор за невистинита објава која го користи методот „фишинг“. Фишинг нападите се обидуваат да ги измамат наивните корисници да откријат лични или финансиски информации, честопати со имитирање на содржина од добро познати, доверливи компании. Вештачката интелигенција веќе ги прави фишинг нападите пософистицирани, персонализирани и вообичаени

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува лажна наградна игра во која се злоупотребува репутацијата името и логото на брендот „Сетек“ за бела техника.

Мојот сопруг работеше како менаџер во Сетек 7 години. Кога се породив му требаше да земе недела одмор, го отпуштија без никакво објаснување… Веќе по една недела, на неговото место работеше сестрата на директорот. Сега споделуваме нешто што Сетек го крие. По големи испораки, кај нив остануваат вишоци од  iPhone 15 Pro Max телефони со оштетена амбалажа. Има многу повеќе такви отколку што мислите. Тие не одат во продажба, туку се ставаат на тајна страница и се доделуваат преку внатрешна програма. Но по специјална врска, може да учествува секој!!! Сега ништо не не спречува да го споделиме ова со сите што имаат потреба. Линкот го оставам во коментарите. Препорачувам да ја искористите можноста и да си го земете вашиот iPhone. Сетек не остави без работа – ние ќе ги оставиме без тајни!, пишува во објавата со невистинита содржина.

Во склоп на истата се споделува фотографија којашто е креирана со фотомонтажа, а на која има фотографија од кутија од телефон „ајфон“, како и сметка на која е логото на „Сетек“. Во првиот коментар под објавата се споделува линк каде граѓаните се мамат да оставаат свои доверливи банкарски и лични податоци. Не го правете тоа! Станува збор за невистинита објава која го користи методот „фишинг“.

Фишинг нападите се обидуваат да ги измамат наивните корисници да откријат лични или финансиски информации, честопати со имитирање на содржина од добро познати, доверливи компании. Вештачката интелигенција веќе ги прави фишинг нападите пософистицирани, персонализирани и вообичаени.

Вистиномер деновиве рецензираше слична објава за лажна наградна игра  во којашто се злоупотребува брендот и логото на продавницата за техника „Сетек. По рецензијата на Вистиномер, Министерството за внатрешни работи предупреди дека во текот на изминатите денови на социјалните медиуми се појави лажна информација во која се наведува дека одредени помали фирми за технологија, наводно, нудат современи мобилни телефони преку „внатрешна програма” поради оштетено пакување.

Доколку забележите ваква објава: НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави, НЕ споделувајте лични информации, НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба, апелираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека технолошките компании немаат скриени веб-страници за „специјални” телефони и не ги пласираат своите производи преку социјалните мрежи или неофицијални патишта.

Доколку видите вакви објави, пријавете ги веднаш во најблиската полициска станица, апелира МВР до граѓаните.

Дополнителен знак дека се работи за невистинита објава е фактот што не е споделена од официјалната страница на „Сетек“ којашто фирмата ја користи за комуникација со потрошувачите, за споделување на промоциите и за информирање за цените на белата техника и уредите. Коментарите оставени под објавата лажно сугерираат дека некој веќе „го добил мобилниот телефон“, но кога ќе се пристапи на тие страници се гледа дека се лажни профили, како податоци за живеење се оставени странски држави и нема веродостојни содржини кои тие корисници ги објавуваат.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција