Нема докази дека протестите во Непал се во режија на САД

Фото: Вистиномер

Протестите во Непал се предизвикани од домашни фактори: социјална неправда, корупција, ограничување на слободи (на пример, забрана на социјални медиуми), разочараност кај младите. Теориите за американска „режија” се можеби дел од политичката реторика внатре во Непал, но нема индиции во сериозните медиумски извештаи или истражувања, дека САД стојат во позадината

Протестите во Непал се предизвикани од домашни фактори: социјална неправда, корупција, ограничување на слободи (на пример, забрана на социјални медиуми), разочараност кај младите. Теориите за американска „режија” се можеби дел од политичката реторика внатре во Непал, но нема индиции во сериозните медиумски извештаи или истражувања, дека САД стојат во позадината

 

Анализираме објава на мрежата Фејсбук во која се тврди:

100% обоена револуција во Непал, измислена од САД.

Стандарден прирачник видено десетици пати низ целиот свет – млади луѓе со испран мозок го палат парламентот и резиденциите на врвни политичари; лидер веројатно бега од земјата итн.

Сега гледајте американска марионета што полага заклетва како нов лидер – исто како во Бангладеш, Пакистан итн.

Протестите во Непал избувнаа на почетокот на септември 2025 г., пред сѐ од страна на младите („Gen Z“) против корупцијата, социјалната неправда, кусок можности за работа и нереагирањето на власта. Крикот на младите уследи по претходната одлука на владата да забрани неколку големи социјални медиуми (Фејсбук, Јутјуб, Икс и др.), со образложение дека тие не се регистрирани во земјата според новите правила, и дека има злоупотреби преку лажни профили и ширење дезинформации.

Непал ја повлече забраната за социјалните медиуми поради јавниот притисок, а како резултат на протестите, премиерот К.П. Шарма Оли поднесе оставка.  Во протестите, десетици луѓе загинаа, голем број беа повредени. Во некои извештаи се спомнуваат 19 луѓе, но подоцна бројките се зголемија.

Според досега објавените извештати, нема јасни докази дека САД се организатор или главен поттикнувач на протестите. Гласините и теориите за влијание постојат, но истите се без потврда. Причините за протестите што се наведуваат се локални: фрустрација кај младите поради корупција, социјална нееднаквост, недостиг на економски шанси и владина цензура преку закани кон слобода на изразување  – а сите овие се домашни фактори.

Владата, од своја страна, неколку пати обвинува за „надворешно влијание“ како оправдување за протестите или заради нивната агресивна природа. Toa може да биде дел од политичката игра зад сцената, но не е потврдено.

Тезата дека протестите во Непал се „обоена револуција направена од САД“  може да служи како политичка реторика, за дискредитирање на протестите или за мобилизирање поддршка кај оние кои се скептични кон миграција, глобализација или странско влијание.

Вистиномер не успеа да пронајде извори кои покажуваат дека САД ги поддржале протестите по пат на агенти, или дека имале конкретни инструкции до лидерите што ги организираат групите учесници во протестите.

Не се појавуваат ниту доверливи документи или истражувања кои би укажале или индицирале на американска операција за организирање или финансирање на овие протести.

Но, од сето погоре изложено, можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција