Нема докази дека децата прикажани на фотографијата се Македонци
Никаде не успеавме да најдеме доказ дека децата прикажани на фотографијата се Македонци, а имајќи предвид дека објавата вели оти тие денес би требало да се „чесни возрасни Македонци“, тоа би значело дека фотографијата датира од пред 20, 30, 40 или можеби 50 години. Ние такво нешто не најдовме, односно оваа фотографија не успеавме да ја најдеме во ниту еден запис на македонски јазик. Таа се појавува само на некои Фејсбук страници за забавни содржини и најраните објави на различни јазици се од декември 2024 година.
Никаде не успеавме да најдеме доказ дека децата прикажани на фотографијата се Македонци, а имајќи предвид дека објавата вели оти тие денес би требало да се „чесни возрасни Македонци“, тоа би значело дека фотографијата датира од пред 20, 30, 40 или можеби 50 години. Ние такво нешто не најдовме, односно оваа фотографија не успеавме да ја најдеме во ниту еден запис на македонски јазик. Таа се појавува само на некои Фејсбук страници за забавни содржини и најраните објави на различни јазици се од декември 2024 година
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
ЗЛАТНИ ДЕЦА МАКЕДОНСКИ СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ДЕНЕС СЕ ЧЕСНИ ВОЗРАСНИ МАКЕДОНЦИ.
Објавата споделува фотографија од три машки деца кои седат на маса, а пред себе имаат тањири полни со компири.
Децата изгледаат сиромашно, односно облечени се во парталави блузи, извалкани се со кал, а собата во која седат изгледа исто така трошно и сиромашно.
Ја побаравме фоографијата на Гугл со цел да видиме од каде е, дали навистина на нејзе се прикажани Македонци и слично, но не успеавме да најдеме ништо такво.
Оваа фотографија се појавува на разни Фејсбук-страници за забава уште од пред шест месеци и тоа на различни јазици.
Сиромашни, но среќни, се вели во објава на украински јазик која ја споделува фотографијата.
Во друга објава на украински јазик, пак, се предупредува дека вакви и слични фотографии кои будат емоции не треба да се споделуваат и лајкуваат бидејќи целта е да генерираат што е можно повеќе интеракции на Фејсбук страниците кои потоа се пренаменуваат за други содржини.
Фотографијата ја најдовме и во објава на италијански јазик.
Сиромашни, но среќни! Не срамете се да ја лајкнете оваа фотографија, стои во италијанската верзија.
Фотографијата со слична содржина ја има и во објави на романски јазик.
Сиромашни, но среќни, вели и објавата на албански јазик која ја споделува фотографијата.
Фотографијата се споделува и во објави на српски јазик:
Ако ни оставите срце во коментар, ќе бидеме вечно благодарни. Немаме пријатели затоа што сме сиромашни. Имаме душа.
Никаде не успеавме да најдеме доказ дека децата прикажани на фотографијата се Македонци, а имајќи предвид дека објавата вели оти тие денес би требало да се „чесни возрасни Македонци“, тоа би значело дека фотографијата датира од пред 20, 30, 40 или можеби 50 години. Ние такво нешто не најдовме, односно оваа фотографија не успеавме да ја најдеме во ниту еден запис на македонски јазик. Таа се појавува само на некои Фејсбук страници за забавни содржини и најраните објави се од декември 2024 година.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар