Нема докази дека дезодорансите и антиперспирантите предизвикуваат рак на дојка

Ракот на дојка често се развива во горниот надворешен дел на дојката – близу до пазувата. Поради тоа, некои луѓе претпоставиле дека употребата на антитранспиранти може да има улога. Сепак, досегашните научни податоци не ја потврдуваат таа поврзаност.

Ракот на дојка често се развива во горниот надворешен дел на дојката – близу до пазувата. Поради тоа, некои луѓе претпоставиле дека употребата на антитранспиранти може да има улога. Сепак, досегашните научни податоци не ја потврдуваат таа поврзаност

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Нашите тела се потеле од време . но индустријата во 20 век решила да го сопре потењето со додавање на алуминиум во дезодорансите од тогаш експлодирал ракот на дојка.

Тврдењето во објавата, дека дезодорансите содржат алуминиум кој е причина за тоа да „експлодира“ ракот на дојка, се произволни и не се поддржани со никакви факти и медицински докази. Нашата проверка покажа дека ова тврдење „не држи вода“.

Прво, дезодоранси и антиперспирантите не се исто. Дезодорансите само го намалуваат мирисот и обично не содржат алуминиум. Антиперспирантите спречуваат потење преку блокирање на потните жлезди, и често содржат соли на алуминиум, како што се: Алуминиум хлорохидрат (aluminum chlorohydrate) и Алуминиум циркониум тетрахлорохидрекс гли (aluminum zirconium tetrachlorohydrex gly).

Голем број епидемиолошки студии (истражувања врз популации) не откриле врска меѓу употребата на антитранспиранти кои содржат алуминиум и ризикот за рак на дојка.

Според Светската здравствена организација (СЗО) нема доволно докази дека алуминиумот во козметика предизвикува рак.

Фондацијата „Превент кенсер“ исто така наведува дека нема јасни докази кои укажуваат дека употребата на антиперспирант или дезодоранс води до зголемен ризик од рак на дојка. Студиите не успеаја да пронајдат никаква директна врска помеѓу употребата на антиперспирант и ракот на дојка, но многумина признаа дека се потребни повеќе истражувања и поголеми, подобро дизајнирани студии.

Некои ин витро студии покажуваат дека алуминиумските соли можат да стимулираат раст на клетки во култура, но тоа не е директна индикација за канцероген ефект во човек.

Ракот на дојка често се развива во горниот надворешен дел на дојката – близу до пазувата. Поради тоа, некои луѓе претпоставиле дека употребата на антитранспиранти може да има улога. Сепак, досегашните научни податоци не ја потврдуваат таа поврзаност.

 

Клучни ризик-фактори за рак на дојка

Според Светската здравствена организација (СЗО), од рак на дојка заболуваат првенствено жени. Според ЦДЦ, ризикот расте со возраста, особено по 50-та година.

Причина за појава на рак на дојка се наследни генски мутации: на пример, мутациите во гени како BRCA1 и BRCA2 значително го зголемуваат ризикот.

Причина се и репродуктивната историја – хормоналните влијанија: ран почеток на менструација, доцна менопауза, прво породување после 30-та, нема породување, нема доење – сите овие се поврзани со понизок или повисок ризик.

Обезност и прекумерна телесна тежина (особено после менопаузата) и физичка неактивност, исто така се ризик фактор.

Алкохол: Дури една алкохолна единица дневно може малку да го зголеми ризикот.

Изложување на јонизирачко зрачење, претходна радиотерапија на градниот кош.

Некои болести на дојка или густина на дојка што е повисока — и тоа се индикатори за понизок/поголем ризик.

Да имаш повеќе фактори не значи сигурно дека ќе развиеш рак на дојка – значи само дека ризикот е повисок.

Иако се знаат многу ризик-фактори, кај многу жени кои заболуваат не се наоѓа некој јасен ризик-фактор освен пол и возраст.

Многу истражувања сè уште ја разгледуваат улогата на средината и животните фактори (исхрана, изложеност на хемикалии, епигенетика) и не се завршени.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција