Нема да добиете фрижидер или шпорет ако напишете „истакнато“ во коментар
Објавата е измамничка и има за цел да собере приватни информации од корисниците на социјалните мрежи кои потоа би се злоупотребиле за лични цели. Фејсбук страницата која ја промовира лажната наградна игра има само 1.000 следбеници и 3 објави со слична содржина за наводни наградни игри. Во делот на информации за страницата нема ништо, ниту адреса, ниту контакт од фирмата, што веднаш отвора сомнеж за нејзината релевантност
Објавата е измамничка и има за цел да собере приватни информации од корисниците на социјалните мрежи кои потоа би се злоупотребиле за лични цели. Фејсбук страницата која ја промовира лажната наградна игра има само 1.000 следбеници и 3 објави со слична содржина за наводни наградни игри. Во делот на информации за страницата нема ништо, ниту адреса, ниту контакт од фирмата, што веднаш отвора сомнеж за нејзината релевантност
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Со задоволство ве известуваме дека 1000 непродадени машини за перење, фрижидери и шпорети поради мали гребнатини и стара залиха ќе бидат случајно распределени на сите вас. Едноставно напишете @ и потоа кликнете на истакнато. Ако бојата стане сина, ќе бидете вклучени во натпреварот. Победникот ќе биде извлечен на 10 март во 19:00 часот.
Дополнително, во објавата што ја рецензираме, поставени се фотографии од бела техника која наводно ќе биде подарена на тие што ќе напишат коментар „истакнато”.
Во коментарите под објавата, на секој коментар од следбениците, е оставена истата порака:
Лајкнете ја и споделете ја оваа објава, а потоа проверете го вашето сандаче, со среќа! .
Објавата е доста вирална и во моментот на нашата анализа има 444 допаѓања, 1.400 коментари и 112 споделувања.
Објавата е измамничка и има за цел да собере приватни информации од корисниците кои потоа би се злоупотребиле за лични цели.
Фејсбук страницата која ја промовира лажната наградна игра има само 1.000 следбеници и 3 објави со слична содржина за наводни наградни игри. Во делот на информации за страницата нема ништо, ниту адреса, ниту контакт од фирмата, што веднаш отвора сомнеж за нејзината релевантност.
Фотографиите од објавата ги најдовме и во објави на шпански јазик, за кои проверувачите на факти, исто така, утврдиле дека се лажни и измамнички.
Фотографиите ги најдовме и во објавени на монголски и киргиски јазик.
Доколку навистина би имало фрижидери или машини за перење кои се оштетени или имаат гребнатинки, тогаш тие би се продавале во салоните за бела техника ширум државата за пониска цена, или, пак, би биле вратени на производителот, но во никој случај не би биле подарувани за некој да сподели пост и да напише „истакнато”.
Самата инструкција „сподели и коментирај истакнато“ е веќе многупати користена и злоупотребувана во овие невистинити наградни игри и лажни промоции. Инструкцијата „сподели и коментирај“ е премногу лесна инструкција, што е и целта на самиот креатор на овие лажни наградни игри – да се измамат што поголем број на луѓе, па задачата што треба да ја направат мора да е исклучително лесна за спроведување.
Фотографиите споделени во постот што го рецензираме исто така се преземени од интернет, односно не се од продажен салон во државата. Дополнително, самиот текст на лажната наградна игра, е автоматизиран, содржи логички и граматички јазични грешки, што, исто така, секогаш треба да им биде црвен аларм на граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами.
Поради сите горенаведени факти, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар