Недозволиво величање на функционери преку епидемијата со корона вирусот

Во ова време на пандемија, нема место за политичката и медиумска пропаганда, а наместо тоа на јавноста и е потребно мобилизирање, поддршка и сензибилизирање за надминување на корона кризата. Текстот што го разгледуваме, заслугите за надминување на епидемиската состојба во земјата му ги препишува на едно лице. Авторот со тоа повредил неколку члена од Кодексот на етика за новинарите, покажувајќи блискост со личност кој е дел од политиката

 

Веста што се разгледува

Линк до оригиналниот напис: „Интензивниот центар формиран од Османи, денес спасува многу животи од коронавирусот“  Qendra intensive e krijuar nga Osmani, sot shpëton shumë jetë nga Koronavirus

Датум на објавување: 26.03.2020

Датум на рецензија: 04.04.2020

Рецензира: Наиле Даути

Посочениот текст во никој случај не треба да има медиумски простор дури и во сосема нормални околности, и никогаш во околности како овој со глобалната пандемија. Таквиот начин на пишување е многу непрофесионален. Подолу ќе појасниме како слепата желба за промовирање на политички фигури од страна на некои медиуми не познава никакви етички и морални граници.

„284 илјади луѓе починаа во 2009 година во светот од вирусот на свинскиот грип кој инаку беше наречен H1N1. Вирусот беше присутен и во Македонија, но се појавува интересен факт по 11 години – во тоа време министер за здравство беше Бујар Османи кој основаше Центар за интензивна нега во Клиниката за инфективни болести. Денес тој центар спаси многу животи со Ковид 19“, се вели во статијата.

Користејќи го овој моментум, кога сите се љубопитни за какви било информации што кружат, особено за вирусот што го зафати целиот свет, авторот на статијата одлучил да направи маркетинг за политичка фигура, токму со тоа што го поврзал истиот со ситуацијата. Тој дури тврди дека го нашол „спасителот“ на луѓето погодени од Ковид, затоа што тој бил министер за здравство пред 11 години, кога бил основан споменатиот центар.

Величање на Бујар Османи

Станува збор за поранешниот министер за здравство Бујар Османи. Но, авторот на статијата треба да знае дека секој што го претставува народот има обврска да ги задоволи потребите на луѓето. Покрај тоа, секој што создава или формира државна институција не го плаќа од сопствен џеб, туку тоа се пари на даночните обврзници.

 „Лекарите кои се занимаваат со заразни болести велат дека ако не би постоел тој центар, би имало повеќе смртни случаи од Коронавирус. Центарот создаден во 2009 година е главната линија од фронтот со вирусот Корона. Центар што денес спасува животи, каде во тоа време по формирањето од Бујар Османи, беа купени и респиратори кои продолжуваат да се користат и овие деновиве со вирусот Корона “.

Авторот на текстот се осврнува на лекарите кои се занимаваат со заразни болести, наводно тие изјавиле дека доколку не би постоел овој центар тогаш би имало многу смртни случаи од коронавирусот. Отсекогаш сме истакнувале и повторно истакнуваме, ако не спомнувате имиња кога користите множина за луѓе во одредени области, само создавате недоверба кај читателите.

Вториот и најголемиот морален проблем во овој пасус лежи токму во оваа реченица „…доколку не би постоел овој центар тогаш би имало многу смртни случаи од коронавирусот“. Непростливо и неразбирливо е, како некој може да го достигне ова ниво, на непрофесионалност и нечовечност, да даде вакви констатации. Ни најмалку не држи вода дека ако не би постоел ваков центар многу луѓе би умреле од вирусот. Луѓето во овој случај, можат да умрат од недостиг на лекари и од небрежност кон самите себеси во почитувањето на препорачаните мерки. Факт е дека делови од здравствените установи се многу важни, но да се каже дека многу смртни случаи ќе имало ако не бил тој ценатар е смислено претерување токму со цел да се велича политичарот.

Во овој текст се нарушени повеќе членови од Кодексот на етика за новинарите, како што се членовите 8, 13, 14. Има повеќе коментари отколку факти. Има блискост со политички фигури, што е забрането со Етичкиот кодекс, и многу други професионални проблеми.

 „Начинот на информирање во случај на катастрофи, природни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски рочишта мора да се ослободи од сензационализам“.

„Новинарите треба да прават разлика помеѓу факти и мислења, помеѓу вести и коментари“.

„Известувањето за политичките процеси, особено за изборите, мора да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионално растојание од политичките субјекти.“

Концепти на манипулација „Лажна дихотомија“ и „Лажна аналогија“

Во написот се тврди дека ако не би постоела единицата за интензивна нега, многу луѓе би умреле, од што се заклучува дека не постои друга опција. Но, не смееме да заборавиме дека институциите во вакви случаи се мобилизираат за да ја надминат ситуацијата што е можно побрзо и така на пример беше формирана мобилната болница, токму за да се надмине оваа состојба. Значи има и други алтернативи и не е или тој центар или смрт. Авторот прави аналогија меѓу две неповрзани работи, потоа го користи истото за да направи една сосема неетичка претпоставка. Бујар Османи во моментов е вицепремиер за европски прашања, додека авторот копа во претходните функции на истиот за да ја поврзе ситуацијата со него и да „докаже“ дека има голема заслуга за лекување или спречување на смртните случаи предизвикани од Ковид. Концептите на манипулација „лажна дихотомија“ и „лажна аналогија“ се појаснети во прирачникот КриТинк.

За читателите

Читателите треба да ги осудат ваквите текстови и медиуми со тоа што нема да им посветат внимание и нема да им подарат клик. Вашето внимание е главната храна за нив, па така, избегнувајќи ги и целосно игнорирајќи ги, следствено, ќе помогнете да ги намалите ваквите текстови без никаков интерес, прилично пропагандистички и со политички бои. Напис што ја користи вашата емотивна состојба како мамка за придобивка, знајте дека нема никаква врска со новинарството.

 

Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција