Нема докази дека американска компанија ќе произведува ГМО храна во С. Македонија

Органски и ГМО домат Фото: Делфина, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Што се однесува до тврдењето за ГМО храната во Северна Македонија, сè уште нема такво нешто. Имено, правната рамка за ГМО храната е пропишана со Законот за генетски модифицирани организми и Законот за безбедност на храната. Со одлука на Владата на РСМ овие одредби имаат одложена примена и ќе важат по приемот на С. Македонија во Европската Унија.

Правната рамка за ГМО храната е пропишана со Законот за генетски модифицирани организми и Законот за безбедност на храната, каде што ГМО храната е дефинирана со одредбите во 4 став 1 точка 61 и во член 56. Со одлука на Владата на РСМ овие одредби имаат одложена примена и ќе важат по приемот на С. Македонија во Европската Унија

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Што прави клиентелистичка влада

Вакви луѓе не треба да го поседуваат земјиштето во државава. Вакви марионети ќе не трујат со GMO храна, како до сега да ни е малку. Да знаете зошто трчаат во Америка скоро секој месец.

Гниди

Објавата споделува напис со наслов: „Владата им даде земјиште на американски компании кои произведуваат ГМО храна“.

Во написот се посочува дека Владата на една од последните свои седници се согласи со непосредна спогодба преку договор за закуп да му отстапи земјоделско земјиште на ГЛОБАЛ ХАРВЕСТ ИНИШИЈАТИВ (ГХИ), меѓународна иницијатива со седиште во Вашингтон, зад која стојат големи американски агроиндустриски и технолошки компании.

Иако формално не е класична невладина организација, GHI функционира како платформа што ги поврзува приватниот сектор, политиката и науката во областа на глобалното земјоделство во САД. Зад иницијативата стојат мултинационални компании како Archer Daniels Midland, DuPont, John Deere и Monsanto, што практично се работи за застапник на американската индустријата во глобалните дебати за храна и земјоделство. Во фокусот на иницијативата за формирањето на GHI во 2009 е тоа како да се зголеми производството на храна во услови на растечка светска популација, климатски промени и ограничени природни ресурси. Организацијата се залага за зголемување на продуктивноста во земјоделството преку инвестиции во технологија, истражување и модерни аграрни практики, стои во написот.

Во написот никаде не се спомнува дека американските компании ќе произведуваат ГМО храна во Македонија со којашто ќе нè трујат, како што тоа го тврди објавата што ја анализираме.

Во написот што објавата го споделува, во делот на производството на ГМО храна се вели:

Global Harvest Initiative најчесто е критикувана поради својата блиска поврзаност со големи агро-индустриски корпорации и начинот на кој го дефинира „решението“ за глобалниот проблем со храна. Критичарите тврдат дека: GHI повеќе ги застапува интересите на големиот бизнис отколку на малите фармери и дека политиките што ги промовира одат во корист на индустриското земјоделство. Дека форсира биотехнологија како ГМО и дека ова го потиснува традиционалното и органско производство.

Значи, ГХИ е поврзана со компании кои користат биотехнологија (вклучително и ГМО).
Тоа е индиректна врска, а не доказ за некаква активност.

Global Harvest Initiative (GHI) е меѓународна иницијатива/организација основана во САД која се занимава со подобрување на глобалното земјоделство, зголемување на производството на храна и промоција на нови технологии во аграрот.

GHI не е класична фирма што сади или произведува храна. Повеќе е тинк-тенк платформа за соработка. Таа работи на анализи за глобална храна и глад, политики за земјоделство, поврзување на влади, компании и научници.

Во GHI учествуваат големи агрокомпании како:

ADM (Голема глобална компанија за: преработка на земјоделски култури, храна, сточна храна и состојки, логистика на земјоделски производи)
DuPont (Работи во: хемија и материјали, здравство, вода и индустриски технологии)
John Deere (Познати по: трактори и земјоделска механизација, агротехнологија и опрема)
Monsanto (Monsanto веќе не постои како посебна компанија, купена e од Bayer во 2018 година)

Важно е да се напомене дека тие не се GHI, туку се партнери/поддржувачи.

Главната цел на ГХИ е потрага по решение за глобалниот проблем со храна и глад, зголемување на продуктивноста во земјоделството, и тоа се работи преку политики, истражување и промоција на технологии во аграрот.

Значи, ГХИ е организација (не фарма, не фабрика) создадена од големи агрокомпании фокусирана на глобално земјоделство и храна.

На пример, нивниот главен производ е Global Agricultural Productivity Report (GAP Report) со кој даваат насоки: повеќе истражување, нови технологии, подобри практики.

Во пракса тоа значи дека GHI сам по себе не оди и не сади директно, туку влијае што ќе се прави на терен преку проекти, партнери и политики.

Ако ваква организација добие земјиште, тоа најчесто значи: мал пилот-проект, демонстрација, соработка со држава/факултет. Тоа автоматски не значи масовно производство, индустриска фарма или ГМО проект (без дозволи).

Што се однесува до тврдењето за ГМО храна во Северна Македонија, сè уште нема такво нешто. Имено, правната рамка за ГМО храната е пропишана со Законот за генетски модифицирани организми и Законот за безбедност на храната, каде што ГМО храната е дефинирана со одредбите во член 4 став 1 точка 61  и во член 56. Со одлука на Владата на РСМ овие одредби имаат одложена примена и ќе важат по приемот на С. Македонија во Европската Унија.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека објавата што ја анализираме е невистинита.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција