Нема докази дека проектот ХААРП го предизвикал земјотресот во Турција
ХААРП е проект со седиште во опсерваторија во Алјаска, кој ги проучува својствата и однесувањето на јоносферата користејќи радиопредаватели и не може да предизвика природни катастрофи. Нема докази дека разорниот земјотрес што се случи во понеделникот во Турција и Сирија е предизвикан од нешто друго освен од природни, геолошки причини. Не е првпат ХААРП да биде обвинет за вакви несреќи од теоретичарите на заговор. Изминативе години се тврдеше дека е виновен за земјотресот на Хаити (2010), земјотресот и цунамито во Чиле (2010), земјотресот и цунамито во Јапонија (2011), како и за големото лизгање на земјиштето на Филипините во кое загинаа повеќе од илјада луѓе во 2006 година
ХААРП е проект со седиште во опсерваторија во Алјаска, кој ги проучува својствата и однесувањето на јоносферата користејќи радиопредаватели и не може да предизвика природни катастрофи. Нема докази дека разорниот земјотрес што се случи во понеделникот во Турција и Сирија е предизвикан од нешто друго освен од природни, геолошки причини. Не е првпат ХААРП да биде обвинет за вакви несреќи од теоретичарите на заговор. Изминативе години се тврдеше дека е виновен за земјотресот на Хаити (2010), земјотресот и цунамито во Чиле (2010), земјотресот и цунамито во Јапонија (2011), како и за големото лизгање на земјиштето на Филипините во кое загинаа повеќе од илјада луѓе во 2006 година
Неколку корисници на социјалните мрежи се вклучени во споделување на теорија на заговор според која, земјотресот во Турција и соседна Сирија е создаден од САД користејќи ја американската ХААРП технологија. Таква е и оваа објава на социјалната мрежа Фејсбук што е предмет на нашата рецензија, а споделува дезинформации.
ВО ТУРЦИЈА,
ТЕРОРИСТИЧКИОТ ЗЕМЈОТРЕС Е ИЗВРШЕН СО ХАРП ВИБРАЦИИ КАКО ВО ФУКУШИМА . ДАЛИ Е ТОА КАЗНА ЗА НЕПОСЛУШНОСТ?
ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ МОРА ДА НАЈДАТ НАЧИН ДА ИМ ГИ ОДЗЕМАТ ОПАСНИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ОД РАЦЕТЕ НА ПСИХОПАТИТЕ И ДЕМОНИЗИРАНИ
ТЕ СУШТЕСТВА КОИ ГИ НАПАЃАТ БЕСПОМОШНИТЕ ДРЖАВИ.
ВРЕМЕ Е ТУРЦИЈА ДА СЕ СТАВИ НА СТРАНАТА НА СВЕТЛИНАТА, се вели во објавата.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во понеделникот ги потресе Турција и Сирија и резултираше со илјадници загубени животи, а во тек се спасувачки акции за спасување на жртви под урнатините. Додека поголемиот дел од светот гледаше со ужас, теоретичарите на заговор почнаа да тврдат дека проектот познат како ХААРП е виновен за трагедијата. Многу луѓе кои користат социјални медиуми тврдат дека ХААРП се користи за да се казни Турција поради одбивањето да работи со Западот.
Но, она што треба да се знае дека земјотресите во Турција не се големо изненадување. Турција се наоѓа во еден од сеизмички активните региони и е ранлива на вакви катастрофи. Земјата со околу 85 милиони жители претрпе еден од најтешките земјотреси во 1999 година во кој загинаа повеќе од 17.000 луѓе.
Три тектонски плочи – арапската, анадолската и африканската плоча – се среќаваат во овој регион, и како што тие се лизгаат и се притискаат една со друга, создаваат триење и стрес што се ослободува како земјотреси, објаснува Јареб Алтавел, сеизмолог во Националниот Информативен центар за земјотреси во Колорадо.
Што е ХААРП?
ХААРП, е високо фреквентна активна истражувачка програма на поларната светлина кој е заеднички проект од различни партнери: индустријата, американското министерство за одбрана и бројни универзитети ширум САД. Научниците направија лабораторија во Гакони, Аљаска и инсталираа 180 високо фреквентни антени, кои заедно можат да емитираат 3.600 киловати радиобранови на фреквенциите од 2.8 до 10 мегахерци (висок фреквентен ранг), што им овозможува на особено чувствителните инструменти да ги измерат физичките процеси кои се одвиваат во тој појас.
Работата на истражувачкиот објект беше префрлена од Воздухопловните сили на Соединетите Држави на Универзитетот во Алјаска Фербенкс на 11 август 2015 година, дозволувајќи му на ХААРП да продолжи со истражување на јоносферската феноменологија преку договор за соработка за истражување и развој за користење на земјиштето.
Поради вградени нови технологии, САД овие антени ги употребуваат и во комуникациите и во особено длабоките делови од морињата или земјата. Но, не е точно тврдењето дека овие антени можат да влијаат на промените на климата, дека предизвикуваат земјотреси или промени во расположението кај луѓето.
На официјалната веб-страница на проектот се вели дека „ги проучува својствата и однесувањето на јоносферата:
Јоносферата се протега на околу 50 до 400 милји над површината на Земјата, точно на работ на вселената. Заедно со неутралната горна атмосфера, јоносферата ја формира границата помеѓу долната атмосфера на Земјата – каде што живееме и дишеме – и вакуумот во вселената.
Теоретичарите на заговор велат дека ХААРП е дизајниран да произведува земјотреси и други природни катастрофи. Сепак, научниците и метеоролозите велат дека ХААРП не може да ги промени временските прилики, а камоли да предизвика земјотреси.
Џесика Метјуз, програмскиот менаџер на ХААРП на Универзитетот во Алјаска Фербенкс, за USA TODAY изјави дека:
Радиобрановите во опсегот на фреквенците што ги пренесува ХААРП не се апсорбираат ниту во тропосферата, ниту во стратосферата – двете нивоа на атмосферата што ги создаваат времеменските прилики на Земјата.
Радиопреносите од ХААРП предизвикуваат само мали ефекти во јоносферата кои траат краткотрајно, неколку секунди. Нема докази дека ХААРП може да предизвика природни катастрофи или да влијае на човековите движења и мисли.
Тимот на „Вистина или лага“ разговараше со Мик Вест, кој е специјализиран за овој тип на теорија на заговор.
ХААРП е само радиопредавател што се наоѓа на една локација во Алјаска и може да влијае само на мала количина на воздухот над него. Вистинската моќност што ја користи овој радиопредавател е многу мала во споредба со она што всушност би ви било потребно доколку навистина сакате да направите некои од работите што се спомнуваат во теориите на заговор, вели Вест.
Ова не е првпат ХААРП да биде обвинет за вакви несреќи од теоретичарите на заговор. Претходно се тврдеше дека е виновен за земјотресот на Хаити во 2010 година, земјотресот и цунамито во Чиле во 2010 година и земјотресот и цунамито во Јапонија во 2011 година. Големото лизгање на земјиштето на Филипините во кое загинаа повеќе од илјада луѓе во 2006 година, теориите на заговор исто така го поврзуваа со ХААРП.
Според сите наведени факти, заклучуваме дека ХААРП е проект со седиште во опсерваторија во Алјаска, кој ги проучува својствата и однесувањето на јоносферата користејќи радиопредаватели и не може да предизвика природни катастрофи. Нема докази дека разорниот земјотрес којшто се случи во понеделникот во Турција и Сирија имал нешто друго освен природни, геолошки причини, или дека ХААРП имал какво било влијание врз катастрофата.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар