Не постои хирург што паднал од зграда, а наводно претходно „го открил минатото на Брижит Макрон“

Брижит и Емануел Макрон, ноември 2018 година Фото: President.gov.ua, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Сите извори за корените на оваа дезинформација водат кон сајтот enquetedujour.fr и неговиот напис од 1 јули 2025 година. Со користење на алатката whois.com, потврдено е дека домејнот е регистриран на 25 јуни 2025 година. Ова значи дека сајтот е креиран на 25 јуни, почнал да објавува на 27 јуни и ја фабрикувал сторијата на 1 јули, само 5 дена по формирањето, пишуваат проверувачите на факти од Грција

Сите извори за корените на оваа дезинформација водат кон сајтот enquetedujour.fr и неговиот напис од 1 јули 2025 година. Со користење на алатката whois.com, потврдено е дека домејнот е регистриран на 25 јуни 2025 година. Ова значи дека сајтот е креиран на 25 јуни, почнал да објавува на 27 јуни и ја фабрикувал сторијата на 1 јули, само 5 дена по формирањето, пишуваат проверувачите на факти од Грција

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија (принтскрин) од наслов: „Хирургот што го разоткри трансџендер минатото на Брижит Макрон, пронајден мртов по пад од зграда“ и пишува:

И во Франција фалични прозори.
Оригиналниот напис од кој е направена фотографијата „Вистиномер“ го пронајде овде.
Во него пишува дека „доктор Франсоа Февр (Francois Faivre), 58-годишен хирург од Париз, кој им потврдил на истражителите дека Брижит Макрон подлегнала на операција за промена на полот во американска болница во Париз, бил пронајден мртов на 29 јуни во ужасен пад од 4 кат од зграда во Париз“.
Приказната за „хирургот кој паднал од зграда, а пред тоа потврдил дека Брижит Макрон имала операција за промена на полот“, е измислица и невистина пропагирана од извори со про-Кремљ позадина, според „Грок“ асистентот на „Икс“.
Извор Грок
Извор Грок

Проверувачите на факти на „Фактчекер“ – Грција, пишуваат дека невистинитиот текст за „хирургот што го разоткрил минатото на Брижит Макрон“ потекнува од видеоматеријал создаден со вештачка интелигенција. Според видеото, Francois Faivre бил пронајден починат на 29 јуни 2025 откако паднал од прозорец од неговиот стан во Париз, а во видеото неговата сестра Ан Дупонт го проблематизирала самоубиството и навела дека неговата смрт може да е поврзана со интервју што требало да излезе, а во кое тој имал намера да изнесе сензитивни информации за наводната промена на пол на Брижит Макрон“.

Ваквите невистинити содржини според „Фактчекер“- Грција циркулирале на пропагандни сајтови EADaily, Komsomolskaya Pravda, и  Pravda/Portal Kombat .

Сите извори за корените на оваа дезинформација водат кон сајтот enquetedujour.fr и неговиот напис од 1 јули 2025 година. Со користење на алатката whois.com, потврдено е дека домејнот е регистриран на 25 јуни 2025 година. Ова значи дека сајтот е креиран на 25 јуни, почнал да објавува на 27 јуни и ја фабрикувал сторијата на 1 јули, само 5 дена по формирањето, пишуваат проверувачите на факти од Грција.

Пребарувањето на Гугл за името Francois Faivre  води до извештај на franceinfo.fr, во кој се потврдува дека не постои таков доктор. Нивната проверка на факти покажува дека видеото и пропратните текстови каков што е и оној што го рецензираме се фабрикувани.

Како дел од оваа пропагандна операција се користи и видеоматеријал креиран со вештачка интелигенција – во него лицата на луѓето се неприродно мазни, не трепкаат, зборуваат монотоно и без емоции во гласот, а во позадините има неконзистентности. За дел од лажните написи се злоупотребени имиња на вистински новинари вработени, меѓу другото и во „Ле Монд“. Овој метод да се злоупотребуваат вистински луѓе за да се објавуваат лажни вести, е позната тактика во проруските дезинформациски кампањи, како што беше „Бура 1516“, пишуваат проверувачите на факти на „Фактчекер Гр“.

Тврдењето дека Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател била родена како маж е теорија на заговор која циркулира со години.

„Ројтерс“ нотираше дека во оваа хајка против Брижит Макрон постоеа и споделувани беа различни фабрикувани фотографии за да се претстави „како таа наводно изгледала во детството кога била родена како машко“. Но, станува збор за невистина и за фотографии кои не се веродостојни туку креирани со помош на алатки. Теоријата на заговор доби поголема видливост во 2021 година кога Брижит Макрон покрена тужба против 2 жени кои објавија видео на Јутјуб во кое ја промовираа оваа теорија на заговор. Двете жени беа осудени да платат отштета. Дури и самиот Макрон беше присилен да го изрази своето неверување и згрозеност од овие невистини.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција