Не се вршат злосторства преку „геоинженеринг“, ХААРП и 5Г мрежата
Кога навистина би постоела програма од големи размери за исфрлање на хемикалии од авиони тогаш би морала да постои и голема оперативна програма за производство, товарење и распрснување на материјалите. Би било тешко да се чува таквата програма во тајност и барем едно лице во програмата би било доволно за да ги открие документите и фотографиите
Теоријата за постоењето на „кемтрејлс“ и „планско запрашување“ со отровни и тешки метали се повторува постојано, иако е многупати разбиена од науката. Кога навистина би постоела програма од големи размери за исфрлање на хемикалии од авиони тогаш би морала да постои и голема оперативна програма за производство, товарење и распрснување на материјалите. Би било тешко да се чува таквата програма во тајност и барем едно лице во програмата би било доволно за да ги открие документите и фотографиите
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и пишува:
Ужас… Катастрофа… Преку наводниот геоинженеринг, ХАРП системите и 5Г мрежата се вршат разновидни злосторства!
Видеоматеријалот претставува интервју на конзервативниот стручен аналитичар Такер Карлсон со Дејн Вигингтон долгогодишен противник на она што тој го нарекува „геоинженерство“. Видеото ја промовира теоријата на заговор за кемтрејлс и истото беше широко критикувано и дискредитирано во други медиуми.
Џастин Харт, кој поминал една деценија во авијацијата на „Икс“ напиша:
Можам да кажам дека обвинувањата за кемтрејлс се навредливи дури и за најелементарното разузнавање.
Тој додава дека треба да се земе предвид логиката – дека кога би имало таква завера за кемрејлс, тогаш таа би била откриена барем од еден „свиркач“ одвнатре со оглед на тоа што би биле потребни многу дозволи, инспекции, луѓе во авијацијата, луѓе што треба да ги достават „хемикалиите“ (кои во реалноста не постојат). Поконкретно тој објаснува дека кога би постоела таква операција тогаш би биле потребни голем број на луѓе што би учествувале во неа, со голема логистика, така што порано или подоцна таа би била разобличена. Но, тоа се нема случено.
Меѓународните проверки на сателитите би ги детектирале авионите. Апсурдно од морален аспект е да се тврди дека луѓето намерно ги трујат своите пријатели, семејства, и сограѓани Американци. Покажете ни еден „свиркач“ што ќе донесе документи. Се работи за контрејлс, напиша тој.
I spent a decade in aviation. I can tell you: the chemtrail accusations are INSULTING to even basic intelligence.
Consider the logistics:
– Thousands of modified jets = STCs, manuals, inspections, paper trails
– Tens of thousands of pilots, mechanics, ramp crews, dispatchers—no… https://t.co/FA68tDmEoN— Justin Hart (@justin_hart) November 10, 2025
Иако истражувањата за модификација на времето се реални, огромно мноштво квалитетни експерти оценуваат дека теоријата за кемтрејлс нема солидна основа. Во врска со ова, на пример, лабораторијата на истражувачот за геоинженерство Дејвид Кит објави екслпицитна изјава на својата веб-страница. Постојат и многу други ресурси на интернет, многу од нивните заклучоци се објавени на contrailscience.com.
Кога навистина би постоела програма од големи размери за исфрлање на хемикалии од авиони тогаш би морала да постои и голема оперативна програма за производство, товарење и распрснување на материјалите. Би било тешко да се чува таквата програма во тајност и барем едно лице во програмата би било доволно за да ги открие документите и фотографиите – објави истражувачот за геоинженерство Дејвид Кит.
Граѓани кои биле загрижени за кемтрејлс дошле да разговараат со Кит и објавено е видео од тој разговор.
Голем број извори ги побиваат теориите на заговор за кемтрејлс.
Теоријата за постоењето на „кемтрејлс“ и „планско запрашување“ со отровни и тешки метали се повторува постојано, иако е многупати разбиена од науката. Тврдењето дека постои тајна програма од големи размери за прскање од авиони е небазирана во реалноста. Тоа што кондензаторските траги од авионите некому му изгледаат „различно“ не е поткрепено со никаков доказ. Трагите од авионите се контрејлс и има научно образложение како настануваат.
Белите траги кои авионите ги оставаат зад себе се создаваат кога водената пареа и ситните честички изгорено млазно гориво на авионите се замрзнуваат во кристали од мраз. При ниска влажност на воздухот, кристалите само се распаѓаат. При поголема влажност тие опстојуваат и на крајот создаваат видлива трага на големи површини на небото.
За формирање на контрејлс се потребни три елементи: водена пареа, студен воздух и честички на кои може да се кондензира водената пареа. Водената пареа се произведува од авионот додека водородот во неговото гориво реагира со кислородот во воздухот. Не сите авиони оставаат бели траги – се проценува дека ова се случува на само околу 18 отсто од летовите. Воздухот треба да биде доволно студен за водата да замрзне, поради што тие обично се појавуваат само над одредени надморски височини – обично над 6 километри височина.
Според ова истражување, причината поради која трагите од авионите остануваат видливи е зашто тие летаат на поголеми височини отколку порано, што резултира со кондензациски траги, кои траат подолго време.
ХААРП е високофреквентна активна истражувачка програма на поларната светлина, која е заеднички проект од различни партнери: индустријата, американското министерство за одбрана и бројни универзитети ширум САД. Научниците направија лаборатории во Гакони, Аљаска, и инсталираа 180 високофреквентни антени, кои заедно можат да емитираат 3.600 киловати радиобранови на фреквенции од 2,8 до 10 мегахерци (висок фреквентен ранг), што им овозможува на карактеристиките на чувствителните инструменти за да ги изменат физичките фреквенции.
На сајтот на ХААРП поради бројните дезинформации и теории на заговор, чија мета е програмата, објавени се одговори на често поставувани прашања меѓу кои и тоа дали ХААРП може да го манипулира времето. Одговорот е негативен.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар