Нема докази дека Џастин Бибер се парализирал поради вакцината против ковид-19

Фото: Принтскрин

Странски проверувачи на факти пишуваат дека Бибер не би можел да го добие Ремзи Хант синдромот од вакцината против ковид-19 бидејќи единствениот вирус кој може да го предизвика овој синдром е вирусот варичела зостер. Сајтот пишува дека во случајот на Џастин Бибер не  можеме да знаеме со сигурност дали тој воопшто бил вакциниран. Освен тоа, доколку причината за парализата беше вакцината, тогаш Бибер самиот ќе го соопштеше тоа во своето излагање

Странски проверувачи на факти пишуваат дека Бибер не би можел да го добие Ремзи Хант синдромот од вакцината против ковид-19 бидејќи единствениот вирус кој може да го предизвика овој синдром е вирусот варичела зостер. Сајтот пишува дека во случајот на Џастин Бибер не  можеме да знаеме со сигурност дали тој воопшто бил вакциниран. Освен тоа, доколку причината за парализата беше вакцината, тогаш Бибер самиот ќе го соопштеше тоа во своето излагање

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, кој се однесува на американскиот пејач Џастин Бибер. Имено, Бибер во видео обраќање до јавноста споделено на неговите социјални мрежи, откри дека ќе мора да откаже некои од претстојните професионални ангажмани, затоа што, како што рече, а и како што се гледа од видеото, парализирано му е едната половина од лицето.

11 јуни 2022 година. Џастин Бибер добил парализа на лицето од ковид вакцините, пишува во постот што го рецензираме.

Во состав на постот, споделена е фотографија од напис на српски јазик во кој се вели дека Џастин Бибер заработил парализа на лицето после вакцината, а неговата сопруга пред два месеца добила мозочен удар, исто така од вакцината.

Еден ден претходно, пред да биде објавен постот што го рецензираме, самиот Џастин Бибер на својот профил на Инстаграм сподели видео во кое објаснува дека морал да ги одложи претстојните концерти зашто развил Ремзи Хант синдром поради кој едната страна од лицето му се парализирала.

Во видеото Бибер вели:

Како што можете да видите од моето лице, имам синдром наречен Ремзи Хант синдром. Се појави од вирус кој го нападна нервот во моето уво и нервите на моето лице и предизвика лицето да ми е парализирано. Како што може да видите, не можам да трепкам со ова око, не можам да се смеам на оваа страна од лицето, оваа страна од носот не можам да ја помрднам. Значи, има целосна парализа на оваа страна од моето лице. За тие кои се лути што морав да ги откажам следните концерти, едноставно не сум физички подготвен да настапувам. Ова е сериозна состојба. Посакувам да не беше така, но очигледно моето тело ми кажува дека мора да забавам малку. Се надевам дека ќе наидам на вашето разбирање и ќе го користам ова време за да се одморам и да се вратам назад стопроцентно, за да можам да го правам она за кое бев роден. Но во меѓувреме, не можам. Мора да се одморам за да ми се врати лицето какво што беше. Ве сакам, благодарам за вашето трпение. Ќе бидам подобро. Правам вежби на лицето за да го вратам во нормала и ќе се врати во нормала за некое време, но не знаеме за колку време.

Како што е евидентно од самото негово излагање, Џастин самиот кажува дека има вирус кој го напаѓа нервот во неговото уво, поради што половина лице му е парализирано. Иако Бибер не кажува во своето излагање дека вакцината против ковид-19 е фактор за неговата парализа, во постот што го рецензираме, неосновано токму вакцината се обвинува за состојбата во која се наоѓа пејачот. За ова нема никакви докази. Доколку причината за парализата беше вакцината, тогаш Бибер самиот ќе го соопштеше тоа во своето излагање.

Странски проверувачи на факти пишуваат дека Бибер не би можел да го добие Ремзи Хант синдромот од вакцината против ковид-19 бидејќи единствениот вирус кој може да го предизвика овој синдром е вирусот варичела зостер. Сајтот пишува дека во случајот на Џастин Бибер не  можеме да знаеме со сигурност дали тој воопшто бил вакциниран. Само може да се претпостави дека е вакциниран пред концертите во февруари 2022 година, поради правилата на Светската здравствена организација за јавни настани. Дури и тоа да било случај, тој ги примил вакцините минатата година.

Како што објавува Њујорк Тајмс, Рамзи Хант синдромот е невролошка состојба предизвикана од вирусот варичела зостер, истиот вирус кој предизвикува сипаници кај децата и кај возрасните. Вирусот може да остане во телото цел живот, дури и ако сте се опоравиле од сипаниците, и може да се активира повторно и да ги иритира и воспали нервите во лицето. Доктор Ана Валд, специјалист за инфективни болести од Универзитетот за медицина во Вашингтон, за Њујорк Тајмс вели дека нервите во лицето се сместени во канали кои се криви и коскести, и кога се воспалени, потекуваат и ја губат способноста да функционираат. Болеста подеднакво ги напаѓа и мажите и жените и резултира со парализа на едната страна од лицето и болно исфрлање на лицето. Почест синдромот е кај постарите, некои пациенти не можат да слушаат добро, или оглувуваат целосно на едното уво.

Само пет до десет лица на 100 илјади ќе развијат Рамзи Хант синдром секоја година, но може да му се случи на секого, вели доктор Валед Јаваид, директор за инфективна превенција и контрола за Њујорк Тајмс.>

Според истражувачите, може да помине подолго време пред човек со овој синдром точно да биде дијагностициран. Њујорк Тајмс пишува дека повеќето луѓе кои го имаат синдромот целосно закрепнуваат, но не е познато колку долго ќе трае синдромот. Третманот вклучува земање антивирални лекови. Некои пациенти исто така земаат стероиди, или пак одат на физикална терапија.

Што се однесува на тврдењето изнесено во постот што го рецензираме, дека сопругата на Бибер, Хејли, имала мозочен удар од вакцината, не постојат никакви докази. Иако поретко, и кај младите се јавуваат мозочни удари.

Тогаш некои медиуми пишуваа дека лекарите се сомневале дека причина за малиот мозочен удар кој го имала Хејли, бил ковид-19, но и за ова нема докази, така што причините за оваа медицинска состојба која сопругата на Џастин, ја надмина и се опорави, не може да се поврзува со вакцината.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека нема докази дека вакцината против ковид-19 е причина што Џастин Бибер се парализирал, а неговата сопруга Хејли добила мозочен удар.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција