Не точно дека бомбардерите Б-2 Спирит се копија на Хортен-229, ниту дека Хитлер „го имал истиот авион пред Америка“

Фото: U.S. Air Force Airman 1st Class Michael S. Dorus

Б2 е стелт стратешки бомбардер способен за работа на големи надморски височини. Од друга страна, Хо-229 има релативно скромни можности, не напредувал подалеку од фазата на прототип, содржи висока технологија за своето време, но е премногу застарен за да остави наследство до денес. Единственото нешто што го има заедничко со Б-2 е тоа што обете платформи се базираат на дизајнот на „летачки крилја“

Б2 е стелт стратешки бомбардер способен за работа на големи надморски височини. Од друга страна, Хо-229 има релативно скромни можности, не напредувал подалеку од фазата на прототип, содржи висока технологија за своето време, но е премногу застарен за да остави наследство до денес. Единственото нешто што го има заедничко со Б-2 е тоа што обете платформи се базираат на дизајнот на „летачки крилја“

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Кога Хитлер го имаше ова, Америка јадеше диво месо. Затоа да ви каже дедо Гоце колку Американците ве лажат вас жителите од територијата наречена северџанија и целиот свет.

Во склоп на објавата се презентирани 2 фотографии, на првата пишува дека е од САД 1989 година, а втората од Германија 1942 година. На првата фотографија се наоѓа бомбардер Б-2 Спирит, а на втората авионите Хортен-229 на нацистичка Германија.

Но, не е точно дека бомбардерите Б-2 Спирит се копија на Хортен-229, ниту дека Хитлер „го имал истиот авион пред Америка“.

Како што пишуваат проверувачите на факти на „Анадолу“ – американскиот бомбардер Б-2 Спирит не е копија на Хортен 229. Единствената нивна сличност е во нивниот дизајн на „летечки крилја“. Но, освен сличноста во изгледот, немаат други заеднички точки и не е точно дека „Хитлер го имал овој авион пред САД“.

Американскиот бомбардер Б-2 е произведен од „Нортроп Груман“ во 1980-тите и го изврши својот прв лет во 1989 година. Бомбардерите Б-2, кои имаат најнапредна стел-технологија (притаено, скришно) ги користат само американските воздухопловни сили. Б-2 Спирит има дизајн на „летачки крилја“, што значи дека нема класична структура на трупот и опашката. Главната карактеристика на овие авиони, развиени со стелт-технологија, е тоа што се невидливи за радарите.

Авионот Хортен-229 на нацистичка Германија бил развиен од браќата Хортен во 1944 година и никогаш не го надминал прототипот. И покрај својот напреден и футуристички дизајн, никогаш не учествувал во борба во Втората светска војна. До нејзининото завршување биле дизајнирани само прототипи. Хортен-229 поминал тестирања кои покажале голема брзина и агилност, но ништо слично на Б-2. Овој авион никогаш не влегол во масовно производство. 

Освен дизајнот на „летачките крила“, Б-2 Спирит и Хо-229 немаат многу заедничко. Опремен со најсовремена електроника, Б-2 има многу моќни млазни мотори и внатрешни станици за оружје, изјави за Анадолу Анил Шахин од „СавунмаСанајиСТ“

Б2 е стелт стратешки бомбардер способен за работа на големи надморски височини. Од друга страна, Хо-229 има релативно скромни можности, не напредувал подалеку од фазата на прототип, содржи висока технологија за своето време, но е премногу застарен за да остави наследство до денес. Единственото нешто што го има заедничко со Б-2 е тоа што обете платформи се базираат на дизајнот на „летачки крилја“.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција