Нема докази дека Џефри Епстин бил агент на израелската тајна служба Мосад
Наспроти изнесеното во објавата, нема кредибилни или официјални извори на информации од владини агенции, разузнавачки агенции или истражувачко новинарство коишто потврдуваат дека Епстин работел за Мосад или која било друга разузнавачка агенција. Неговите врски со високопрофилни личности ги разгореа ваквите шпекулации. Никаде не е објавена непобитна документација за да се докаже наводот дека Епстин работел за странски служби.
Наспроти изнесеното во објавата, нема кредибилни или официјални извори на информации од владини агенции, разузнавачки агенции или истражувачко новинарство коишто потврдуваат дека Епстин работел за Мосад или која било друга разузнавачка агенција. Неговите врски со високопрофилни личности ги разгореа ваквите шпекулации. Никаде не е објавена непобитна документација за да се докаже наводот дека Епстин работел за странски служби
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Јасно ли ви е кој е МОСАД и за кого работат неговите агенти…
Во склоп на објавата се споделува текст на српски јазик во кој се сугерира дека Џефри Епстин работел за Мосад, на доста шпекулативен начин за кој не се нудат ниту докази ниту кредибилни извори во поткрепа на изнесеното. Комитет во Конгресот ја истражува улогата на Епстин и за таа цел поканети на расправата се доста високопрофилни личности како што известија деновиве и светските медиуми. Комитетот ќе собира информации за историјата на Епстин откако претседателот на САД Доналд Трамп одби да декласифицира уште федерални документи за починатиот финансиер. Комитетот ги бара сите документи и комуникации на Епстин и неговата партнерка Гилејн Максвел кои се однесуваат на трговија со луѓе, експлоатација на малолетници, сексуална злоупотреба или слични активности, како и судски документи за Максвел и Епстин. Во 2019 година Епстин си го одзеде животот во затворска ќелија.
Наспроти изнесеното во објавата, нема кредибилни или официјални извори на информации од владини агенции, разузнавачки агенции или истражувачко новинарство коишто потврдуваат дека Епстин работел за Мосад или која било друга разузнавачка агенција. Неговите врски со високопрофилни личности ги разгореа ваквите шпекулации. Никаде не е објавена непобитна документација за да се докаже наводот дека Епстин работел за странски служби. Така, идејата дека Епстин бил агент на Мосад останува шпекулација, а не факт.
Во книгата на Ендру Лоуни која се однесува на Принцот Ендру, е изнесена шпекулација дека „компромитирачки материјал од Ендру, наводно можеби бил предаден на агенти на Мосад, властите на Саудиска Арабија и разузнавачките служби на Либија во времето на Гадафи“. Авторот на книгата Лоуни за ова се повикува на новинарот Иан Халперин кому „многумина од кругот на Ендру ова му го потврдиле“. Иако некои од жртвите на Епстин тврдеа дека финансиерот имал видеоматеријали од високопрофилни пријатели во интимни моменти со жени, досега јавно не се изведени докази за ова. Тврдењето дека Епстин наводно се фалел или планирал да ги продаде тајните на принцот Ендру на Мосад, најнапред беа изнесени од затвореник по име Стивен Хофенберг, кој отслужувал казна затвор од 18 години за измама од 450 милиони долари.
Кога истражувачката новинарка од „Мајами Хералд“ Џули Браун во 2017 година ги реактуелизираше сексуалните злоупотреби на Џефри Епстин, што резултираше со повторно отворање на судскиот случај против Епстин, таа во нејзиното истражување се служеше со судска документација, интервјуа со жртвите и легални документи – без да се пронајде навод за разузнавачка врска во нив.
Џефри Епстин се смеел кога ги слушнал тврдењата дека е шпион на Мосад, изјавил неговиот поранешен адвокат Алан Дершовиц. Адвокатот тврдел дека финансиерот ги негирал врските со странската служба кога бил испрашуван на темата.
Прашан дали Епстин бил шпион за Мосад за да ги има в рака богатите и моќните, Дершовиц одговорил за „Телеграф“:
Дискутиравме за ова и одговорот беше не. Се смееше. Ниедна странска служба не би му верувала, изјавил Дершовиц.
Тој вели дека е убеден дека ако Епстин бил агент за странска држава би му кажал „за да обезбеди подобра спогодба“.
Тоа не е нешто што би го криел од своите адвокати. Тоа е нешто што би им го кажал на своите адвокати, изјави тој.
Поранешниот премиер на Израел Нафтали Бенет жестоко го демантираше тврдењето дека Епстин бил агент на Мосад, критикувајќи го, како што го нарече, „остриот бран на лаги и клевети против Еврејската држава“,
Како поранешен премиер на Израел, што значи дека Мосад ми има реферирано директно на мене, ви кажувам со стопроцентна точност – обвинувањето дека Џефри Епстин на некој начин работел за Израел или за Мосад, водејќи мрежа за уцени, е категорично тотално невистинито. Ова обвинување е лага што ја промовираат онлајн личности како Такер Карлсон кој се преправа дека знае работи што не ги знае, напиша Бенет.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар