Не, таблетите „нурофен“ не содржат графен оксид

Редуциран графен оксид Фото: Wncolombo, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Железниот оксид се користи во храната, козметиката и фармацевтската индустрија. Железниот оксид е магнетен агенс за боја. Неговата употреба е строго регулирана и нема докази што укажуваат дека е опасен.

Списокот на состојки за Нурофен Заванс, производ што се продава во Австралија, е објавен од Австралиската администрација за терапевтски производи. Графен оксидот не е наведен како состојка, иако црниот железен оксид е. Железниот оксид се користи во храната, козметиката и фармацевтската индустрија. Железниот оксид е магнетен агенс за боја. Неговата употреба е строго регулирана и нема докази што укажуваат дека е опасен

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која споделува фотографија на која се гледа лекот „нурофен“ и вели:

Графен оксид

Фотографијата е преземена од видео кое, како што утврди нашата проверка, било споделувано на Фејсбук уште пред една година и во кое една жена тврди дека црниот отпечаток на капсулите Нурофен Заванс е направен од графен оксид. За да го докаже ова, таа раствора капсули од лекот во чаша вода, а потоа држи магнет на страната од чашата. Голем број мали црни глобули – за кои таа вели дека се графен оксид – се движат кон магнетот.

Тврдењата во видеото дека Нурофен (бруфен) содржи графен оксид ги дебанкирале независните проверувачи на факти како Ројтерс, Фулфакт и АФП.

Портпаролот на производителот на Нурофен, Рекит Бенкисер, во изјава за Ројтерс рекол дека таблетите не содржат графен оксид.

Мастилото ја содржи состојката црно железо оксид, која е широко користена во фармацевтската индустрија и е безбедна за човечка консумација. Мастилото не содржи графен или какви било слични супстанции, изјавил Бенкисер за Ројтерс, објаснувајќи ја магнетната реакција што се гледа во видеото на социјалните мрежи.

Списокот на состојки за Нурофен Заванс, производ што се продава во Австралија, е објавен од Австралиската администрација за терапевтски производи.

Графен оксидот не е наведен како состојка, иако црниот железен оксид е.

Железниот оксид се користи во храната, козметиката и фармацевтската индустрија.

Железниот оксид е магнетен агенс за боја. Неговата употреба е строго регулирана и нема докази што укажуваат дека е опасен.

Австралиската администрација за терапевтски производи (TGA), која ја надгледува безбедноста и ефикасноста на лековите во Австралија, за АФП изјави дека црниот железен оксид во таблетите Нурофен е безбеден за човечка консумација.

Црниот железен оксид обично се користи како пигмент за боење во мастилата за печатење на капсули и таблети. Дозволен е за употреба како супстанција за боење во лекови за орална употреба, под услов да ги исполнува барањата за квалитет и квантитет. Црниот железен оксид присутен во Нурофен Заванс ги исполнува овие барања“, изјавил портпаролот за АФП.

Спецификациите на TGA за употреба на црн железен оксид и други бои што се користат во лековите се достапни на нејзината веб-страница.

Поради сите погоре наведени факти, можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција