Нема докази дека е забележана зголемена смртност меѓу вакцинираните против ковид во Австралија

Сиднеј , Австралија , март 2016 Фото: Anna Mustermann from Pixabay

Официјалните здравствени власти на Австралија, никаде не спомнуваат зголемена смртност меѓу вакцинирани против ковид-19. Aдминистрација на терапевтски добра на Австралија во Извештајот за ефективноста на вакцините против ковид-19, објавен на 2 ноември 2023 година наведува дека вакцините може да доведат до смрт во исклучително ретки случаи. Сепак, повеќето смртни случаи кои настануваат по вакцинацијата не се предизвикани од вакцината. Од почетокот на воведувањето на вакцината до 29 октомври 2023 година, во Австралија се дадени речиси 69 милиони дози вакцини за ковид-19. ТГА идентификуваше 14 извештаи каде причината за смртта беше поврзана со вакцинацијата од 1.004 примени и разгледани извештаи. Нема нови смртни случаи поврзани со вакцини идентификувани од 2022 година

 

Официјалните здравствени власти на Австралија, никаде не спомнуваат зголемена смртност меѓу вакцинираните против ковид-19. Aдминистрација на терапевтски добра на Австралија во Извештајот за ефективноста на вакцините против ковид-19, објавен на 2 ноември 2023 година наведува дека вакцините може да доведат до смрт во исклучително ретки случаи. Сепак, повеќето смртни случаи кои настануваат по вакцинацијата не се предизвикани од вакцината. Од почетокот на воведувањето на вакцината до 29 октомври 2023 година, во Австралија се дадени речиси 69 милиони дози вакцини за ковид-19. ТГА идентификуваше 14 извештаи каде причината за смртта беше поврзана со вакцинацијата од 1.004 примени и разгледани извештаи. Нема нови смртни случаи поврзани со вакцини идентификувани од 2022 година

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека Австралија бележи пораст на смртноста меѓу вакцинираните против ковид-19.

Тие вакцини колку само народ уништија и прелажаа да се вакцинираат. Вилипче јави се ,колку народ прелажа и тендери лапна !!!, стои во објавата.

Објавата споделува напис од српскиот портал Нулта тачка, кој е познат по тоа што шири дезинформации во врска со коронавирусот и антиваксерски наративи. Самиот напис се повикува на некакви наводи на студија објавена од истражувачи на медицинскиот факултет во Никозија, Кипар.

Студијата, како што се наведува на веб-страницата каде што е објавена, ја испитува прекумерната смртност во 21 земја од сите причини во текот на 2022 година.

Студијата покажала дека сите земји што биле испитувани забележале зголемување на смртноста од сите причини во текот на 2022 година, во споредба со годините пред пандемијата.

За сите земји, освен Австралија, придонесот на смртните случаи од ковид-19 во проценките на смртноста во 2022 година е намален, нагласувајќи го влијанието на индиректните ефекти поврзани со пандемијата врз смртноста.

За сите земји, освен Австралија, процентот на смртни случаи предизвикани од ковид-19 од вкупниот број смртни случаи се намали во 2022 година во споредба со 2021 година. Спротивно на „ефектот на бербата“, според кој би се очекувало пад на стапката на смртност по пандемијата, нашите резултати покажуваат континуирано зголемување на смртноста во текот на 2022 година. Згоолемувањето на смртни случаи во 2022 година главно не е поврзано со ковид, туку произлегува од пошироките пандемични влијанија врз здравствените системи и други фактори. Наспроти тоа, во Австралија, меѓународните граници повторно се отворија во 2022 година, што резултираше со првиот поголем пренос на вирусот на целата заедница и значително зголемување на бројот на смртни случаи. Нашата студија открива нијансирани динамики на зголемен морталитет по вакцинацијата, обезбедувајќи клучни увиди за носителите на одлуки и потенцирајќи ја неопходноста од континуирана будност и адаптивни стратегии против разновидните влијанија на ковид-19, се наведува во студијата.

Значи, студијата објаснува како смртноста поврзана со ковид-19 се променила во 2022 година во споредба со 2021 година во различни земји, освен во Австралија.

Во сите земји, освен Австралија, процентот на смртни случаи од ковид-19 во однос на вкупниот број на смртни случаи се намалил во 2022 година во споредба со 2021 година. Ова е спротивно на т.н. „ефект на жетва“ (harvesting effect), кој предвидува намалување на стапката на смртност по пандемијата, бидејќи најранливите групи веќе би биле погодени во претходните бранови. Меѓутоа, резултатите од студијата покажуваат дека во текот на целата 2022 година продолжил порастот на смртност, што значи дека имало повеќе смртни случаи од очекуваното.

Овој пораст на смртност во 2022 година главно не бил поврзан со ковид-19, туку произлегувал од пошироките влијанија на пандемијата врз здравствениот систем и други фактори (на пример, одложено лекување на други болести).

Од друга страна, во Австралија, во 2022 година повторно се отворија меѓународните граници, што доведе до прво широко распространето локално пренесување на вирусот. Ова резултирало со значително зголемување на вишокот на смртни случаи.

Aдминистрација на терапевтски добра на Австралија, Оддел за здравство и нега на стари лица, во последниот извештај за ефективноста на вакцините против ковид-19, објавен на 2 ноември 2023 година, наведува дека најчесто пријавени несакани ефекти за кои постои сомневање дека се поврзани со вакцините вклучуваат главоболка, мускулна болка, треска, замор и гадење. Кожните реакции на местото на инјектирање се исто така чести и може да вклучуваат болка, оток, црвенило и осип со чешање.

Овие се препознаени несакани ефекти од вакцинацијата и обично се минливи и благи, наведува Администрацијата на терапевтски добра (ТГА).

Што се однесува до смртноста предизвикана од вакцините, ТГА, наведува:

Вакцините може да доведат до смрт во исклучително ретки случаи. Сепак, повеќето смртни случаи кои настануваат по вакцинацијата не се предизвикани од вакцината. Во големите популации кај кои се дава нова вакцина, има луѓе со основни болести кои може да умрат од овие болести. Кога вакцината се дава кај истата популација, врската помеѓу вакцината и смртта е обично случајна – не предизвикана од вакцината. Овие смртни случаи се внимателно разгледани за да се процени дали вакцините би можеле да бидат причина, а за огромното мнозинство тоа не е случај. ТГА внимателно ги прегледува сите смртни случаи пријавени во деновите и неделите по вакцинацијата против ковид-19. Од почетокот на воведувањето на вакцината до 29 октомври 2023 година, во Австралија се дадени речиси 69 милиони дози вакцини за ковид-19. ТГА идентификуваше 14 извештаи каде причината за смртта беше поврзана со вакцинацијата од 1.004 примени и разгледани извештаи. Нема нови смртни случаи поврзани со вакцини идентификувани од 2022 година.

Значи, официјалните здравствени власти на Австралија, никаде не спомнуваат зголемена смртност меѓу вакцинираните против ковид-19.

Истражување на Институт од Австралија, кој констатираше дека прекумерната смртност во Австралија расте, нотира дека ова не е благодарение на вакцините против ковид ,туку пишува дека „вакцината има незначителен удел во ова“.

Институтот атрибуира две третини од вкупно 20 илјади случаи на прекумерна смртност на самата ковид пандемија!

Во извештајот се наведува дека 10.300 смртни случаи од 20 илјади, биле директно поврзани со болеста ковид-19. Во 2.900 други случаи вирусот бил дополнителен фактор кој имал удел во смртта, но не бил примарен причинител. Задоцнетата медицинска помош и рутинска грижа за болести кои не се поврзани со ковид-19, исто така биле битни фактори во зголемувањето на смртните случаи. Притисокот врз здравствениот систем на Австралија најверојатно водел до тоа пациентите да не ја добијат грижата која им била потребна, пишува во извештајот.

Речиси сите држави во светот поминаа тежок период на економска и здравствена криза предизвикан од пандемијата.

Тој период се карактеризираше со намалена достапност на здравствените услуги за граѓаните на државите, бидејќи болничките капацитети беа презафатени со ковид пациенти, а редовните програми и програмите за превенција и третман на останатите хронични болести, претрпеа пад на ефикасноста. Но, проблемот со прекумерната смртност во која било држава, не може да се поврзе со вакцинацијата против ковид, туку е мултифакторијален, односно зависен од повеќе фактори во секоја држава посебно, но и колективно во светот.

Професорот Џефри Морис, кој е директор на одделот за биостатистика на Универзитетот Пенсилванија, за проверувачите на факти на Ројтерс вели дека ако вакцините предизвикувале прекумерни смртни случаи, тогаш тоа конзистентно би се гледало во земјите со високи стапки на вакцинација, а не само во неколку.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистинита.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција