Нема докази дека Барон Трамп купил нафта пред почетокот на војната со Иран за да профитира

Претседател Доналд Трамп положува заклетва, 25.01.2025 Фото:Joint Congressional Committee on Inaugural Ceremonies, Public domain, via Wikimedia Commons

Нема веродостојни докази што го поддржуваат тврдењето дека најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп, купил нафта во вредност од 30 милиони долари само два дена пред почетокот на војната со Иран и за десет дена заработил околу 20 милиони долари. Доколку синот на актуелен претседател на САД направил таков потег, големите медиуми сигурно ќе го објавеа тоа

Нема веродостојни докази што го поддржуваат тврдењето дека најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп, купил нафта во вредност од 30 милиони долари само два дена пред почетокот на војната со Иран и за десет дена заработил околу 20 милиони долари. Пребарувањето на Гугл откри или поврзани објави на социјалните мрежи или приказни што го побиваат тврдењето – ниеден реномиран извор не ја објави гласината како факт. Доколку синот на актуелен претседател на САД направил таков потег, големите медиуми сигурно ќе го објавеа тоа

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Кој сака нека честита

БАРОНОТ ТРАМП КУПИЛ НАФТА ВО ВРЕДНОСТ ОД 30 МИЛИОНИ ДОЛАРИ САМО 2 ДЕНА ПРЕД ВОЈНАТА, А СЕГА ТАА ВРЕДИ 50 МИЛИОНИ ДОЛАРИ. ПРОФИТ ОД 20 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА САМО 10 ДЕНА.

Тврдењето дека Барон Трамп, најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп, купил нафта во вредност од 30 милиони долари само два дена пред почетокот на војната со Иран и за десет дена заработил околу 20 милиони долари, не е поткрепено со никакви докази. Ова го утврдиле повеќе меѓународни медиуми и организации за проверка на факти.

Според истражувањето на проверувачите на факти на Сноупс и Лид сторис, приказната првпат се појавила на 3 март 2026 година во објава на анонимен профил на социјалната мрежа Икс. Објавата тврдела дека „Барон Трамп купил 30 милиони долари нафта два дена пред војната“.

Објавата немала ниту извор, ниту документи што ја потврдуваат инвестицијата. Пораката брзо станала вирална и собрала десетици милиони прегледи, по што почнала да се споделува на Фејсбук, Телеграм и други платформи како наводна „ударна вест“.

Нема докази дека Барон Трамп заработил милиони купувајќи нафта пред бомбардирањето на Иран од страна на САД и Израел. Објавата од каде што потекнува тврдењето не цитира никаков реномиран извештај, ниту пак, нуди некаков доказ. Во неа е прикажана само слика од Барон Трамп, заедно со залиха од буриња нафта, пишува Сноупс.

Сметката на Икс од која потекнува тврдењето нема очигледен кредибилитет, а нејзината биографија е поврзана со канал на Телеграм за промоција на криптовалути, навидум поврзана со Pump.fun, веб-страница која користи преноси во живо за да ја зголеми вредноста на мемекоините. Сметката, исто така, има објавено неколку слични неосновани тврдења, како на пример дека претставничката на САД Ненси Пелоси купила биткоини во вредност од 30 милиони долари „само неколку дена пред да започне војната“, додава Сноупс во анализата.

Тка што, нема веродостојни докази што го поддржуваат тврдењето дека Барон Трамп, најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп, купил нафта во вредност од 30 милиони долари само два дена пред почетокот на војната со Иран и за десет дена заработил околу 20 милиони долари. Пребарувањето на Гугл откри или поврзани објави на социјалните мрежи или приказни што го побиваат тврдењето – ниеден реномиран извор не ја објави гласината како факт. Доколку синот на актуелен претседател на САД направил таков потег, големите медиуми сигурно ќе го објавеа тоа.

Поради сето ова, објавата која ја анализираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција