Негирањето на холокаустот не е слобода на говор, туку кривично дело во Германија

Берлин Фото: wal_172619 auf Pixabay

Многу очевидци и докази недвосмислено сведочат и потврдуваат со сигурност дека холокаустот се случил. Не е вистина дека „негирањето на холокаустот“ е исто со изразување лични мислења за историјата на други држави. Во овој ужасен трагичен чин, загинаа милиони луѓе, Евреи и неговото негирање не претставува слобода на говор. Во Германија е ограничено таквото изразување ставови и негирањето на холокаустот претставува кривично дело за кое се добива казна затвор од 5 години

Многу очевидци и докази недвосмислено сведочат и потврдуваат со сигурност дека холокаустот се случил. Не е вистина дека „негирањето на холокаустот“ е исто со изразување лични мислења за историјата на други држави. Во овој ужасен трагичен чин, загинаа милиони луѓе, Евреи и неговото негирање не претставува слобода на говор. Во Германија е ограничено таквото изразување ставови и негирањето на холокаустот претставува кривично дело за кое се добива казна затвор од 5 години

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук каде пишува:

Урсула Хавербек почина на 96 години.
Последните години од животот ги поминала во затвор.
Нејзиното злосторство беше велејќи дека холокаустот не се случил како што вели Холивуд.
Таа беше жива кога тоа се случи, но луѓето што ја затворија сè уште не беа родени.
Вака изгледа еврејската надмоќ.
Не е нелегално да се преиспитува кинеската историја!
Не е нелегално да се доведува во прашање европската историја!
Не е нелегално да се преиспитува африканската историја!
Незаконски е да се преиспитува еврејската историја!
Зошто го толерираме ова лицемерие?
Време е да престанете да бидете кукавица и да зборувате!
Казариан Мафија.

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, многу држави во Европа имаат пошироки закони кои го криминализираат негирањето на геноцидот, вклучително и на холокаустот. Меѓу државите што имаат забрането да се негира холокаустот се Австрија, Чешка, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Полска. Не е точно наведеното во објавата дека холокаустот е нешто кое што го „вели Холивуд“, туку холокаустот е историски факт. Неговото негирање е забрането со закон во Германија.

По тој основ Урсула Хавербек  беше осудена на 16 месеци затвор во Германија годинава. Таа повеќепати претходно е притворана, бидејќи го негирала постоењето на холокаустот. Судот во Хамбург ја осудил зашто и во 2015 година го негирала холокаустот за време на судење на поранешен чувар на нацистички камп. Во последната пресуда, судот го имал предвид нејзиното претходно поведение и осудуваност за истата работа, како и тоа дека „го користела судењето за да ги дисеминира своите погледи”. Хавербек неколкупати ги повторувала своите забелешки за време на судењето. Исто така, Хавербек во 2008 година била претседателка на крајно десничарски тренинг центар, којшто бил затворен поради ширење на нацистичка пропаганда.

Како што пишува „Тајмс оф Израел“ таа и претходно била осудувана поради негирање на нацистичкиот геноцид, а еднаш и на телевизија изјавила дека „холокаустот е најголемата и најодржана лага во историјата“. Хавербек е осудена откако ја загубила жалбата за коментари кои ги дала во 2015 година за време на судењето на  поранешниот стражар во Аушвиц, Оскар Гроенинг, кој бил осуден за соучесништво во убиство. Како што извести Обвинителството, Хавербек тогаш што рекла дека „концентрациониот камп Аушвиц бил само работнички камп и таму не се случувале масовни убиства“.

Судењето беше одложувано неколкупати поради пандемијата со коронавирусот и здравствени причини. Во пресудата е земена предвид и претходна пресуда од Берлинскиот суд од 2022 година, за тврдења кои што Хавербек ги дала на настан.

Според законот во Германија, нелегално е да се негира геноцидот извршен од страна на режимот на Адолф Хитлер во Аушвиц Биркенау кампот во окупирана Полска каде животите ги загубија барем 1,1 милиони луѓе, најголемиот дел европски Евреи.

Негирањето на холокаустот и другите форми на омраза се кривично дело во Германија со казна затвор до 5 години, додека употребата на нацистички симболи и свастики е забранета. Оттаму во вода паѓаат тврдењата во објавата што ја рецензираме, дека наводно станува збор за „некакво право на интерпретација на европската историја“. Исто така, не е точно дека во случајов се практикува некаква „еврејска надмоќ“ со оглед на тоа што судот што досудил казна затвор за Урсула Хавербек е германски. Објавата шири антисемитски ставови.

Во 2013 година земjите членки на Меѓународната алиjанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА) се договориjа за работната дефинициjа коjа се однесува на негирањето и искривувањето на холокаустот:

Негирањето на холокаустот претставува дискурс и пропаганда коишто ги негираат историската вистина и обемот на истребувањето на Евреите од страна на нацистите и нивните соучесници за време на Втората светска воjна, попознато како холокауст или Шоа. Негирањето на холокаустот се однесува конкретно на секоj обид да се тврди дека холокаустот/Шоа воопшто не се случил. Негирањето на холокаустот може да вклучува jавно негирање или изразување сомнежи за примената на главните механизми за уништување (како што се гасни комори, масовни стрелања, изгладнување и измачување), како и на постоењето умисла во вршењето геноцид врз евреjскиот народ. Негирањето на холокаустот во неговите разновидни облици претставува израз на антисемитизам. Обидот да се негира геноцидот врз Евреите претставува усилба да се ослободат националсоциjализмот и антисемитизмот од вината и одговорноста за геноцидот врз евреjскиот народ. Меѓу облиците на негирање на холокаустот се вброjува и обвинувањето дека Евреите го преувеличуваат или измислуваат холокаустот/Шоа за свои политички или финансиски цели проследено со верување дека холокаустот/Шоа бил резултат на заговор скроен од Евреите. Целта на ваквите обиди е да се обвинат самите Евреи за холокаустот/Шоа, а анти- семитизмот повторно да стекне легитимитет.

Честа цел на негирањето на холокаустот е и да се возoбнови отворениот антисемитизам и да се промовираат политички идеологии и услови погодни за случување на истиот настан што се негира.

 

Убиството на шест милиони Евреи за време на холокаустот е наjопсежно документиран геноцид во историjата. За време на холокаустот, нацистите и нивните соjузници воделе беспрекорна евиденциjа коjа вклучува стотици милиони страници во кои е содржано планирањето и извршувањето на ова злосторство. Исто така, постои и обемна филмска и фотографска документациjа за последиците од холокаустот, вклучуваjќи го и ослободувањето на концентрационите логори, откривањето на масовните гробници, безброjните кажувања на очевидци и сведоштва на преживеаните од холокаустот.

Во резолуциjата на Генералното собрание на Обединетите нации 61/255 безрезервно се осудува секое негирање на холокаустот. Сите земjи членки безрезервно се повикуваат да го отфрлат секое негирање на холокаустот како историски настан, било делумно или во целост и сите активности во таа смисла. Негирањето на холокаустот ја зголемува шансата тој да се повтори.

Многу очевидци и докази недвосмислено сведочат и потврдуваат со сигурност дека холокаустот се случил. Не е вистина дека „негирањето на холокаустот“ е исто со изразување лични мислења за историјата на други држави. Во овој ужасен трагичен чин, загинаа милиони луѓе, Евреи и неговото негирање не претставува слобода на говор. Во Германија е ограничено таквото изразување ставови и негирањето на холокаустот претставува кривично дело за кое се добива казна затвор од 5 години. 

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција