Недостигот на електрична енергија не ги погоди Белгија, Грција и Холандија

Фото: Matthew Henry on Unsplash

Шпанија, Португалија, Франција и Андора претрпеа прекини во електричната енергија на 28 април, но не и Белгија, Грција и Холандија, спротивно на тврдењата во објавата што ја рецензираме

Шпанија, Португалија, Франција и Андора претрпеа прекини во електричната енергија на 28 април, но не и Белгија, Грција и Холандија, спротивно на тврдењата во објавата што ја рецензираме

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

ВИДЕО: Шпанија и Португалија утрово ве враќаат во нормала, по ненадејното „помрачување“ предизвикано од масовен прекин на електрична енергија. Без струја и понатаму се делови од Франција, Грција, Белгија, Холандија, Андора. Причините непознати.

Шпанија, Португалија, Франција и Андора претрпеа прекини во електричната енергија на 28 април, но не и Белгија, Грција и Холандија, спротивно на тврдењата во објавата што ја рецензираме.

Прекините на електричната енергија предизвикаа застој во Шпанија и Португалија, со приземјени авиони, суспендирани болнички операции и запрен јавен превоз. Баскискиот регион на Франција, во непосредна близина на границата со Шпанија, беше без електрична енергија неколку минути во понеделникот, објави Ројтерс, додека Андора, исто така, беше накратко погодена, според извештаите на медиумите.
Меѓутоа, немало масовен недостиг на електрична енергија или „затемнувања“ во Белгија, Грција ни во Холандија. На социјалната мрежа „Икс“ се прошири ваквата дезинформација дека во Белгија, Грција и Холандија имало проблеми со електричната енергија, но содржината е обележана со „забелешка на заедницата“, според која таа е невистина.
Недостигот на струја во Шпанија, Поргуталија, Андора и делови од Франција. Нема масовни недостатоци на струја во Грција, Белгија ни во Холандија, пишува во белешката.
Како што пишуваат проверувачите на факти на „Ројтерс“, „Еурелектрик“, компанија што ја претставува индустријата за електрична енергија на европско ниво, преку е-пошта соопшти дека прекинот на електричната енергија ги погодил само Шпанија, Португалија, Андора и, во многу ограничена мера, Франција.
Белгија и Холандија не претрпеа никакви поголеми прекини на електричната енергија на 28 април, соопштија портпаролите на владите во двете земји за Ројтерс.
Поради сите горенаведени факти објавата ја оценуваме како делумна невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција