Не постојат корона-концентрациони кампови во Германија

Објава на Фејсбук шири дезинформации дека во Германија има концентрациони логори. Всушност, се работи за државни капацитети во кои треба да бидат сместени оние граѓани кои повеќепати ја прекршиле мерката за домашна изолација, односно карантин.  Досега сè уште никој не е сместен во нив и не се знае  дали тие ќе бидат ставени во функција, или само ќе се користат како предупредување

Објава на Фејсбук шири дезинформации дека во Германија има концентрациони логори. Всушност, се работи за државни капацитети во кои треба да бидат сместени оние граѓани кои повеќепати ја прекршиле мерката за домашна изолација, односно карантин.  Досега сè уште никој не е сместен во нив и не се знае  дали тие ќе бидат ставени во функција, или само ќе се користат како предупредување

 

 

Во постовите од Фејсбук што ги рецензираме лажно се тврди дека на видеото  е претставен првиот корона- концентрационен логор во Германија. Видеото претставува телевизиски прилог од германскиот весник „Билд“, но прикажаното во него воопшто не е концентрационен логор во Германија.

Станува збор за нова мерка на германските власти, со којашто се опремени државни капацитети за оние граѓани кои репетитивно, во текот на повеќе наврати, ја прекршувале мерката за домашна изолација, односно карантин. Вакви капацитети припремиле некои локални власти за да ги сместат граѓаните кои одбиваат да ги следат правилата поставени од државата за карантин. Уште не се знае ниту дали ќе бидат ставени во функција ваквите капацитети, или само ќе се користат како предупредување. Засега ниту еден човек не е сместен во нив.

Изолацијата на граѓаните кои се заразени со коронавирусот во нивните домови е есенцијален елемент за да се стави под контрола пандемијата. Секој што не се придржува до овие правила ги става другите луѓе под ризик. Законот за заштита од заразни болести со право дозволува изолација во затворени институции како последна инстанца. Во овие локации лицата кои ќе го прекршат правилото за карантин, ќе можат да гледаат телевизија, да имаат лаптоп, телефони, лекарска поддршка, кревет, доволен простор да се движат, односно нивните услови нема да се разликуваат многу од домашните, тврди Шонке Шулц, претставник на локалниот совет во Нојмунстер.

За да заврши во оваа институција, граѓанинот претходно мора да одбил во повеќе наврати да се самоизолира дома откако патувал во високоризична земја или откако имал позитивен тест на коронавирусот и за овие прекршувања мора да има доказ. Полицијата потоа ќе ги посети дома и парично ќе ги казни. Само после спроведувањето на сите овие акитвности, со судска наредба ќе можат да бидат испратени во објектот во Нојмунстер.

Во Германија има повеќе случаи кога позитивни лица не се изолираат туку го напуштаат домот и во ризик ги доведуваат другите граѓани. Таков е примерот кога позитивен пациент се возел со воз повеќе од 100 километри за да купи медикаменти иако имал наредба за самоизолација.

И во Берлин имало план да се користат болници за во нив да се задржуваат позитивните на коронавирус кои одбиваат самоизолација, но поради тоа што болничките капацитети биле потребни за тешките случаи со симптоми, вакви соби нема да се адаптираат во болниците. Во Саксонија се гради нов објект во Дрезден за оние кои што ќе одбијат самоизолација и ќе биде отворен на крајот на јануари.

Сите овие елементи недостасуваат во постот што е предмет на нашата рецензираме, а кој поради фактот што е на германски јазик, може да претставува пречка за голем дел корисници на социјалните мрежи да добијат точна претстава и точен контекст за што се работи. На видеото не се претставени концентрациони кампови за болни од коронавирусот, туку се претставени објекти опремени слично на хотелско сместување и во нив треба  да се изолираат луѓето кои одбиваат да ги следат законските регулативи, а со тоа го доведуваат во опасност здравјето на другите граѓани.

Во овие објекти се овозможени сите услови за живот и изолација како граѓанинот да е дома и на ниеден начин нема да му се наштети на неговото здравје и живот, а камоли да се егзекутира како што се правело во концентрационите логори и како што лажно се навестува во оваа објава.

Во постовите се споменува и Ангела Меркел и се додава дека таа тргнала „по стапките на татко ѝ Адолф“. Ова нема врска со вистината во ниеден контекст. Таткото на Мекрел се вика Хорст Каснер и тој е протестантски свештеник. Ако, пак, се мислело на некаков политички или иедолошки татко при спомнувањето на името „Адолф“, Меркел нема никаква врска на тој план со поранешниот нацистички лидер на Германија. Нејзините политички погледи и ставови се сосема спротивни од оние нацистичкиот канцелар кој го втурна светот во Втората светска војна. Напротив, во Германија има други екстремистички (и за среќа многу мали) партии, кои се сметаат за наследници на нацистите. Ангела Меркел и нејзината Христјанско-демократска унија (ЦДУ) нема врска со нив. Никој никогаш не подвлекол паралела меѓу ЦДУ и нацистите и таквата паралела е бесмислена и во овој случај.

Понатаму, Меркел нема никаква врска со овие адаптирани простории за задолжителна изолација на репетитивните прекршители на мерката самоизолација во Германија, затоа што тие, ако воопшто заживеат, се во надлежност на германските провинции, а не на федерално ниво, односно на она ниво на кое управува и за кое е задолжена Меркел. Засега има само 6 опремени соби за оваа намена во Нојмунстер, што говори дека овие простории не се планирани за голем број лица, туку имаат за цел да покажат пример.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција