Нема докази дека Алкараз му платил долг од 87 илјади долари на ресторан што му давал бесплатни оброци
Приказната за Алкараз која се споделува во објавата која ја анализираме, не може да се најде во ниту еден кредибилен медиум на англиски или на шпански јазик. Кога го пребаравме текстот од објавата на англиски и шпански јазик, го најдовме само на социјалните мрежи, придружен со фотографии на кои Алкараз се прегрнува со повозрасен човек кој би требало да биде наводно сопственикот на ресторанот кој му давал бесплатни оброци. Фотографиите се креирани со ВИ.
Приказната за Алкараз која се споделува во објавата која ја анализираме, не може да се најде во ниту еден кредибилен медиум на англиски или на шпански јазик. Кога го пребаравме текстот од објавата на англиски и шпански јазик, го најдовме само на социјалните мрежи, придружен со фотографии на кои Алкараз се прегрнува со повозрасен човек кој би требало да биде наводно сопственикот на ресторанот кој му давал бесплатни оброци. Фотографиите се креирани со ВИ
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Карлос Алкараз исплатил 87.000 долари за да спаси ресторан кој му давал бесплатни оброци кога бил во средно училиште.
Семејниот ресторан три години му давал бесплатен појадок на Карлос Алкараз, секое утро.
Кога Карлос дознал дека се затвора поради долг, им го исплатил долгот без да им каже претходно, а потоа им подарил и табла на газдите на која се потпишал и напишал:
„Дом за оние кои ми ги поттикнуваа соништата секое утро.“
Таа табла денес стои внатре во негова чест и благодарност.
Според негови блиски, Карос тие пари им ги подарил без никаква обврска за враќање, а таблата ја оставил за да им помогне и понатаму во реафирмација на бизнисот.
Карлос Алкараз Гарфија е шпански професионален тенисер. Алкараз ја започна својата професионална кариера во 2018 година на 15-годишна возраст. Тој се проби меѓу првите 100 на ранг-листата во мај 2021 година, а таа година ја заврши меѓу првите 35 откако стигна до четвртфиналето на Отвореното првенство на САД.
Алкараз е роден на 5 мај 2003 година, во Ел Палмар, Мурсија, Шпанија. Татко му е Карлос Алкараз Гонзалес, а мајка Вирџинија Гарфија Ескандон. Алкараз има еден постар брат, Алваро и двајца помали браќа, Серхио и Хаиме.
Приказната за Алкараз која се споделува во објавата која ја анализираме, не може да се најде во ниту еден кредибилен медиум на англиски или на шпански јазик.
Кога го пребаравме текстот од објавата на англиски и шпански јазик, го најдовме само на социјалните мрежи, придружен со фотографии на кои Алкараз се прегрнува со повозрасен човек кој би требало да биде наводно сопственикот на ресторанот кој му давал бесплатни оброци.
На некои од овие објави на англиски јазик на Фејсбук, стои објаснување дека се креирани со Вештачка интелигенција.
Доколку ги погледнете одблиску фотографиите на кои Алкараз позира со повозрасниот човек, ќе видите дека тие не делуваат реално, односно видливи се деформитети во делот на прстите на рацете.
Фотографиите ги проверивме на Хиве – алатка за детекција на вештачка интелигенција која оцени дека тие не се реални.

Што се однесува до приказната дека Алкараз му платил долг на некој ресторан од 87 илјади долари, за неа не најдовме кредибилни извори и докази.
Магазинот „Пипл“ на 9 јуни 2025 година има објавено напис со наслов: „Семејството на Карлос Алкараз: Сè за родителите и браќата и сестрите на тенискиот шампион“. Во овој напис во кој се споделуваат детали за неговото семејство, никаде не се спомнува приказната со ресторанот.
Семејството на Алкараз се појави и во неговата документарна серија на Нетфликс. Но и тука не се спомнува ништо во врска со приказната споделена во објавата која ја анализираме.
Имајќи предвид дека оваа приказна се појавува само на социјалните мрежи и ја нема објавено ниту еден кредибилен медиум на англиски или шпански јазик, нешто што го утврдивме со пребарување на Гугл, можеме да заклучиме дека истата е плод на фантазија со цел привлекување на што е можно повеќе лајкови. Тоа го поткрепува и фактот што приказната се споделува со фотографии креирани со ВИ.
Не е првпат на социјалните мрежи да се споделуваат измислени приказни поврзани со познати личности.
Поради сето погоре, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар