Нема докази дека ковид-19 е американско биолошко оружје

Лабораторија Галвестон Фото: Tacovera1, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Заклучокот од сите релевантни податоци е прилично јасен: постојат легитимни лаборатории кои работат со опасни вируси под строги безбедносни правила, но нема научни докази дека SARS-CoV-2 е создаден во лабораторија или дека пандемијата е резултат на намерно биолошко оружје.

Заклучокот од сите релевантни податоци е прилично јасен: постојат легитимни лаборатории кои работат со опасни вируси под строги безбедносни правила, но нема научни докази дека SARS-CoV-2 е создаден во лабораторија или дека пандемијата е резултат на намерно биолошко оружје. Ова е ставот на СЗО, ЦДЦ и повеќето независни вирусолошки истражувачки групи, заснован на генетски, епидемиолошки и историски податоци

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

ХИМЕРА ВИРУС SARS-CoV е СОЗДАДЕН Во 2015 Година Во ВОЕНАТА ЛАБОРАТОРИЈА Во ГАЛВСТОН, САД

Френсис Бојл,, Автор на „Законот за Биолошки Тероризам“:

Националната Лабораторија во Галвестон, Тексас, е Истражувачка Лабораторија која се Занимава со Откривање на Потенцијални Агенси за Биолошка Војна во Дивината во други делови од Светот со Цел да ги претвори во Биолошко Оружје. Аеросолот на Агенс за Биолошка Војна е Материјал за Развој на Оружје што се доставува по Воздушен Пат до Луѓето кои ќе го Вдишат. Галвестон и Форт Детрик се Криминални Претпријатија. Всушност, сега имаме Индустрија за Биолошко Оружје во нашата Земја што ја Крши Конвенцијата за Биолошко Оружје и Законот за Биотероризам од 1989 година.“

Во една Публикација се Споменува дека Предизвикувачкиот Агенс на Ковид-19 е Пронајден во Отпадни Води во многу Земји во 2019 година.

Американски Биолошки Лаборатории

Соединетите Американски Држави во моментов се Единствената земја што не ја Потпишала Конвенцијата од 1972 година за Забрана на Развој, Производство и Складирање на Бактериолошко и Токсично Оружје и за нивно Уништување. Под Капата на Пентагон Работат над 200 Биолошки Лаборатории, а исто толку се Расфрлани низ Целиот Свет.

Извозот на Смртоносни Истражувачки Центри во Дтранство се Совпадна со Распадот на Советскиот Сојуз; На крајот на 1991 година, Конгресот на САД Одобри Програма за Намалување на Заканата – Cooperative Threat Reduction – CTR, која Денес ја Спроведува Сгенција во Министерството за Одбрана на САД.

Оваа Програма има Задача да ја намали Заканата за самите Држави; работата со Најопасните Вируси и Бактерии е Префрлена во Лаборатории во Азербејџан, Ерменија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија и Узбекистан. Во Украина има 13 Лаборатории, според некои Извештаи – дури 16. Останатите Земји од Социјалистичкиот Блок не Заостануваат Многу.

За Америка се појави погодна можност за создавање Борбени Вируси, Земајќи ги предвид Генетските Карактеристики на Локалното Јаселение.

Дури и во Мирно време, Биолошките Лаборатории се реална Закана за Човештвото.

Ју-Ес-Еј Тудеј“: „Повеќе од 1.500 Несреќи и Прекршувања на Безбедносните Прописи се Случиле во 200 Воени Биолошки Лаборатории низ Целата Земја од 2006 до 2013 година. Имало бројни Случаи на Исчезнување на Ампули со Бактерии што Предизвикуваат Болести и Бегство на Лабораториски Глувци Заразени со Смртоносни Вируси. Забележани се Диви Глодари како прават Дувла во Несаниран Лабораториски Отпад. Говедата Заразени за време на Експериментите со Вакцини,Постојано биле Испраќани во Кланици, а нивното Месо Дистрибуирано во Комерцијални Мрежи. Надзорот над Биолошките Лаборатории е Нерамномерен, па дури и кога се Случуваат Најсериозни Прекршувања на Безбедноста, како што се Случило во повеќе од 100 Лаборатории, Федералните Регулатори го Чувале тоа во Тајност…“

Новинарка Дилјана Гајтанџиева, Бугарија: „Центарот ЛУГАРА во Тбилиси има Трето Ниво на Биолошка Безбедност; таму Работат само Американци кои имаат Пристап до Класифицирани Информации и Дипломатски Имунитет. Центарот ЛИГАРА ги проучува Биолошките Агенси како што се Антракс, Туларемија, Вирусни Заболувања – на пример, Кримско-Конгоанска Хеморагична Треска; Тие се Занимаваат со „Добивање Биолошки Материјал за Идни Експерименти“. Всушност, Центарот Лугара во Тбилиси е Истражувачки Центар за Создавање нови Видови Биолошко Оружје.

Во 2013 година, во Центарот Лугара Започнаа Експерименти со Вакцина против Антракс. Истата година, во Грузија избувна Епидемија на оваа Инфекција.

Во 2014 година, во Центарот Лугара беше изграден посебен Погон за Одгледување Инсекти и беше Започнат Проектот „Песок-Мушичка“. Овој Инсект што Цица Крв од Родот Phlebotomus се наоѓа на Филипините. Во 2015 година, Песочните Мушички ги Нападнаа Тбилиси и Соседниот Дагестан.

Во 2014 година, Центарот Лугара го Започна Проектот DTRA – „Епидемиологија на Трескави Болести Предизвикани од Вируси на Денга и други Арбовируси во Грузија“. Проектот вклучува Тестирање на Пациенти со Симптоми на Треска и собирање Крлежи за Лабораториска Анализа како можни Носители на Кримско-Конгоанска Хеморагична Треска (CCHF). CCHF наскоро беше Дијагностицирана во Грузија; Три Лица Починаа…“

Свинскиот Грип во Украина во 2017 година, Епидемиите на Мали Сипаници и Сипаници во Узбекистан се Резултат на Работата на Американските Лаборатории. Ковид 19 е Создаден во Американска Лабораторија

Еве што напиша Британскиот Весник „Индипендент“ во Летото 2019 година:

На Главната Лабораторија за Биолошко Оружје во Америка ѝ е Наредено да ги Запре сите Истражувања за Смртоносни Вируси и Патогени Поради Загриженост дека Контаминираниот Отпад може да Заврши во Водата за Пиење. Центрите за Контрола и Превенција на Болести (CDC), Владин Здравствен Орган во САД, му ја Одзедоа Лиценцата на Форт Детрик за Работа на Ебола, Сипаници и Антракс откако Инспекторите на CDC Пронајдоа Проблеми во Форт Детрик со новите Процедури што се Користат за Деконтаминација на Отпадните Води…“

Многу Експерти го привлекоа вниманието на фактот дека можноста за „Смртоносни Вируси и Патогени“ што протекуваат во Отпадните Води на Форт Детрик е Регистрирана Непосредно пред Епидемијата на Ковид-19 и ги обвинија Кинезите за тоа.

Еве една објава во престижниот Медицински Журнал „Nature Medicine“ од Ноември 2015 година.

Статијата е Насловена како „Кластер од Коронавируси на Лилјаци што Циркулираат, сличен на SARS, покажува Потенцијал за појава кај Луѓето“.

Во Публикацијата се наведува дека Група Научници од Лабораторијата Галвестон го Репродуцирале „Заразниот Рекомбинантен Вирус SHC014 со целосна Должина“ со „Дигурна Репликација на Вирусот, и Ин Витро и Ин Виво“.

Создавачите на Опасниот Вирус објавија дека „Појавата на SARS-CoV означи Нова Ера во Меѓувидовото Пренесување на Тешки Респираторни Заболувања, со Глобализација што доведе до брзо Ширење низ Целиот Свет и огромни Економски Последици… Значи, Кинеските Лилјаци и Панголини можат да бидат Рехабилитирани“.

Николај Патрушев, поранешен Секретар на Советот за Безбедност; денес Претседател на Морнаричкиот Колегиум во Руската Федерација:

Ни кажуваат дека мирни Санитарни и Епидемиолошки Центри Работат во Близина на нашите Граници, но од некоја причина тие повеќе личат на Форт Детрик во Мериленд, каде што Американците работат во областа на Воената Биологија со Децении. Во Соседните Области се Евидентираат Епидемии на Болести кои не се Типични за овие Места…“

Функционерот на Кинеското Министерство за Надворешни работи Жао Лиџијан:

Владата на САД треба да ѝ Обезбеди на Меѓународната Заедница Сеопфатни Информации за Експериментите што ги Спроведуваат во Њмериканските Воени Биолаборатории во Украина и во Форт Детрик… САД создадоа 16 Биолошки Лаборатории само во Украина. Зошто САД создаваат толку многу Лаборатории низ Целиот Свет и што Прават!“

Претседателот на Руската Државна Дума, Вјачеслав Володин, кој Директно ја поврза Епидемијата на Ковид низ Целиот Свет со Истражувањата на Американските Биолози:

Со оглед на Фактот дека самите Држави Молчат, може да се Заклучи дека е Апсолутно Очигледно дека ова е Поврзано, дека имало протекување во нив од Лабораториите што ги Создадоа низ Целиот Свет. Би било исправно да се постават овие прашања до Владата и да се побара да се прекинат овие Истражувања, како резултат на кои веројатно се појави овој Вирус, и да се размисли како да се Компензираат сите Земји што Страдаа од него…“

Сега е јасно зошто Коронавирусот се Прошири низ целиот Свет. Вработените во Американските Биолаборатории имаат Дипломатски Имунитет и само Бог знае што можат да Носат со Багажот до која било Точка на Планетата. Страшно е да се Замисли со какви Патогени Можат да го Заразат Целиот Свет, Возбудени од Успехот на Пандемијата на Ковид.

Објавата „меша баби и жаби“, користи вистински научни трудови и политички изјави и ги става во наратив што води кон заклучок за „тајна лабораториска крелација на ковид-19“. Кога се расклопува по делови, сликата изгледа многу поразлично од тоа што се тврди.

Прво, тврдењето дека SARS-CoV или SARS-CoV-2 е „создаден во 2015 во лабораторија во Галвестон“ се поврзува со истражувања на коронавируси во University of Texas Medical Branch (UTMB). Таму навистина постои високобезбедносна лабораторија која работи со опасни патогени, но тоа е дел од јавноздравствено истражување, а не програма за оружје. Конкретната студија што најчесто се цитира (Menachery et al., 2015) не „создава SARS-CoV-2“, туку тестира коронавируси од лилјаци за да се процени нивниот потенцијал за пренос кај луѓе. Таа е објавена во рецензирано списание Nature Medicine и е достапна овде.

Во самата статија авторите јасно објаснуваат дека целта е проценка на ризик од природни вируси, а не создавање пандемиски патоген.

Следно, тврдењето дека ковид-19 е „создаден во лабораторија“ е во спротивност со заклучоците на најголемите здравствени институции во светот. Светската здравствена организација (СЗО) во своите извештаи наведува дека најверојатното потекло на вирусот е зоонозен пренос (од животни на луѓе), и дека нема докази за лабораториско потекло.

Слично, и Центарот за контрола и превенција на болести во САД (Centers for Disease Control and Prevention (ЦДЦ)) објаснува дека генетските податоци на SARS-CoV-2 се конзистентни со природна еволуција на коронавируси.

Тврдењето дека вирусот ковид-19 е креиран во лабораторија и намерно пуштен, Вистиномер досега го има дебанкирано.

Тврдењата за „200 воени биолошки лаборатории на САД“ и „тајна глобална мрежа“ најчесто се поврзуваат со погрешно разбирање на програми за биосигурност. Програмата Cooperative Threat Reduction (CTR), која се спроведува преку Стејт департментот, има цел да се намалат ризиците од стари советски биолошки материјали и да се подобри јавноздравствената безбедност, не да се создава оружје. Вистиномер и на оваа тема има пишувано.

Во однос на Конвенцијата за биолошко оружје, САД се потписник и обврзан член на Biological Weapons Convention (1972), која експлицитно забранува развој и складирање на биолошко оружје.Ова е еден од клучните меѓународни правни механизми за контрола на вакви активности.

Објавата пишува и за „Форт Детрик“ и наводни истекувања. Се работи за американската воена истражувачка база Fort Detrick, каде што постои лабораторија за инфективни болести USAMRIID. Во 2019 година навистина имаше привремено запирање на дел од активностите поради проблеми со системи за деконтаминација, што е документирано од американските власти, но не постои никаква врска помеѓу тоа и почетокот на пандемијата на ковид-19, ниту докази за „истекување вирус“.

За наводите за „Лугар центар“ во Грузија: Richard Lugar Center for Public Health Research е јавноздравствена лабораторија која работи под надзор на грузиското Министерство за здравство и меѓународни партнери. Таа се занимава со дијагностика и контрола на заразни болести, не со оружје. Информации за нејзината работа се достапни преку грузискиот национален центар за болести.

Тврдењата за „тајни експерименти со инсекти, епидемии предизвикани од лабораторијата“ не се потврдени во ниту еден независен научен или меѓународен инспекциски извештај.

За студиите за отпадни води, ЦДЦ и други здравствени институции навистина користат следење на вируси преку отпадни води, но првите јасни сигнали за SARS-CoV-2 се појавуваат во 2020 година, не во 2019 година.

Ретроспективни „наоди од 2019“ во различни земји не се конзистентно репродуцирани и не се сметаат за сигурен доказ за порано глобално ширење.

Заклучокот од сите релевантни податоци е прилично јасен: постојат легитимни лаборатории кои работат со опасни вируси под строги безбедносни правила, но нема научни докази дека SARS-CoV-2 е создаден во лабораторија или дека пандемијата е резултат на намерно биолошко оружје. Ова е ставот на СЗО, ЦДЦ и повеќето независни вирусолошки истражувачки групи, заснован на генетски, епидемиолошки и историски податоци.

Поради сето ова, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција