Не, Украина не сака да предизвика трета светска војна, ниту пак, таква војна е во тек

Од почетокот на агресивната воена инвазија на Русија врз Украина, во повеќе наврати пропагандата на Кремљ се обидува да ги изврти тезите односно да наметне низа оправдувања за своите напади. Вистината е дека Русија е таа којашто изврши неиспровоцирана воена инвазија врз Украина, на 24 февруари 2022 година. Украина како независна држава со територијален интегритет и суверенитет има право да се брани и да ги користи расположливите средства на помош од своите пријатели. Доколку не го прави тоа, тогаш таа би се соочила со уште поголеми територијални претензии од страна на Русија

Од почетокот на агресивната воена инвазија на Русија врз Украина, во повеќе наврати пропагандата на Кремљ се обидува да ги изврти тезите односно да наметне низа оправдувања за своите напади. Вистината е дека Русија е таа којашто изврши неиспровоцирана воена инвазија врз Украина, на 24 февруари 2022 година. Украина како независна држава со територијален интегритет и суверенитет има право да се брани и да ги користи расположливите средства на помош од своите пријатели. Доколку не го прави тоа, тогаш таа би се соочила со уште поголеми територијални претензии од страна на Русија

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

УКРАИНЦИТЕ ПО ПРИМЕРОТ НА ХИТЛЕР СЕ ПРАВАТ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА ..ТАА СЕ ВОДИ И Е ВО ТЕК ..МЕЃУТОА ИСТАТА САКААТ И ДА ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРААТ.

Тврдењето дека Украинците по примерот на Хитлер сакаат да предизвикаат трета светска војна и дека таа веќе е во тек, е на иста линија со руската пропагандна кампања дека Русија води војна со НАТО, а не со Украина и дека Западот е тој што сака да предизвика трета светска војна.

Споредбата на Украина со нацистичка Германија, како и споредбите на Зеленски со Хитлер, тврдејќи дека Украина сака да предизвика светска војна, се целосно неосновани и истите се побиваат со историски факти.

Тие говорат дека Адолф Хитлер ја започна Втората светска војна со агресивни инвазии врз други држави. Украина, пак, не нападна други држави, туку таа е нападната од Русија. Значи, паралелата со Хитлер е пропагандна конструкција, а не реалност.

Теоретичарите на заговор и руските пропагандисти постојано се обидуваат да го претстават претседателот на Украина како неонацист или нацистички симпатизер, иако Зеленски е Евреин и тројца негови вујковци загинале во Холокаустот.

Коментирајќи ги овие обвинувања, Зеленски во една прилика изјави дека Москва „го следи истиот концепт на Гебелс и тие ја користат истата методологија“ во обидот да ја оправдаат војната против Украина.

Не е првпат на социјалните мрежи да се шират наративи дека Украина е нацистичка и фашистичка, дека таму се глорифицира нацизмот (неонацизмот), како и дека Зеленски е нацист. Ова се прави сè со цел да се оправда руската агресија врз оваа суверена земја којашто трае повеќе од три години.

Тврдењето дека Украина и нејзините поддржувачи, пред сè НАТО и ЕУ сакаат трета светска војна и дека таа веќе е започната, исто така е дел од пропагандата на Кремљ. Според руската реторика, Западот преку санкции и испораки на оружје веќе ја вовлекол Русија во трета светска војна.

Како што нотира EUvsDisinfo, наративот дека „финансиската поддршка за Украина од страна на ЕУ земји е всушност потврда дека ЕУ сака војната да продолжи“ е веќе експлоатирана дезинформациска приказна и покрај тоа што војната во Украина е одговорност на Русија, која ја почна неиспровоцираната воена инвазија.

Од почетокот на агресивната воена инвазија на Русија врз Украина, во повеќе наврати пропагандата на Кремљ се обидува да ги изврти тезите односно да наметне низа оправдувања за своите напади. Вистината е дека Русија е таа којашто изврши неиспровоцирана воена инвазија врз Украина, на 24 февруари 2022 година. Да се очекува од Украина да седи со скрстени раце би значело дека граѓаните на Украина се согласуваат со тоа да бидат окупирани и територијално преземени од Русија, што не се случи. Украина како независна држава со територијален интегритет и суверенитет има право да се брани и да ги користи расположливите средства на помош од своите пријатели. Доколку не го прави тоа, тогаш таа би се соочила со уште поголеми територијални претензии од страна на Русија.

Не е точно ниту тврдењето во објавата дека трета светска војна веќе е во тек. Имено, официјално нема прогласена светска војна. Војната во Украина е регионален конфликт со глобални последици: санкции, енергетска криза, геополитички судири и опасност од ескалација. Опасноста е реална, но не постои официјално сценарио на глобален конфликт од типот на Втората светска војна.

Тезата дека „Украина по примерот на Хитлер предизвикува Трета светска војна“ не е потврдена со факти. Реалноста е дека во моментов имаме регионална војна со глобални ефекти, но не и официјално светска војна.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција