Недовршена реконструкцијата на ОУ „Ванчо Прке“ – Штип

Реконструкцијата на училиштето не е довршена. Фото: Веб-сајт на ОУ „Ванчо Прке“ - Штип

 

Проект: Реконструкција во ОУ „Ванчо Прке“

Целта ни е обезбедување просторни услови за одвивање на квалитетна на­става во училиштето. Со реконструкцијата ќе бидат опфатени покривот, про­зорците, вратите, подовите, ѕидовите/фасадата и греењето. (Извори на финансирање: Буџет на РМ, Рок: 2015 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Во изборната програма со која што ја побара довербата на граѓаните на општина Штип на локалните избори во 2013 година, на 20. страница Илчо Захариев вети реконструкција на основното училиште „Ванчо Прке“, кое се наоѓа во поширокиот центар на Штип. Според утврденото, ова ветување на Захариев, кој на изборите победи и стана градоначалник на општина Штип, е делумно исполнето.

Првото споменување на реконструкцијата на ООУ „Ванчо Прке“ во Штип е од 19 август 2014 година, кога телевизијата Ирис известува дека завршила реконструкцијата.

Во Штип заврши реконструкцијата на основното училиште Ванчо Прќе, сега се очекува да стартува и замената на прозорците и вратите во основното училиште Тошо Арсов.

Што точно значи  од планираната реконструкција е извршено дознаваме од отчетот на градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, за периодот 2013 – 2015 година. Во него, на 340 страница, читаме дека е направена

Замена на под и врати во ООУ „Ванчо Прке“

Во Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ презентиран на 20 март годинава, на  стр. 311  читаме дека е извршена реконструкција на покривот, заменети се прозорци, врати и подови во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип.

На средба со ученици од други две основни училишта од Штип, на 28 декември 2015 година, градоначалникот Захариев нагласува дека извршена реконструкција на ОУ Ванчо Прке, но допрва треба да се реконструира фасадата.

Го реконструиравме училиштето „Ванчо Прќе”, но таму претстои проект со Република Бугарија, каде што комплетно треба да направиме нова фасада, која ќе биде максимално енергетски ефикасна за да децата имаат навистина одлични услови во училиштето, рече Захариев.

Бидејќи прелистувањето на делот Настани на веб-сајтот на Општина Штип не откри информација дека е направена реконструкција на фасадата на училиштето, а рокот наведен во ветувањето во изборната програма на Илчо Захариев, односно 2015 година е зад нас, според методологијата на Вистиномер, ветувањето за реконструкција на ОУ „Ванчо Прке“ е делумно исполнето.

 

ИЗВОРИ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција