Не, пандемијата на ковид-19 не беше лажна

Фото: U.S. Secretary of Defense, Public domain, via Wikimedia Commons

Јидон е британски антиваксерски активист и пензиониран фармаколог кој го привлече вниманието на медиумите во 2020 и 2021 година поради давање лажни или неосновани тврдења за пандемијата на ковид-19 и безбедноста на вакцините против ковид. „Тајмс“ го опиша како „херој на теоретичарите на заговор за ковид“ и „клучна фигура во движењето против вакцинација“

Јидон е британски антиваксерски активист и пензиониран фармаколог кој го привлече вниманието на медиумите во 2020 и 2021 година поради давање лажни или неосновани тврдења за пандемијата на ковид-19 и безбедноста на вакцините против ковид. „Тајмс“ го опиша како „херој на теоретичарите на заговор за ковид“ и „клучна фигура во движењето против вакцинација“. До 2011 година, тој беше главен научник и потпретседател на одделот за алергии и респираторни истражувања на фармацевтската компанија „Фајзер“, а е и коосновач и поранешен извршен директор на биотехнолошката компанија „Зиарко“

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Поранешниот извршен директор на Фајзер: “Немаше пандемија, сето тоа беше ЕДНА ГОЛЕМА ЛАГА“… !!!

Објавата споделува и видео во кое тврдењето дека немало пандемија го изнесува поранешниот главен научник и потпретседател на одделот за алергии и респираторни истражувања на фармацевтската компанија „Фајзер“, Мајкл Јидон.

Важно е да се напомене дека Јидон е британски антиваксерски активист и пензиониран фармаколог кој го привлече вниманието на медиумите во 2020 и 2021 година поради давање лажни или неосновани тврдења за пандемијата на ковид-19 и безбедноста на вакцините против ковид. „Тајмс“ го опиша како „херој на теоретичарите на заговор за ковид“ и „клучна фигура во движењето против вакцинација“. До 2011 година, тој беше главен научник и потпретседател на одделот за алергии и респираторни истражувања на фармацевтската компанија „Фајзер“, а е и коосновач и поранешен извршен директор на биотехнолошката компанија „Зиарко“.

Објавата тврди дека пандемијата на ковид-19 била лажна. Теоретичарите на заговор кои тврдат дека пандемијата била лажна постојано го ширеа наративот за некаков план да се затворат граѓаните, да им се одземат слободите, да се контролираат, да се намали популацијата, но и да се измамат за да веруваат во „непостоечка пандемија“. Антиваксерите, пак, упорно тврдат и ден денес дека вакцините против ковид-19 биле измислени за да се спроведе геноцид на човештвото. Токму и објавата која ја анализираме ја шири оваа теорија на заговор.

Вистиномер досега во многу наврати има пишувано дека пандемијата и коронавирусот не беа измислени, туку реални. Рецензиравме голем број објави на социјалните мрежи кои пишуваа дека коронавирусот и пандемијата се измислени. За оваа теорија на заговор, за којашто нема никакви докази, не постојат ниту научни студии кои го потврдуваат тоа. Напротив, овој вирус во светски размери и во нашата земја, одзема многу животи и го промени начинот на функционирање во сите општествени сегменти.

Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година. Со оглед на брзиот раст на бројот на заразени и на починати во многу држави, СЗО на 11 март 2020 година прогласи пандемија.

Според Светската здравствена организација (СЗО) во С. Македонија, од 3 јануари 2020 година до 2 март 2025 година, до СЗО биле пријавени 352.093 потврдени случаи на ковид-19.

На глобално ниво, до 26 октомври 2025 година во СЗО се пријавени 778.900.250 потврдени случаи на ковид-19.

Фото: Принтскрин СЗО
Фото: Принтскрин СЗО

Сите овие бројки не се само статистика, туку вистински луѓе. Неможно е да се манипулира со толкав број на заразени доколку ковид-19 не постоеше. Ширењето на вакви теории базирани на немедицински пристап, претставуваат опасност и се штетни за јавното здравје.

Поради сето погоре, оценуваме дека објавата што ја анализираме е невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција