Неисполнето: Лични карти во вашиот дом

Прцедурата за лични документи во вашиот дом не постои. Фото: Скриншот од Алсат

Воведување услуга за издавање лични документи во нивниот дом или деловен простор преку соодветен надомест. (Буџет: во рамки на одобрениот буџет. Рок: 2015)

[ Извор: Изборна програма на ВМРО ДПМНЕ ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ за предвремените избори во 2014 година, на стр. 234, владејачката партија има поставено, a неисполнето ветување, за олеснување на постапката за издавање на лични карти, со тоа што тие би можеле да се издадат и во домот на граѓаните или во деловниот простор, преку соодветен надомест.

Во предизборните настапи во 2014 година, екс министерката за внатрешни работи, како носител на листа во втората изборна единица, исто така, го повторуваше тоа ветување.

-Во делот од програмата за МВР предвидуваме воведување услуга за издавање лични документи во нивниот дом или деловен простор преку соодветен надомест. Проектот ќе се реализира најдоцна до почетокот на наредната година, истакна Јанкулоска.

Ова ветување подоцна, по изборите, е внесено во програмата за работа на Владата во одделот Правда и безбедност. Таму ветувањето е исто и е конкретизирано во проект, исто така, со даден рок:

Проект „Лична карта во Вашиот дом“– услуга за издавање лични документи во нивниот дом или деловен простор преку соодветен надомест (јануари 2015)

По пребарувањето на интернет за вест дека е воведен ваков проект, не може да се дојде до каква било потврда. Воедно, со проверка на сајтот на МВР во делот на Управните работи и процедурата за издавање лична карта по првпат или нејзина замена, никаде не е наведена опцијата дека тој документ со соодветен надомест би можел да се издаде надвор од просториите за некоја од подрачните единици на МВР. Поради сето погоре наброено, ова ветување се смета за неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

Оценето од: Тео Блажевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција