НЕД: Продолжува борбата против расната сегрегација и дискриминација во САД

Фото: НЕД

Бруталното убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полициски службеник во Минеаполис предизвика гнев и без, какви што не се забележани во Соединетите американски држави повеќе од педесет години, уше од убиството на Мартин Лутер Кинг Џуниор, се вели во соопштението на Националниот фонд за демократија (НЕД) по повод последните случувања во САД

 

Бруталното убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полициски службеник во Минеаполис предизвика гнев и без, какви што не се забележани во Соединетите американски држави повеќе од педесет години, уше од убиството на Мартин Лутер Кинг Џуниор, се вели во соопштението на Националниот фонд за демократија (НЕД) по повод последните случувања во САД.

„Нашата демократија е ставена на тест без преседан во сеќавањето на поголемиот број Американци“, стои во соопштението на НЕД, во кое се додава дека нема кризата нема да се надмине ако четворицата полицајци одговорни за убиството на Џорџ Флојд не се гонат во целост според законот и доколку Америка не се посвети целосно на принципите на расната правда и еднаквоста за сите граѓани“.

„Мисијата на НЕД за поддршка на луѓето ширум светот, кои се борат за демократија, е заснована врз истите вредности на слобода и човекова еднаквост што го инспирираа движењето за граѓански права, со кое, пак, беше ставен крај на системот на Џим Кроу на легализирана расна сегрегација и дискриминација во САД. Овие вредности се вкоренети во американските верувања и, потпирајќи се врз нив, движењето за граѓански права го постигна својот историски пробив. Но, треба да се направи многу повеќе за да се продолжи борбата и да се стави крај на расизмот“, велат од НЕД.

Оттаму посочуваат дека неправдите кои се длабоко вкоренети во историјата и во општеството, тешко се отстрануваат, како и во САД, така и во останатите држави.

„Борбата за правда е континуирана, и се надеваме дека бесот кој започна со убиствата на Џорџ Флојд, Ахмауд Арбери, Броона Тејлор и други, ќе создадат нова политичка волја, да ја реформираме и подобриме нашата демократија“, се вели понатаму во соопштението.

Од НЕД додаваат дека такво движење е потребно не само за доброто на САД, туку за доброто на сите храбри луѓе во првите борбени редови на демократските борби низ целиот свет на кои им е заедничка посветеноста на човековите слободи и еднаквоста заедно со владеење на правото.

Тие велат дека и во САД, но и насекаде мора да се заштити правото на мирен
протест, слободата на собирање и слободата на изразување, кои се дел од успешните демократски општества.

„Демонстрантите и оние од спротивната страна имаат право да бидат безбедни кога маршираат мирно, но имаат и право гласно да ги искажат совите ставови и да бидат слушнати. Овие принципи, кои се основни за НЕД, се универзални. Нивна реализација, особено во услови на вкоренети неправди, ќе бара од сите поединци овие вредности да ги пренесат во своите домови, заедници и работни места“, велат од НЕД.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.