Не се случи најавената реконструкција на кејот во Охрид

ohrid.gov.mk

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески во изборната кампања за предвремените локални избори во Охрид (април 2019 година), вети реконструкција на градскиот кеј. Досега (01.10.2021) не се започнати градежни активности за обновување на кејот,  па ова негово изборно ветување го оценуваме како неисполнето.

Ветување: Реконструкција на кејот, како една од најважните туристички зони во градот

[Извор: ТВМ телевизија; датум:18.04.2021]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески во изборната кампања за предвремените локални избори во Охрид (април 2019 година), вети реконструкција на градскиот кеј. Досега (01.10.2021) не се започнати градежни активности за обновување на кејот,  па ова негово изборно ветување го оценуваме како неисполнето.

Веќе имаме изготвено Проект за реконструкција, издадено е одобрение за градба и изработена е Студија за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти од реконструкцијата. Вкупната процената вредност на проектот е околу 1,3 милиони евра и за негова реализација планирано е да се обезбедат средства од алтернативни извори на финансирање, како што се фондови или програми кои поддржуваат развој на туристичката инфаструктура – најави Георгиески  во април 2019 година за време на изборната кампања.

На 23 декември 2020 година Владата обезбеди 38 милиони денари за реконструкција на кејот во Охрид, а Георгиески најави  таа ќе започне пролетта 2020 година.

Со средства обезбедени од Владата ќе се реконструира Кејот во Охрид. Станува збор за активности во рамки на охридската локална самоуправа, преку кои со средства во износ од 38 милиони денари доделени од Владата целосно ќе биде реконструиран Кејот на езерото, како еден од најпрепознатливите обележја на Охрид. Од Секторот за урбанизам на Општина Охрид највуваат дека со реконструкцијата е предвидено да се опфати површина во должина од 992 метри на крајбрежниот дел во градската зона, пренесе Канал 5.

Во Мај 2021 година ТВМ телевизија извести дека проектот за реконструкцијата на градскиот кеј која требаше да започне оваа пролет, повтрно е на ревизија во Париз. Иако опшптината ги направила сите потребни измени и го усогласила со препораките, сепак не добила одобрување за старт на изградбата. Георгиекси тогаш кажа дека проектот за реконструкција на кејот е „заглавен“ во Унеско.

Во консултации со Националната комисија за Унеско ни беше кажано дека не смееме да почнеме со реконструкција на кејот додека и за усголасениот објект не добиеме позитивно мислење. И сега повторно го испративме во Париз и ќе чекаме одобрение за проектот кој што сметаме дека е усогласен. Парите ни се обезбедени , рече Геогиески за локалната ТВМ телевизија.

Иако се направени напори за реализација на овој проект, сепак досега (01.10.2021) реконструкцијата на  кејот во Охрид не е започната, па ова ветување го оценуваме како неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

 

Оцени: Соња Рилковска

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција