Не претседателот, туку премиерот Заев ја доби меѓународната награда „Иса-бег Исхаковиќ“

 

Босанскиот портал „Блијесак инфо“ објави текст со погрешен наслов: „Претседателот на Северна Македонија добитник на наградата именувана по основачот на Сараево“ (Predsjednik Sj. Makedonije dobitnik nagrade nazvane po utemeljitelju Sarajeva). Со ваквиот наслов медиумот ја дезинформира јавноста, бидејќи споменатата награда не ја доби претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, туку премиерот, Зоран Заев.

Станува збор за меѓународната награда „Иса-бег Исхаковиќ“ која им се доделува на странски државници за промоција на мирот, толеранцијата и разбирањето, а која на премиерот Заев му беше врачена на 27 ноември во Народниот театар во Сараево. Наградата му е доделена поради неговите напори и иницијативи посебно во воспоставување пријателства и соработка на Балканот.

Во содржинскиот дел на текстот информацијата за наградата е коректно пренесена, а Заев е претставен „претседател на Владата на Република Северна Македонија“. Во пообмениот извештај од настанот се точно пренесени и делови од обраќањето на Заев. Меѓутоа, во насловот е направена грешка поради која на читателите им се пренесува неточна информација. Иако, превидот најверојатно е направен случајно и ненамерно, сепак, ваквиот наслов дезинформира дека претседателот на државата Пендаровски ја добил оваа меѓународна награда. Што во секој случај претставува пропуст.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција