Нема докази дека прскалките што биле користени во Пулс биле „ладни“
Не постојат никакви докази или укажувања дека пожарот во „Пулс“ бил настанат на друг начин, а не од пиротехниката. На видеоматеријал е видлив моментот во кој пламените јазици го зафаќаат покривниот дел. И министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во своите официјални излагања го споменаа употребувањето на пиротехниката во објектот како еден од фокусите на истрагата што ќе следува. Нема никакви докази дека пиротехниката што е прикажана во видеото од објавата, е таква како онаа што била користена во „Пулс“ кобната ноќ кога 59 животи згаснаа во Кочани

Рецензираме објава на социјалната мрежа Тредс во која пишува:
Изгледа ќе треба вештаците малку повеќе да поработат како настанал пожарот, варницата била ладна и не била запаллива.
Во склоп на објавата се споделува видеоматеријал кој воопшто не е поврзан со земјава ниту со предметниот настан во Кочани, каде во објект што бил претворен во дискотека во пожар загинаа 59 млади лица а над 150 се повредени. Во видеото од објавата што ја рецензираме, лице тестира опрема „прскалка“, која се користи за светлосни ефекти при настапи и покажува дека таа опрема (од видеото) не предизвикува да се запали ниту лист хартија.
Меѓутоа, нема докази дека ваква пиротехничка опрема била користена во случајот на дискотеката „Пулс“. Напротив, постојат видеоматеријали кои јасно покажуваат дека до моментот на пожарот дошло откако пиротехничките прскалки поставени на сцената, го запалиле таванскиот простор на објектот, по што следувал трагичен епилог.
Дополнително, и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, официјално на прес-конференција извести дека пожарот настанал од пиротехниката. Министерот рече дека пожарот избувнал околу 2 часот и 30 минути во неделата изутрина, како последица на искри од пиротехнички средства за светлосен ефект на концертот на групата ДНК.
Исто така, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски рече дека употребата на пиротехничките средства за време на концертот е еден од фокусите на истрагата што ќе следува во врска со овој трагичен настан.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Не постојат никакви докази или укажувања дека пожарот во „Пулс“ бил настанат на друг начин, а не од пиротехниката. На видео-материјал е видлив моментот во кој пламените јазици го зафаќаат таванот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар