Не за неказнивоста!“ – ИФЕКС го одбележува 2 ноември со кампања

Во моментов, 9 од 10 случаи на убиства на новинари во светот се со статус нерешени и поминуваат неказнето. Ова води кон култура на неказнивост во која критичките гласови се замолчени, а на граѓаните им се ускратени точни информации за општествата во кои живеат.

Во моментов, 9 од 10 случаи на убиства на новинари во светот се со статус нерешени и поминуваат неказнето. Ова води кон култура на неказнивост во која критичките гласови се замолчени, а на граѓаните им се ускратени точни информации за општествата во кои живеат.

 

На 2 ноември се одбележува Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста* за злосторства против новинари, воведен со Резолуцијата на ООН од 2013 година. Во моментов, 9 од 10 случаи на убиства на новинари во светот се со статус нерешени и поминуваат неказнето. Ова води кон култура на неказнивост во која критичките гласови се замолчени, а на граѓаните им се ускратени точни информации за општествата во кои живеат.

Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста е клучен момент за подигање на глобалната свест за влијанието на неказнивоста врз слободата на изразување и за мобилизирање акција за правда.

Годинава, ИФЕКС ја спроведува кампањата „Не за неказнивоста“ која ги одразува тековните напори да се зголеми политичката волја на државите да ја прекинат неказнивоста, и тоа не само за злосторствата против новинарите, туку и против уметниците, активистите, блогерите и другите кои го применуваат своето право на говор. Посебен акцент оваа година се става на случаите на Ебрима Мане и Муса Саидкјан од Гамбија, Хинет Бедоја од Колумбија и Шан Дахар од Пакистан.

VectorLogo_3_single

Потребна ни е Вашата помош да ја прошириме пораката дека злосторствата против слободното изразување мора да имаат последици, и дека државите мора да се повикаат на одговорност кога вакви злосторства се вршат во рамки на нивните граници. Да работиме заеднички кон свет без неказнивост. Помогнете ни да го прошириме гласот преку:

  • Користење на хаштагот „Не за неказнивост“, на англиски #NoImpunity
  • Користење на логото против неказнивост како ваша слика на профили на социјални медиуми (No Impunity logo)
  • Следење и промовирање на нашиот веб-сајт ifex.org/noimpunity од 2 ноември

Користејќи го меѓународниот ден како основа, барајте одговорност и отчетност. Нашето право на слобода на изразување и информираност зависи од тоа!

За повеќе информации за тоа како да се одбележи Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста, посетете го наменскиот веб-сајт на УНЕСКО.

 

Извор: IFEX. (18.10.2016). Stories in the fight against impunity.

 

*Неказнивост: Кога заплашувањето, заканите, нападите и убиствата поминуваат неказнето, што создава клима на неправда и несигурност за сите кои го применуваат правото на слобода на изразување.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција