Не се поставени механизми за автоматско затворање на влезните врати во училиштата во Општина Теарце

Основно училиште во село Пршовце Фото: Вистиномер

Ветувањето на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за инсталација на механизми за автоматско затворање на влезните врати во основните училишта во Општина Теарце, не е исполнето. Ова ветување на Асани  е дадено во неговата предизборна програма „За општината што ја сакаме”, во делот Образование (стр. 4)

Ветување: Инсталација на механизми за автоматско затворање на влезните врати во основните училишта во Општина Теарце

[Извор: Изборна програма на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за локалните избори 2017 , датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за инсталација на механизми за автоматско затворање на влезните врати во основните училишта во Општина Теарце, не е исполнето. Ова ветување на Асани  е дадено во неговата предизборна програма „За општината што ја сакаме”, во делот Образование (стр. 4).

Проверката на „Вистиномер“ во основните училишта во Теарце, Пршовце, Доброште и Слатино, како најголеми села во оваa Општина, покажа дека таков проект којшто имаше за цел подигнување на безбедноста, но и модернизација на основните училишта, не е реализиран.

Основно училиште во Теарце Фото: Вистиномер

Од локалната самоуправа во село Пршовце, за „Вистиномер“, исто така, ни потрвдија дека во нивното школо не е поставен таков механизам и дека нема конкретен план за таков проект финансиран од Општина Теарце.

При проверка на веб-страницата на Општина Теарце, официјалниот Фејсбук профил на градоначалникот Исени, како и на агрегаторите на вести, не е достапна информација за инсталација на механизми за автоматско затворење на влезните врати во основните училишта во оваа Општина.

Исто така, „Вистиномер“, од самата Општина доби информација за неколку тековни и завршени проекти, но меѓу овие проекти не се ветените механизми за автоматско затворење на влезните врати во основните училишта.

Имајќи ја предвид направената проверка, ова изборно ветување на градоначалникот на Општина Теарце, Исен Асани, за поставување нови механизми на влезните врати во основните училишта во оваа Општина, го оценуваме како неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција