Нема докази дека експлозивната направа пронајдена при потрага по ташна на повредената жена, е поврзана со неа

Возило на МВР Фото: Dickelbers, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Тоа што при потрагата по ташната на жената повредена во Скопје била пронајдена и експлозивна направа, не значи дека таа направа била внатре во нејзината ташна, ниту пак дека била поврзана со жената, како што невистинито се тврди во насловот од објавата што ја рецензираме. 

Тоа што при потрагата по ташната на жената повредена во Скопје откако врз неа паднало дрво, била пронајдена и експлозивна направа, не значи дека таа направа била внатре во нејзината ташна, ниту пак дека била поврзана со жената, како што невистинито се тврди во насловот од објавата што ја рецензираме

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Дрво падна врз 86-годишна скопјанка, во нејзината чанта била пронајдена експлозивна направа

Во склоп на објавата има текст од 21 јули 2026 година. Во текстот кој впрочем се темели на настан пријавен во Министерството за внатрешни работи претходниот ден (настанот го има во билтенот на МВР од 20 јули 2026 година), пишува дека осумдесет и шестгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако врз неа паднало дрво на подрачјето на Карпош, а при потрагата по нејзината чанта била пронајдена и експлозивна направа.

Но, тоа што „при потрагата по нејзината ташна била пронајдена и експлозивна направа“, не значи дека таа експлозивна направа била внатре во нејзината ташна, ниту пак дека била поврзана со скопјанката како што невистинито се тврди во насловот од објавата што ја рецензираме. „Вистиномер“ во МВР праша и доби одговор дека настанот се случил еден ден пред невремето, но не успеавме да ги дознаеме причините за паѓањето на дрвото. Од МВР велат дека станувало збор за постара експлозивна направа која нема поврзаност со предметната жена ниту пак нејзината ташна.

Токму таа дистинкција е наведена и во самото соопштение во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вистиномер“ провери во дневниот билтен каде што е пријавен настанот и во него е наведено:

На 20.07.2026 година во 20 часот и 25 минути во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М. (86) од Скопје, по што била пренесена во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Исто така, граѓанинот пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото за натамошна постапка. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

Извор: Дневен билтен на МВР
Извор: Дневен билтен на МВР

Од билтенот е евидентно дека настанот е пријавен еден ден пред невремето, на 20 јули, а објавен е на 21 јули кога се случи невремето (најчесто дневните билтени на МВР се објавуваат еден ден подоцна, со настаните од претходното деноноќие, за кои веќе постојат записници во полициските станици).

Но, не е наведено во полицискиот билтен дека „експлозивната направа била во ташната на жената“, ниту пак дека била поврзана со неа, туку само дека „додека човекот ја барал нејзината ташна, ја пронашол направата“.

 

 

 

 

 

 

 

 

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција